Македонија
Регистрирани 392 нови случаи на коронавирус, починаа 20 лица
Во последните 24 часа направени се 4.633 тестирања, а регистрирани се 392 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 180, Куманово – 32, Кавадарци – 20, Битола – 18, Кочани – 17, Прилеп и Велес – по 16, Кичево – 14, Тетово, Охрид и Штип – по 11, Гевгелија и Крива Паланка – по 7, Кратово – 6, Радовиш и Валандово – по 4, Ресен и Пробиштип – по 3, Гостивар, Струмица, Делчево и Виница – по 2, Неготино, Дебар, Берово и Демир Капија – по 1.
Регистрирани сe 339 оздравени пациенти од: Скопје – 195, Тетово – 16, Велес и Струмица – по 14, Кавадарци и Радовиш – по 11, Кочани и Прилеп – по 9, Кичево – 8, Гостивар – 7, Штип и Свети Николе – по 6, Ресен и Неготино – по 5, Битола – 4, Гевгелија, Берово и Македонски Брод – по 3, Куманово, Валандово и Пробиштип – по 2, Виница, Дебар, Богданци и Пехчево – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа починале 17 лица: 8 починати лица од Скопје (98г, 82г, 79г, 79г, 79г, 74г, 69г и 69г), 2 починати лица од Кочани (89г и 82г) и по едно починато лице од Гостивар (80г), Тетово (46г), Велес (78г), Радовиш (68г), Штип (66г), Битола (86г) и Валандово (85г).
Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, пријавени се уште 3 лица, со датум на смрт во период од 12.09.2021 до 22.09.2021 година. Овие починати лица се: 2 од Скопје и едно починато лице од Гостивар. Починатите се на возраст од 67-93 години, од кои само едно лице е починато во болнички услови, додека останатите 2 лица се починати во домашни услови.
Направени се 4.633 тестови преку: ИЈЗ-286, ЦЈЗ Скопје-62, ЦЈЗ Битола-77, ЦЈЗ Прилеп-53, ЦЈЗ Тетово–48, ЦЈЗ Куманово-61, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-4, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–26, Жан Митрев (Филип Втори)-134, Авицена-339, Биотек-372, Систина-84, лабораторија Лаор-285, Синлаб-37, Ремедика-14, Плодност–66, Генеа-12, Никоб лаб-620, ВФВ Медикал-79, Ели Медика-119, Ројал Медика –40, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.815.
Досега во земјата се направени вкупно 1.274.003 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 189.551 бројката на оздравени пациенти е 170.734, на починати е 6.577, а бројот на активни случаи изнесува 12.240
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 82360, Активни 5689
Куманово 11230, Активни 967
Тетово 10792, Активни 945
Прилеп 8989, Активни 304
Гостивар 7947, Активни 490
Битола 7030, Активни 284
Велес 6130, Активни 312
Охрид 5891, Активни 502
Кавадарци 5829, Активни 222
Струмица 5672, Активни 310
Штип 5647, Активни 250
Кичево 3931, Активни 417
Струга 3773, Активни 364
Кочани 3195, Активни 139
Гевгелија 2389, Активни 85
Неготино 2305, Активни 41
Свети Николе 1862, Активни 111
Ресен 1527, Активни 102
Радовиш 1500, Активни 101
Дебар 1446, Активни 123
Крива Паланка 1395, Активни 85
Берово 1206, Активни 33
Делчево 1115, Активни 68
Виница 1020, Активни 52
Пробиштип 907, Активни 46
Валандово 806, Активни 37
Богданци 544, Активни 11
Кратово 549, Активни 57
Крушево 518, Активни 14
Македонски Брод 463, Активни 28
Демир Хисар 431, Активни 19
Демир Капија 409, Активни 7
Пехчево 310, Активни 5
Македонска Каменица 294, Активни 19
Дојран 139, Активни 1
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Огњеновиќ: Настап на Дејвид Гета чини најмалку еден милион евра, Владата не го откри хонорарот
Најавата на Владата дека познатиот француски ди-џеј Дејдид Гета ќе настапи во Скопје во рамки на прославата за 35 години од независноста на Македонија отвора огромни сомнежи и прашања кои власта мора да ги одговори. Прво и најважно прашање е колку тоа ќе ги чини граѓаните на Македонија, изјави Петар Огњеновиќ од СДСМ.
Тој вели дека од Владата не го откриле хонорарот и колку тоа ќе ги чини граѓаните. Според него, настап на Дејвид Гета чини најмалку 1 милион евра.
