Македонија
Регистрирани 353 нови случаи на коронавирус, починаа 10 лица

Во последните 24 часа направени се 3.162 тестирања, а регистрирани се 353 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 174, Прилеп – 42, Битола – 27, Кавадарци – 22, Куманово и Велес – по 13, Валандово – 9, Охрид – 8, Кичево, Гевгелија и Неготино – по 6, Тетово – 5, Кочани – 4, Свети Николе и Радовиш – по 3, Штип, Струмица, Крива Паланка и Богданци – по 2, Гостивар, Делчево, Кратово и Македонска Каменица – по 1.
Регистрирани сe 450 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 235, Битола – 39, Прилеп и Куманово – по 26, Охрид – 20, Кавадарци – 15, Струмица – 13, Кочани – 11, Велес, Берово и Демир Хисар – по 7, Радовиш и Штип – по 6, Гевгелија, Крива Паланка и Кратово – по 4, Тетово – 3, Кичево, Свети Николе, Делчево, Струга, Ресен, Виница и Пробиштип – по 2, Валандово, Неготино и Пехчево – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 10 починати лица: 3 од Скопје (67, 87 и 91) и по едно од Кавадарци (62), Кочани (69), Куманово (75), Струмица (78), Тетово (78), Велес (80) и Охрид (80). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Во согласност со регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, пријавени се дополнително 4 лица, починати во период од 19.11 до 7.12.2021 година. Починатите лица се од Гевгелија (1), Скопје (1), Кочани (1) и Дојран (1). Тие се на возраст од 71 до 88 години. Од пријавените починати лица, 3 се починати во домашни, а едно во болнички услови.
Направени се 3.162 теста преку: ИЈЗ – 296, ЦЈЗ Скопје – 91, ЦЈЗ Битола – 73, ЦЈЗ Прилеп – 54, ЦЈЗ Тетово – 12, ЦЈЗ Куманово – 66, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 1, Судска медицина – 0, лабораторија во болницата во Козле – 14, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ „8 Септември“ – 0, Институт за микробиологија – 1, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 69, „Авицена“ – 160, „Биотек“ – 159, „Систина“ – 76, лабораторија „Лаор“ – 132, „Синлаб“ – 32, „Ремедика“ – 25, „Плодност“ – 43, „Генеа“ – 10, „Никоб лаб“ – 283, „ВФВ медикал“ – 64, „Ели медика“ – 68, „Ројал медика“ – 35, „Спектра-ММ“ – 14, „Рапид лаб“ – 6, „Жан Митрев Струмица“ -15, „Нова лаб дијагностика“ – 2, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 1.361.
Досега во земјата се направени вкупно 1.507.103 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 219.843, бројот на оздравени пациенти е 206.661, на починати е 7.754, а бројот на активни случаи изнесува 5.428.
Според епидемиолошки анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 96.308, Активни 2.650
Куманово 13.018, Активни 156
Тетово 11.379, Активни 86
Прилеп 10.506, Активни 352
Битола 8.987, Активни 445
Гостивар 8.082, Активни 22
Велес 7.411, Активни 176
Кавадарци 7.212, Активни 257
Штип 6.657, Активни 95
Охрид 6.611, Активни 209
Струмица 6.187, Активни 110
Кичево 4.261, Активни 61
Кочани 4.065, Активни 91
Струга 3.915, Активни 27
Гевгелија 2.846, Активни 81
Неготино 2.600, Активни 50
Свети Николе 2.138, Активни 42
Крива Паланка 1.922, Активни 54
Ресен 1.776, Активни 52
Радовиш .1773, Активни 57
Берово 1.470, Активни 35
Дебар 1.456, Активни 0
Делчево 1.440, Активни 80
Виница 1.164, Активни 13
Пробиштип 1.130, Активни 21
Валандово 977, Активни 41
Кратово 783, Активни 20
Богданци 659, Активни 28
Демир Хисар 624, Активни 40
Крушево 597, Активни 23
Македонски Брод 512, Активни 15
Демир Капија 426, Активни 2
Македонска Каменица 424, Активни 25
Пехчево 355, Активни 6
Дојран 172, Активни 6
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Тешка сообраќајка во Чаир: Крв на улицата, еден возач однесен во болница

