Македонија
Регистрирани 322 нови случаи на коронавирис, починаа 6 лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 2.246 тестови, а регистрирани се 322 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 178, Битола – 31, Кавадарци – 19, Велес – 17, Куманово – 12, Прилеп – 11, Струмица и Кочани – по 9, Делчево – 8, Охрид и Кичево – по 6, Гевгелија и Ресен – по 3, Неготино, Радовиш, Берово и Богданци – по 2, Валандово и Пехчево – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (322), регистрирани се 42 реинфекции.
Регистрирани сe 308 оздравени пациенти од: Скопје – 191, Охрид – 22, Битола – 21, Прилеп – 19, Куманово – 12, Кавадарци – 11, Струмица и Штип – по 4, Гевгелија, Гостивар и Струга – по 3, Велес, Кичево, Радовиш и Богданци – по 2, Неготино, Валандово, Крива Паланка, Дебар, Кратово, Крушево и Демир Капија – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е едно починато лице од Скопје (86г), во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 5 починати лица, од: Скопје (1), Гостивар (1), Куманово (1), Тетово (1) и Битола (1), на возраст од 66 години до 87 години. Од пријавените починати лица, 3 лица се починати во домашни услови, а 2 лица во болнички услови. Пријавените лица се починати во период од 25.02.2022 год. до 22.03.2022 год.
Од вкупниот број на починати лица ( 6 ), кај 5 лица се регистрирани коморбидитети.
Направени се 2.246 тестови преку: ИЈЗ-199, ЦЈЗ Скопје-80, ЦЈЗ Битола-68, ЦЈЗ Прилеп-55, ЦЈЗ Тетово-1, ЦЈЗ Куманово-60, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –1, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–124, Жан Митрев (Филип Втори)-38, Авицена-47, Биотек-74, Систина-57, лабораторија Лаор-65, Синлаб-3, Ремедика-11, Плодност-8, Генеа-13, Никоб Лаб-162, ВФВ Медикал-46, Ели Медика Плус-6, Ројал Медика–6, Спектра-ММ-8, Рапид Лаб–5, Жан Митрев Струмица–1, Нова Лаб Дијагностика–6, Рамус-9, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.093.
Досега во земјата се направени вкупно 1.948.834 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 304.648, бројот на оздравени пациенти е 293.479, на починати е 9.197, а бројот на активни случаи изнесува 1.972.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 142725, Активни 1121
Куманово 16514, Активни 71
Битола 14673, Активни 156
Прилеп 13926, Активни 93
Тетово 13407, Активни 40
Кавадарци 10422, Активни 89
Велес 9656, Активни 40
Гостивар 9517, Активни 11
Охрид 8680, Активни 65
Струмица 7987, Активни 29
Штип 7957, Активни 14
Кичево 5541, Активни 44
Кочани 5038, Активни 29
Струга 4683, Активни 9
Гевгелија 4352, Активни 27
Неготино 3649, Активни 13
Ресен 2669, Активни 16
Свети Николе 2611, Активни 2
Радовиш 2511, Активни 12
Крива Паланка 2403, Активни 4
Делчево 1922, Активни 22
Дебар 1664, Активни 7
Берово 1639, Активни 4
Валандово 1473, Активни 5
Виница 1376, Активни 11
Пробиштип 1261, Активни 3
Богданци 1021, Активни 10
Кратово 958, Активни 7
Крушево 917, Активни 6
Демир Хисар 826, Активни 5
Македонски Брод 735, Активни 1
Демир Капија 586, Активни 2
Македонска Каменица 522, Активни 3
Пехчево 485, Активни 1
Дојран 342, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Министерот Беким Сали учествува на 75-та Асамблеја на СЗО во Женева

