Контакт

Македонија

Реконструирано полициското одделение во Дојран

Објавено пред

Со несмален интензитет продолжуваме со подобрување на сите технички и градежни стандарди во МВР како базичен предуслов за нормално и ефикасно работење на полициските службеници, истакна министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на денешната посета на јужниот регион, граничниот премин Стар Дојран и Полициското одделение Дојран, на која присуствуваше и градоначалникот на општина Дојран, Анго Ангов.

Таму беше извршен увид во реконструираното полициско одделение, при што министерот посочи дека за релативно кус период биле завршени сите предвидени градежни зафати.

„На овој објект целосно е санирана покривната конструкција, со целата потребна инфраструктура, а од аспект на енергетска одржливост и ефикасност изработена е нова термоизолациска фасада со акрилен завршок на целиот објект и инсталирано е ново парно греење. Покрај ова, целосно е заменета електричната инсталација, санирани и обновени се санитарните јазли, а извршени се и низа други градежни работи надворешно и внатрешно во самиот објект“, потенцира Спасовски.

Тој истакна дека за овие три и пол години реконструирани се 54 објекти, а во моментот интензивно се работи на реконструкција и санација на четири објекти: Секторот за внатрешни работи Куманово, Полициската станица Ресен, Полициското одделение Ростуше во Општина Маврово – Ростуше и војничкиот клуб во касарна „Илинден“ за потребите на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“.

Македонија

Во болниците низ земјава се лекуваат 1.708 ковид-пациенти

Објавено пред

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 1.708 пациенти со коронавирус и има околу 338 празни болнички кревети, соопшти Министерството за здравство.

Во ковид-центрите во Скопје, пак, во изминатите 24 часа се хоспитализирани 61 нов пациент поради компликации од коронавирусот, а се лекуваат вкупно 704 пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 47 оздравени пациенти од болниците во Скопје, а бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 83 слободни места.

Прикажи повеќе...

Македонија

Приведен Драги Рашковски, Обвинителството бара притвор

Објавено пред

Полицијата го приведе поранешниот секретар во кабинетот на премиерот и поранешен генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, во рамките на истрагата во случајот со набавката на софтверот за сообраќајни прекршоци. Приведен е и Даниел Станчев, сопственик на фирмата „Инвока груп“, од која е набавен софтверот.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција отвори истрага против четири лица за злоупотреба на службената положба и овластувањето.

„Во временскиот период од јануари 2019 година до јули 2020 година, првоосомничениот како службено лице, помогнат од другите осомничени лица, со умисла извршил три временски поврзани дејства, што претставуваат повеќекратно остварување исто дело. Пред спроведување на постапката за јавна набавка на софтвер првоосомничениот ја договорил набавката на софтверот со третоосомничениот доставувајќи сопствен патент за кој дал насоки за изготвување техничка спецификација за јавната набавка. Четвртоосомничениот како надворешен соработник пренесувал информации за текот на постапката на осомничените – учесници во јавната набавка. Во текот на постапката за јавната набавка, наместо комуникацијата да се извршува со користење електронски средства преку Електронскиот систем за јавни набавки, со цел фаворизирање конкретен економски оператор првоосомничениот лично ги дефинирал техничките спецификации што упатуваат на патентот“, соопшти Обвинителството.

На 2.1.2020 година првоосомничениот донел одлука за избор на најповолен понудувач за економскиот оператор, каде што сопственик и управител е второосомничениот и бил склучен договор за набавка на услуги. Во јули истата година економскиот оператор доставил фактура на износ од 4.997.300 денари со вклучен 18 % ДДВ, па иако софтверот не бил имплементиран, фактурата во рок од седум дена била исплатена.

Летото 2019 година првоосомничениот донел уште две одлуки за јавна набавка на работи за потребите на софтверот иако во тоа време сѐ уште не бил склучен договор за набавка на таков софтвер. Со избраните економски оператори како најповолни понудувачи биле склучени договори на износ од 1.416.000 денари со вклучен 18 % ДДВ и од 4.605.021,00 денари со вклучен ДДВ.

„Со дејствата што ги извршил првоосомничениот со неизвршување на своите службени должности при спроведување постапка за јавна набавка спровел јавни набавки спротивно на начелото за економичност, ефикасност и ефективно користење на јавните средства, утврдени во согласност со прописите што го уредуваат користењето на буџетските средства и за три економски оператори прибавил корист – право да учествуваат во постапките за јавни набавки и да склучат договори за нив и притоа да се стекнат со противправна имотна корист на штета на буџетот на РС Македонија во вкупен износ од 11.018.321 денар“, се наведува во соопштението.

Надлежниот јавен обвинител, ценејќи дека постојат околности што укажуваат дека постои опасност од бегство, криење и влијание врз сведоци, за двајцата првоосомничени до судот достави предлог за определување мерка притвор.

За другите осомничени даде предлог на судот да им определи мерки на претпазливост, и тоа забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето; обврска на осомничените да се јавуваат повремено кај определено службено лице или определен државен орган; привремено одземање патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање и забрана за преземање определени работни активности, кои се поврзани со кривичното дело, односно забрана за учество во спроведување постапки за јавни набавки.