Тешка сообраќајка се случи вечерва во Чаир, во близина на стадионот. Во несреќата учествувале автомобил марка „фолксваген“ и моторцикл. Според информациите на „Макфакс“ од терен, на асфалтот има траги од крв, а возачот на моторциклот со Брза помош е однесен во болница. На улицата е растечено и масло од моторциклот.
Неофицијално, до несреќата дошло кога автомобилот му го пресекол патот на моторциклот, а тој удрил во левата страна од „фолксвагенот“.
По сообраќајката, на помош притрчале минувачи, кои се обиделе да му помогнат на возачот на моторциклот. Се обиделе да му го спречат крварењето, а го потурале и со вода.
На терен е излезена и полицијата. „Макфакс“ се обрати за детали, кои се најавени за подоцна. Во тек е увид.
Македонија
СДСМ: По сите скандали на Милошоски тој треба да си даде оставка, нема образ да зборува за македонските интереси

Македонија
Спасовски: Заврши времето на двојните стандарди, битката против криминалот не трпи селективност

Во интервјуто за Радио Слободна Европа, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, ги коментираше обвинувањата од опозицијата во врска со наводни повластени криминални структури, категоризирајќи ги како комплетни дезинформации кои никако не соодветствуваат со реалноста.
Наведувајќи дека располага со информации за средби на дел од овие криминални структури токму со највисоките претставници на опозицијата, најверојатно поттикнати дека на тој начин ќе може да се помогне во некој друг аспект, тој порача дека овие активности не смеат да бидат со цел да се даде некаква политичка поддршка на било кој криминалец во државата.
Покрај ова, Спасовски истакна дека најголемиот дел од криминалните групи коишто опозицијата ги посочува во своите дезинформации, веќе се наоѓаат на издржување казна затвор и дека станува збор за достапни и лесно проверливи информации, додека за сите други криминални групи кои се занимаваат со рекет, уцени и други криминални активности, борбата интензивно продолжува.
„Не можете во исто време да имате борба против криминалните структури и да заштитувате некого. За тоа сведочат граѓаните, за тоа сведочат и сопствениците на угостителските објекти и оние кои ги посетуваат. Нема никаква селективност, бидејќи битката против криминалот не може да подразбира селективност. Заврши времето на наши и ваши, на заштитени и привилегирани, наспроти сите останати. Заврши времето во кое вие како политичар ќе преговарате за да амнестирате некои свои, кои што имаат криминални активности, визави т.н. „уставобранители“ коишто се во затвор, а за нив нема да гласате во Собранието. Знаете, тие двојни стандарди веќе не поминуваат“, потенцираше министерот Спасовски. Одговарајќи на прашањето до каде е истрагата за неодамнешното убиство на членови на криминални структури во угостителски објект под Кале, министерот Спасовски посочи дека има сериозен напредок во истрагата, со обезбедени добар дел аргументи, факти и докази коишто одат во прилог на целосна разврска на овој случај. „Мотивите се пресметки помеѓу криминални групи или внатре во криминална група и тоа на крај истрагата ќе го покаже и ќе го докаже. И токму тука сме насочени со акцијата ‘Безбеден град’ – да се оневозможи такви криминални структури да ги загрозуваат мирот, стабилноста и јавниот ред и мир на граѓаните. Затоа ќе бидеме уште пожестоки и поинтензивни, а оваа акција во следниот период ќе ја прошириме и по другите градови, бидејќи не сакаме да оставиме простор такви криминални структури да бидат формирани во било кој град во државата“, беше категоричен Спасовски.