Контакт

Македонија

Реконструкциjа и велосипедски патеки и на булеварот 8 Септември

Објавено пред

Екипите на Град Скопје од денеска го реконструираат булеварот 8 Септември на потегот од булеварот Илинден до улицата Скупи. Во текот на градежните работи ќе се изврши комплетна реконструкција на коловозот, обнова на тротоарите со замена на оштетените рабници и нивелација на постојните шахти и сливници во двете насоки, во должина од 980 метри.

„Реконструкцијата ја почнуваме со тротоарите и велосипедските патеки, а во текот на неделата ќе се префрлиме и на коловозот. Станува збор за релација долга 980 метри, која претставува главна артерија што ги поврзува населбите Карпош 2, 3 и 4 со Злокуќани, Бардовци, Момин Поток и другите населби во северниот дел од градот. Ќе изведеме и нова велосипедска патека, со што ќе го завршиме таканаречениот kонектор број 5 и ќе ги споиме населбите Карпош, Злокуќани и Бардовци со велосипедската патека на кејот на Вардар. Ќе формираме и нов дрворед од 100-ина дрвја, а ќе уредиме и средишна жардиниера“, рече денеска градоначалникот Шилегов.

За реконструкција на булеварот 8 Септември ќе се вложат 43 милиони денари со вклучен ДДВ, а градежните работи треба да завршат во рок од 40 дена.

Булеварот 8 Септември е десетта реконструкција што ја почнува Град Скопје во изминатите две недели. Поради тоа, Шилегов упати апел до граѓаните да покажат трпение додека траат градежните работи на сообраќајниците за зимата да ја дочекаме со реконструирани улици во сите општини.

Значајно е да се нагласи дека пред 2 години Град Скопје на булеварот 8 Септември изгради велосипедска патека од улицата Варшавска до надвозникот кај „Александар палас“.

Македонија

Кузеска: Пратениците да покажат одговорност и да ги усвојат мерките за заштита од коронавирусот

Објавено пред

Откако по барање на опозицијата. Собранието не расправаше за измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести, портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска порача дека нема време за одложување.

„Време за одложување нема. Предлог-измените треба да се усвојат во најкус можен рок, бидејќи состојбата со вирусот е сериозна. Пратениците треба да покажат одговорност и што поскоро едногласно да се изгласаат двата пакети на мерки со кои се штити здравјето на граѓаните. Со овој предлог-закон треба да се направат измени по што на сила ќе стапат мерките за носење маски на отворено, ограничување на групирање по 22 часот, како и ограничувањето на семејните собири“, истакна Кузеска.

Таа потсети и дека Владата на вчерашната седница ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести да се ограничи работното време на сите угостителски објекти до 23 часот, освен на тие коишто вршат испорака, како и да се ограничи капацитетот на патници во возилата на јавниот превоз на 50% од вкупниот број на патници предвидени во едно возило.

Владата ја прифати и препораката на Комисијата, државната и јавната администрација, општините и судовите, согласно принципот на работа и работниот процес, организирањето на работата да се одвива во смени, онлајн од дома или редуцирано со систем на ротации.

Овие мерки, како и претходниот пакет мерки којшто е во собраниска процедура, се донесени по зголемениот број на нови случаи на Ковид-19.

Прикажи повеќе...

Македонија

Царовска: Екскурзии годинава нема да се организираат, учениците можат на прошетка до 5 километри

Објавено пред

Екскурзии оваа година нема да се организираат, испратени се упатства од Бирото за развој на образование, истакна министерката за образование и наука Мила Царовска одговарајќи на новинарско прашање.

„Учениците може да имаат прошетка, движење, заедно со наставниците до пет километри. Од друга страна она што се случува од минатата година, зошто агенциите не ги вратиле парите, сметам дека има уредби, а Министерството за економија имаше препораки да се дадат ваучери коишто ќе може да се користат во наредниот период, и тоа сигурно се случило. Јас ги повикувам директорите на училиштата кои се одговорни за екскурзиите ги викнат родителите и да најдат заеднички јазик на кој начин тие пари од лани ќе им бидат вратени. Годинва екскурзиите не се дозволени“, истакна Царовска.

Прашана за барањето на родителите од Македонска Каменица за присуство на учениците во училиштата, Царовска го повтори ставот дека бојкотот на наставата е неконструктивен начин на искажување незадоволство од пандемијата.

„Во моментот кога бојкотираме настава само учениците губат од часовите, додека наша обврска како Влада, секако и обврска на општините, е да го штитат здравјето на граѓаните. Ако одлучила Комисијата за заразни болести дека навистина на овој начин е најдобро за заштита на здравјето јас ги повикувам сите ученици и сите наставници да се придружат на овој начин на изведување на настава согласно препораките на Комисијата за физичко присуство и Комисијата за заразни болести“, рече Царовска.

Прикажи повеќе...

Македонија

Шеќеринска: И ние и Бугарија сме членки на НАТО, ова не е начин на кој треба да комуницираме

Објавено пред

Помина времето кога министри за одбрана од нашиот регион можеа да даваат такви изјави, а некој да ги смета за сериозни, изјави министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска, како одговор на изјавата на бугарскиот министер за одбрана, Красимир Каракачанов, дека ќе прати бугарски војници во Македонија за да ги отстранат спомен-плочите на кои Бугарија се нарекува фашистички окупатор.