Следејќи ги повеќедневните написи во медиумите за набавката на софтверот, Обвинителството на 18 март годинава отвори предистражна постапка.​

Рашковски завчера поднесе и оставка од функцијата што неодамна ја доби – секретар за мониторинг и поддршка на институциите при реализација на програмата на Владата.

Прикажи повеќе...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ утре ќе протестира пред Министерството за здравство

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ утре во 11 и 30 часот ќе протестира пред Министерството за здравство. Од партијата најавија дека на протестот ќе побараат оставка на министерот Венко Филипче.

„Филипче и Заев се одговорни за 4.357 жртви од корона. Додека целиот свет беше во потрага по вакцини, Заев и Филипче беа во потрага по провизии за кинески вакцини. Денес овие луѓе што умираат немаше да починат, доколку Заев и Филипче не возеа мотори туку обезбедеа вакцини“, се вели во најавата за протестот.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека ако власта го подготвела здравствениот систем по појавата на коронавирусот ситуацијата ќе била поинаква.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион10 минути

„Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбрзо

Граѓаните на Србија развија имунитет најбрзо со ковид-вакцината на „Фајзер“ и тоа две недели по првата вакцина, што е за...

Македонија16 минути

Во болниците низ земјава се лекуваат 1.708 ковид-пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 1.708 пациенти...

Регион38 минути

Србија ги отвора училиштата

Кризниот штаб на Србија донесе одлука децата да се вратат на училиште. Според членот на Кризниот штаб, Предраг Кон, состојбата...

Македонија1 час

Приведен Драги Рашковски, Обвинителството бара притвор

Полицијата го приведе поранешниот секретар во кабинетот на премиерот и поранешен генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, во рамките на истрагата...

Македонија13 часа

Мицевски го обвини Џафери дека од Собранието прави театар

На уште непочната седница, координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски и собранискиот спикер, Талат Џафери се скараа поради доцнењето на седницата,...

Европа15 часа

Четири лица починаа по примањето на вакцината на „Астразенека“ во Италија

Четири лица во Италија починаа од ретки тромби, откако беа вакцинирани со вакцината на „Астразенека“, се вели во извештајот на...

Македонија18 часа

Во Македонија 890 нови случаи на коронавирус, 35 лица починаа

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 890 нови случаи на коронавирус, 35 лица починаа, а оздравени се 1.024...

Македонија19 часа

Мицкоски: Илјадници луѓе се заведени во Избирачкиот список со два матични броја

Лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, на денешниот брифинг со новинарите обелодени нов скандал со назив „Мафија 2“, кој се однесува...

Европа20 часа

Фон дер Лаен обвинета за кршење на дипломатскиот протокол

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, е обвинета за кршење на дипломатскиот протокол како одговор на поканата на...

Македонија23 часа

Кинеските вакцини ќе пристигнат на 28 април

Министерот за здравство најави дека на 28 април во земјата ќе стигнат 200 илјади кинески вакцини додавајќи дека потврдата ја...

Регион24 часа

Објавен нон-пејперот што го потресе регионот: предлози за нови граници на Балканот

Словенечкиот портал „Нецензурирано“ го објави нон-пејперот, односно неофицијалниот дипломатски документ за новите поделби на територијата на поранешна Југославија. Документот, кој...

Регион1 ден

Борисов ја достави оставката пред Националното собрание

Бугарскиот премиер, Бојко Борисов, утрово ја достави оставката пред новоизбраното 45-то Национално собрание на раководениот од него Совет на министрите,...

Европа1 ден

Две години од пожарот во „Нотр Дам“ – се очекува катедралата повторно да биде отворена во 2024

Катедралата „Нотр Дам“ во Париз, уништена во пожар пред две години, повторно ќе биде отворена во 2024 година, вети во...

Свет1 ден

Тела на четири деца пронајдени по пожар во куќа во Русија

Телата на четири деца се пронајдени по избувнувањето пожар во приватна куќа во село во регионот Свердловск во Русија. Во...

Македонија1 ден

Денеска се вакцинираат лицата на 73 и 74 години

Денеска, почнува вакцинацијата на сите граѓани од 73 и 74 години, кои се пријавени преку vakcinacija.mk или преку матичните лекари....

Македонија2 дена

СЗО: Состојбата во земјите од Западен Балкан е сериозна

Претставничката на Европската канцеларија на СЗО, Кетрин Смолвуд, предупреди на состојбата со коронавирусот во земјите од Западен Балкан е сериозна....

Регион2 дена

Србија почна со производство на руската вакцина

Во институтот „Торлак“ во Србија почна производството на руската вакцина „спутник В“. Оваа вакцина во иднина ќе може да се...

Македонија2 дена

Работата на Собранието да се деблокира на секое ниво, порача Џафери на вонредна координативна средба

Вонредна координативна средба поради блокадите во Собранието се одржа попладнево на иницијатива на претседателот на законодавниот дом, Талат Џафери, а...

Македонија2 дена

Регистрирани 949 нови случаи на Ковид-19, починаа 33 лица

Во последните 24 часа се направени 3.610 тестирања, а регистрирани се 949 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 357,...

Македонија2 дена

Европратеници: Македонија и Бугарија треба да се оддалечат од дебатите за историја

Претседателот на Делегацијата на Европскиот парламент за односи со Северна Македонија, Андреас Шидер, вели дека Северна Македонија и Бугарија треба...

Досие