„Само за него. Ако на тоа се додадат бини, озвучувања, обезбедување, придружни актери и така натаму сумата значително се зголемува“, рече Огњеновиќ.
„Прашањето е како е донесена одлуката да се потрошат над 1 милион евра? Во четири очи? Кој преговарал? Со која фирма е склучен договорот? Авалон фирмата којашто ја најавува владата е со блокирана сметка и на листата на должници на УЈП. Како е одлучено токму таа фирма да организира државна манифестација, без јавен повик, без тендер. Дополнително, вакви артисти бараат и авансна исплата од 30%. Прашање е дали се исплатени парите и на кој начин. Се најавуваат и останати 120 артисти. Кој одлучува кои артисти ќе бидат донесени? Се шпекулира веќе во круговите на фирмите кои се занимаваат со ваква организација дека сумата што е договорена е над 3 милиони евра а може да достигне и до 5 милиони евра“, рече тој.
Македонија
Стефковски: Безбедноста во училиштата во Општина Гази Баба е на високо ниво
Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, соопшти дека денеска се одржа седница на Локалниот совет за превенција во проширен состав, посветена на состојбите со безбедноста во училиштата, превенцијата од меѓуврсничко насилство и унапредувањето на сигурноста во воспитно-образовниот процес.
Седницата била свикана по неодамнешниот инцидент во основното училиште во населба Ченто, при што Локалниот совет за превенција најостро и безрезервно го осудил секој вид насилство, истакнувајќи дека насилството е апсолутно неприфатливо и дека за него не постои никакво оправдување.
„Истовремено, на седницата беше констатирано дека станува збор за изолиран случај и дека генералната безбедносна состојба во училиштата на територијата на Општина Гази Баба, вклучително и во конкретното училиште, е на високо ниво, при што континуирано се преземаат мерки и активности за заштита на учениците и одржување безбедна училишна средина“, објави Стефковски.
Локалниот совет за превенција при Општина Гази Баба презеде обврска и во наредниот период активно да иницира и реализира активности, јавни дебати, едукативни настани и превентивни кампањи со цел подигање на јавната свест и создавање безбедна и здрава средина за децата и младите.
Македонија
Македонија е опасно место за живеење за жените, новиот фемицид во Битола е уште еден аларм за институциите, велат од Мрежата за заштита од дискриминација
Граѓанските организации, најостро го осудуваат новиот фемицид што утринава се случи во Битола, каде 31-годишна жена беше убиена од нејзиниот сопруг со нож. Според информациите на МВР, сторителот ја нападнал жената со која не живееле заедно, а таа починала на лице место од здобиените повреди, велат од Мрежата за заштита од дискриминација.
Ова, потенцираат од таму, не е изолиран случај.
„Ова е уште еден аларм дека Македонија станува сè поопасно место за живеење за жените. Загрижувачкиот пораст на фемициди и случаи на семејно и родово базирано насилство во 2026 година покажува дека институционалната заштита е недоволна, а системот потфрла да ги препознае и спречи ризиците навреме. И покрај постојаните измени на закони, стратегии и политики, во практика нема суштинско подобрување во заштитата на жртвите. Наместо ефикасна превенција, брза реакција и координирана институционална заштита, повторно сведочиме на загубени животи“.
Само во првите месеци од 2026 година, додаваат во соопштението, веќе се изгубени повеќе животи како последица на семејно и родово базирано насилство.
„Ова е алармантен континуитет на насилство врз жените, проследен со слаба проценка на ризик, бавни институционални реакции и култура на неказнивост. Дополнително загрижува и сè поголемиот број случаи на врсничко насилство во училиштата, од кои дел завршија со напади со ладно оружје и ученици во критична здравствена состојба. Насилството прераснува во сериозна општествена епидемија“.
Бараат итна, темелна и транспарентна истрага за случајот во Битола, вклучително и проверка дали претходно имало пријави за насилство или сознанија кај институциите.
„Доколку се утврдат пропусти, бараме индивидуална одговорност и санкции за секое службено лице што не постапило согласно законските обврски.
Бараме и итни финансиски инвестиции во специјализирани сервиси за жртви на насилство низ целата држава, како и зголемување на професионалните ресурси во сите институции, особено во МВР и центрите за социјална работа, кои ќе бидат фокусирани на заштита од насилство. Неопходни се и сериозни инвестиции во образованието и превентивни програми за спречување на насилството кај младите.
Животот на жените и децата не смее да завршува како статистика поради институционално непостапување и системски пропусти“.
