Македонија
Регистрирани 160 нови случаи на коронавирус, оздравени се 368 пациенти, а починаа 3 лица

Во последните 24 часа се направени 2.172 тестирања, а регистрирани се 160 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје – 38, Куманово – 19, Дебар – 1, Штип – 10, Прилеп – 4, Тетово – 20, Струга – 9, Велес – 3, Битола – 1, Охрид – 4, Кавадарци – 4, Гостивар – 13, Струмица – 2, Кочани – 4, Пробиштип – 1, Демир Хисар – 3, Македонски Брод – 2, Пехчево – 2, Берово – 2, Валандово – 1, Виница – 2, Делчево – 1, Свети Николе – 5, Кичево – 8, Неготино – 1.
Денеска, Институтот за јавно здравје регистрира 368 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 117, Куманово – 34, Дебар – 60, Штип – 18, Прилеп – 5, Тетово – 32, Кавадарци – 5, Гостивар – 42, Гевгелија – 2, Струмица – 13, Крива Паланка – 9, Радовиш – 1, Крушево – 1, Кочани – 2, Пробиштип – 3, Македонски Брод – 1, Берово – 1, Виница – 1, Свети Николе – 16, Кичево – 1, Ресен – 1, Неготино – 3.
Починати се тројца пациенти, двајца од Скопје (60 и 72) и пациентка од Гостивар (53). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12.515, бројката на оздравени пациенти е 9.030, на починати е 535, а во моментот бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.950. Денес се евидентираат два контролни теста. Според завршените епидемиолошки анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 5.325, активни 986
• Куманово 1.233, активни 243
• Дебар 224, активни 65
• Штип 1.027, активни 293
• Прилеп 352, активни 32
• Тетово 1.123, активни 156
• Струга 503, активни 169
• Велес 241, активни 28
• Битола 179, активни 78
• Охрид 305, активни 78
• Кавадарци 147, активни 106
• Гостивар 623, активни 264
• Гевгелија 27, активни 9 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 4 на Богданци)
• Струмица 49, активни 20
• Крива Паланка 28, активни 5
• Радовиш 36, активни 8
• Крушево 16, активни 2
• Кочани 128, активни 34
• Пробиштип 67, активни 18
• Демир Хисар 53, активни 34
• Македонски Брод 63, активни 48
• Пехчево 8, активни 2
• Берово 12, активни 7
• Валандово 8, активни 2
• Виница 44, активни 39
• Делчево 7, активни 2 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 15, активни 3
• Свети Николе 258, активни 67
• Кичево 234, активни 133
• Ресен 146, активни 9
• Неготино 34, активни 10 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 2.172 теста се преку: ИЈЗ – 851, ЦЈЗ Скопје – 35, „Авицена“ – 174, „Биотек“ – 356, МАНУ – 94, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 267, „Систина“ со PCR-метода – 264, Судска медицина – 14, ЦЈЗ Битола – 102, Инфективна клиника – 8, ГАК – 7. Досега во земјата се направени вкупно 123.122 тестирања на Ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминатите 24 часа примени се 13 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 83 пациенти. На кислородна поддршка се 43 пациенти, нема на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 13 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 6 деца позитивни на вирусот и 3 пациенти суспектни.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 15 нови, вкупно хоспитализирани се 72 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.
Во болницата во Битола хоспитализирани се 26, а во болницата во Штип – 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и во Струга хоспитализирани се 106 пациенти позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Активни случаи по општини во Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 138
• Аеродром – 125
• Бутел – 66
• Гази Баба – 112
• Центар – 86
• Карпош – 103
• Сарај – 35
• Кисела Вода – 81
• Ѓорче Петров – 69
• Студеничани – 32
• Шуто Оризари – 67
• Арачиново – 18
• Илинден – 17
• Петровец – 5
• Чучер Сандево – 9
• Сопиште – 12
• Зелениково – 6
• Странец – 3
• Нераспределен – 2
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Костадинов ги пречека Заев и Ципрас

Вечерва градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов во својот кабинет ги пречека поранешните премиери Алексис Ципрас и Зоран Заев.
„Двајца поранешни лидери кои ги кренаа рампите меѓу Македонија и Грција и трасираа пат на пријателство, разбирање, меѓусебна почит, ги зближија двата народи и ја зајакнаа севкупната соработка меѓу двете држави“ соопшти општината.
Во кабинетот, во кој цели три мандати помина поранешниот премиер Зоран Заев, градоначалникот разговараше со своите гости за функционирањето на Општината, нејзиниот развој, новите предизвици и состојби во државата и регионот.
„Прекрасно е чувството кога разговараш со храбри и одлучни политичари и кога си на иста линија со нив, бидејќи само така можеш да обезбедиш сигурна иднина за граѓаните, општината и државата, порача градоначалникот Костадин Костадинов.
Македонија
Топло време со свежи утра до среда, од четврток дожд

Времето утре наутро ќе биде свежо, преку денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени.
Во Скопје сончево со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време со свежи утра. Во четврток и петок во попладневните часови ќе има локално зголемување на облачноста и услови за краткотраен локален дожд.
Македонија
Контејнери за електричен и електронски отпад поставени на 12 локации во Кисела Вода

Жителите на општина Кисела Вода од денес, на 12 различни локации, имаат на располагање специјализирани контејнери наменети за електричен, електронски отпад и отпадни батерии. Општината во соработка со Друштвото за управување со отпад „Нула Отпад“ од Скопје започнува со собирање и селектирање на електричен и електронски отпад, како и на отпадни батерии.
На самиот контејнер има инструкции за користење, како и список на дозволени видови на отпад, кои може да се одлагаат во него: батерии, мобилни телефони, мали куќни апарати како миксери, тостери, фенови, мали монитори, статични и преносни компјутери, тастатури, глувчиња, кабли, звучници и други слични уреди. Важно е да напоменеме дека контејнерите не се наменети за комунален отпад, стакло, хартија, пластика, облека и слични материјали.
Оваа иницијатива претставува значаен чекор кон заштитата и одржливоста на животната средина, помагајќи во намалувањето на опасниот отпад на улиците и сузбивањето на создавање на диви депонии околу контејнерите. Исто така, селектирањето и правилното одлагање на отпадот, придонесува за зголемување на јавната свест меѓу граѓаните.
Општина Кисела Вода апелира до сите свои жители за одговорно и свесно однесување и правило користење на поставените контејнери. Само заеднички можеме да допринесеме кон подобрување на состојбата на животната средина и остварување на одржливи практики кои ќе имаат долготрајни позитивни ефекти.