Министерот за здравство, д-р Беким Сали учествува на 75-та Асамблеја на Светската здравствена организација во Женева, Швајцарија.
Во рамки на своето обраќање, на тема „Здравје за мир и мир за здравје”, министерот Сали се осврна на реализираните активности и подготвеноста на здравствениот систем за што поуспешно справување со ковид пандемијата, што е добра основа и за соочување со идни кризни состојби.
-Последните две години пандемијата КОВИД-19 беше предизвик за сите нас. За жал, пандемијата одзеде човечки животи и во Република Северна Македонија. Сето ова претставуваше вистински предизвик и ја подигна потребата од цврста основа за брзи и долгорочни мерки за подобрување на тековниот одговор на КОВИД-19, како и за зајакнување на подготвеноста на Северна Македонија за различни кризни состојби воопшто, рече министерот Сали.
Во однос на трагичните последици со човечко страдање и загуба на животи, како и лишување на цели заедници од здравствена заштита во контекст на актуелната состојба со Украина, министерот Сали се осврна на принципите на Уставот на СЗО, потенцирајќи ја потребата да продолжиме да го штитиме и унапредуваме здравјето како основна вредност за постигнување мир и безбедност, дури и во најтешките ситуации.
– Веруваме дека оваа иницијатива ќе придонесе за зајакнување на мостот што ги поврзува хуманитарната помош, долгорочниот одржлив развој и градењето мир, заклучи Сали, додавајќи дека здравјето и мирот треба да се градат неразделно бидејќи тие се единственото вистинско решение за секоја ситуација.
На маргините на Асамблејата, министерот Сали оствари билатерални средби со генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејсус, со д-р Ханс Клуге, регионален директор на СЗО за Европа, со португалската министерка за здравство, Марта Темидо, како и со федералниот министер за здравство на Германија, Карл Лаутербах.
Македонија
Министерот за надворешни работи на Хеленската Република Дендијас во посета на Скопје

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија Бујар Османи, денес на 25 мај 2022 во Скопје, ќе биде домаќин на министерот за надворешни работи на Хеленската Република Никос Дендијас, кој доаѓа во работна посета на Северна Македонија.
Предвидено е министрите да дискутираат за евроинтеграциите, за билатералните односи, во тој контекст напредокот во развојот на стратешкото партнерство, случувањата во регионот, посебно од аспект на неговите интегративни процеси, случувањата во светот, како и обврските и спроведените активности согласно Преспанскиот договор и исполнувањето на утврдените цели согласно Акциониот план за соработка и имплементација на Преспанскиот договор.
За време на посетата, министерот Дендијас ќе оствари средби и со претседателот на Владата на Северна Македонија Димитар Ковачевски и со заменикот на претседателот на Владата Бојан Маричиќ, задолжен за европските прашања.
Македонија
СДСМ: Автокефалноста на МПЦ – Охридска Архиепископија е важен историски настан

СДСМ на сите православни верници и на сите граѓани им го честита прифаќањето на автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија со уверување дека со заеднички напори на Поглаварот на МПЦ-ОА г.г.Стефан, Синодот и државниот врв наскоро ќе дојде до потпишување на Томосот за целосно признавање на автокефалноста на Охридската Архиепископија од страна на Вселенскиот патријарх г.г. Вартоломеј, се вели во соопштението од СДСМ.
Од партијата наведуваат дека ова е радосен момент за сите православни верници од Северна Македонија, важен историски настан и за македонскиот народ но и за сите граѓани како резултат на сите досегашни напори и процеси кои беа спроведени во државата.
Со прифаќањето на МПЦ – ОА во канонско единство со останатите православни цркви полека се затвора уште едно повеќедецинско отворено прашање и истовремено се заокружува македонската самобитност и независност на што траен белег е МПЦ ОА.
Благодарение на Одлуката на Вселенскиот патријарх г.г Вартоломеј и нејзино прифаќање од Српската православна црква се прекина повеќедецениската сестрана изолација и стаблирањето на МПЦ-ОА како рамноправен меѓународен ентитет во православната екумена.
Поколенија и поколенија претходници и наши најистакнати дејци два и пол века сонуваа за она што денес го доживеа МПЦ ОА и ние како народ, граѓани и држава, се вели во соопштението.