Контакт

Македонија

Регистрирани 23 новозаразени од коронавирус, во болница починал 47-годишен тетовец

Објавено пред

Во изминатите 24 часа направени се 702 тестирања, а регистрирани се 23 нови случаи на Ковид-19, од кои 12 во Скопје, 4 во Куманово, 2 во Прилеп, 4 во Тетово и еден во Неготино.

Како што информираат од Министерството за здравство, во болницата „8 Септември“ утрово починал 47-годишен пациент од Тетово со хронични заболувања, примен вчера со симптоми на Ковид-19, а денеска потврден позитивен.

Институтот за јавно здравје денеска регистрирал 9 оздравени пациенти – по тројца во Скопје и Велес и по еден во Прилеп, Струга и во Кочани.

Вкупната бројка на дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.921, бројката на оздравени пациенти е 1.387, на починати е 112, а во моментот бројот на активни случаи изнесува 422.

Досега се направени вкупно 24.018 тестирања на Ковид-19.

Македонија

Претпладне облачно, попладне локален дожд и грмежи

Објавено пред

Претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Oд пладневните часови ќе има појава на локални врнежи од дожд, повремено поројни проследени со грмежи, информира УХМР.

Ќе дува умерен до засилен претежно северен ветер, најизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде од 3 до 14, а максималната ќе биде во интервал од 17 до 25 степени.

Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а од пладневните часови облачноста ќе се зголеми и ќе има појава на локални врнежи од дожд, повремено со пороен инатензитет. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец кој краткотрајно ќе засилува. Температурата ќе се движи од 10 до 22 степени.

Од утре следува период на потопло време, краткотрајно ќе е постабилно, но ќе има изолирана појава на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Прикажи повеќе...

Македонија

Без струја делови на Зелениково, Илинден и Карпош

Објавено пред

Од ЕВН Македонија информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:

во периодот од 8:00 до 16.00 часот, корисниците од село Таор (општина Зелениково)
во периодот од 9:00 до 12:00 часот, дел од корисниците од улиците бр. 8, бр. 400 и бр. 500 во село Марино (општина Илинден)
во периодот од 9:00 до 13:00 часот, објектите на „Скопски пазар“ во населбата Тафталиџе 2 (општина Карпош)

Прикажи повеќе...

Македонија

Судниците и просториите во зградата на Кривичниот суд се подготвуваат за продолжување на судењата

Објавено пред

Основниот кривичен суд Скопје, по добивање на одлуката на Судскиот совет за судење на сите насрочени судења, која беше објавена во петокот (29 мај), ја информира јавноста дека почнува со интензивни подготовки на сите судници и простории во судската зграда.

Ќе се врши целосно дезинфицирање на судниците и ќе се воспостави нов распоред за седење на странките во согласност со препораките на Владата за заштита од ширење на коронавирусот.

Поради тоа, денеска и утре (1 и 2 јуни), судот ќе постапува само по итни, притворски предмети и предмети поврзани со член 205 – 206 од КЗ, како и во изминатите два месеца, а од среда, 3 јуни, доколку во меѓувреме не се добијат нови напатствија од Судскиот совет, ќе се постапува и по сите други насроечни судења во согласност со календарот за судење објавен на веб-страницата на судот.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет13 минути

Трамп најави дека ќе испрати илјадници тешко вооружени војници на улиците

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе испрати војска на улиците за да ги задуши граѓанските немири во...

Свет11 час

(Видео) Се огласи братот на Џорџ Флојд: Тој беше џин со нежно срце, немаше да поддржи насилни протести

Теренс Флојд, помладиот брат на Џорџ Флојд, се обидува да ја смири ситуацијата по жестоките и масовни портести кои избувнаа...

Свет12 часа

СЗО: Нема докази дека корнавирусот сега е послаб

Нема докази дека коронавирусот ја сменил формата на пренесување или дека се променила тежината на болеста што ја предизвикува, велат...

Македонија12 часа

Судниците и просториите во зградата на Кривичниот суд се подготвуваат за продолжување на судењата

Основниот кривичен суд Скопје, по добивање на одлуката на Судскиот совет за судење на сите насрочени судења, која беше објавена...

Македонија17 часа

Филипче: Бројки како вчерашните и денешните очекуваме и во следните неколку дена

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека се очекува бројката на новодијагностицирани од Ковид-19 и во следниве 2-3 дена да...

Македонија17 часа

Филипче: Над 70 отсто од новите случаи се од познати кластери

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека 70 отсто од новозаболените од Ковид-19 од Скопје се од веќе познати општини...

Македонија18 часа

Османи: Засега нема предлог за воведување полициски час во одделни скопски општини

Засега нема предлог до Кризниот штаб и Владата за воведување полициски час во одделни општини низ Скопје, каде бројот на...

Македонија19 часа

Седум починати и 89 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во изминатите 24 часа во државава се потврдени 89 нови случаи на коронавирус и седум смртни случаи, соопшти Министерството за...

Економија20 часа

Горивата поевтинуваат

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за половина денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Од вечерва на...

Македонија20 часа

(Видео) Заев: Датумот е завршена работа, избори ќе има на 5 јули

Поради заштита, изборите се решение, а датумот е завршена работа, тие ќе се случат на 5 јули за да добиеме...

Регион21 час

Словенија официјално прогласи крај на епидемијата на Ковид-19

Словенија официјално прогласи крај на епидемијата на коронавирус. Од денеска се олеснети рестриктивните мерки, а со работа почнуваат фитнес-центрите, салоните...

Македонија21 час

Директорката на УЈП, Сања Лукаревска, позитивна на Ковид-19

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, објави на Фејсбук дека е позитивна на коронавирус. Таа вели дека по...

Македонија22 часа

И директорот на финансиска полиција и градоначалникот на Чаир во самоизолација

Директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми, и градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, се во самоизолација затоа што...

Македонија23 часа

Од утре пак не важи бесплатниот автобуски превоз за пензионери

Oд утре, вторник, 2 јуни, повторно нема да важи бесплатното користење на јавниот превоз за возрасни лица, односно за жени...

Македонија23 часа

Османи: Денеска бројот е уште позагрижувачки!

Денеска бројот е уште позагрижувачки, напиша вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, на „Фејсбук“. Тој вели дека не е потребно...

Македонија24 часа

Царовска и Манчевски во самоизолација, биле на состанок со Зекири

Вицепремиерката за економски прашања, Мила Царовска, и министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, од денеска се во самоизолација...

Македонија24 часа

Црна Гора не прима македонски државјани поради зголемениот број заразени

Владата на Црна Гора ја отстрани Македонија од листата држави кои немаат потреба од државен карантин при влез на територијата...

Свет1 ден

(Видео) Протестите за смртта на Афроамериканецот се проширија и во Европа

Во Лондон и уште неколку градови во Велика Британија се одржаа протести како поддршка на демонстрациите во САД, поради смртта...

Свет1 ден

(Видео) Трамп евакуиран во подземен бункер под Белата куќа

Агенти од тајната служба го спровеле американскиот претседател Доналд Трамп во бункер во време кога Белата куќа ја опколија демонстранти,...

Свет1 ден

(Видео) Астронаутите на „Спејс-икс“ и НАСА пристигнаа во вселенската станица

Вселенското летало „Dragon“ на американската компанија „Space-X“, во кое се вклучени астронаути нa НАСА, Роберт Бенкен и Даглас Харли, пристигна...

Досие