„Бугарија е членка на НАТО, и ние сме членка на НАТО, и ова не е начин на кој комуницираат или треба да комуницираат членки на алијансата. Ние ќе продолжиме да ги испраќаме истите пораки кои сме ги испраќале минатите години. Нашите граѓани нè плаќаат и очекуваат да им обезбедиме безбедност, а таа безбедност зависи од добрососедските односи“, рече Шеќеринска.

Таа вели дека очекува Бугарија, која беше една од државите од регионот кои од самиот почеток ја поддржаа нашата независност, но и нашето членство во НАТО и ЕУ, тоа да го прави и сега.

„Пријателските народи, македонскиот и бугарскиот, можат да одат напред само ако се поддржуваат“, рече Шеќеринска.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија13 минути

Царовска: Екскурзии годинава нема да се организираат, учениците можат на прошетка до 5 километри

Екскурзии оваа година нема да се организираат, испратени се упатства од Бирото за развој на образование, истакна министерката за образование...

Македонија21 минута

Шеќеринска: И ние и Бугарија сме членки на НАТО, ова не е начин на кој треба да комуницираме

Помина времето кога министри за одбрана од нашиот регион можеа да даваат такви изјави, а некој да ги смета за...

Регион1 час

Нов рекорд во Хрватска – 1.424 нови случаи и 11 починати

Рекордни 1.424 нови случаи на коронавирус се пријавени во последните 24 часаво Хрватска, а 11 лица починале, објави Националниот штаб...

Свет2 часа

Австралија пријави случај на повторна инфекција со коронавирус

Австралиските власти пријавија редок случај на Ковид-19 во Мелбурн, Викторија, станува збор за лице кое било позитивно тестирано во јули....

Македонија2 часа

Македонија, Албанија и Црна Гора добиваат респираторни машини од НАТО

До крајот на овој или следниот месец, НАТО ќе достави респираторни машини во нашата земја со цел да помогне во...

Свет3 часа

Приведени уште седум лица за убиството на францускиот професор

Уште седум луѓе, вклучително и двајца малолетници, ноќеска биле предадени на судијата во рамки на истрагата за минатонеделното убиство на...

Македонија3 часа

Од денеска кафулињата и рестораните ќе работат до 23 часот

Од денеска угостителските објекти ќе работат со скратено работно време. Владата на вчерашната 13. седница ги разгледа и прифати препораките...

Свет4 часа

(Видео) Трамп напушти интервју зашто новинарката не носела маска

Американскиот претседател Доналд Трамп нагло го прекина интервјуто за емисијата „60 минути“ на „Си-би-ес њуз“ и не се врати на...

Свет4 часа

Коронавирусот ќе остане меѓу човечката популација како грип

Еден од најважните британски научници, Патрик Валанс, изјави дека коронавирусот веројатно ќе стане трајно заболување како грипот, доколку вакцината против...

Македонија4 часа

Администрацијата ќе работи од дома или со ротации

Владата ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести целата државна и јавна администрација, општините и судовите, согласно принципот на...

Регион15 часа

Рама: Мора да избегнеме затворање на земјата поради Ковид-19 по секоја цена

Во Албанија има 301 случај на новозаболени од коронавирус, а четворица пациенти починаа, соопштија здравствените власти на таа земја. Во...

Свет16 часа

Папата Франциско првпат носеше маска на молитва за мир во светот

Папата Франциско првпат носеше маска за време на вршењето на својата јавна функција кога денес присуствуваше на молитва за мир...

Македонија17 часа

Заев го прифати барањето за разрешување на Димова

Премиерот Зоран Заев ја информира Владата дека го прифатил барањето на заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и...

Македонија18 часа

Угостителските објекти ќе работат до 23 часот

Владата, на денешната 13. седница, ги разгледа и прифати препораките на Комисијата за заразни болести да се ограничи работно време...

Македонија19 часа

408 нови случаи на Ковид-19 во земјата, починаа 4 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2140 тестирања, а регистрирани се 408 нови случаи на...

Македонија20 часа

Филипче: Мерките за заштита од Kовид-19 мора итно да се донесат

Министерот за здравство, Венко Филипче, изјави дека мерките за заштита од Kовид-19, кои се во Собранието, мора итно да се...

Македонија23 часа

Собранието не расправаше за новите мерки, опозицијата побара дополнително време за да ги разгледа

На барање на опозицијата, во Собранието денеска не се расправаше за измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението...

Македонија1 ден

Заев: Директорот на Македонска пошта, Ејуп Рустеми од ДУИ, ќе биде директор на ЈП „Државни патишта“

Актуелниот директор на Македонска пошта, Ејуп Рустеми од ДУИ, ќе биде назначен за директор на ЈП„Државни патишта“, потврди денеска премиерот...

Македонија1 ден

За една недела 49 лица починале од коронавирус во Македонија

Министерството за здравство информира дека согласно извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од 12 до...

Европа1 ден

Ломбардија воведува полициски час од 22 октомври

Од 22 октомври ќе се воведе полициски час во северната италијанска покраина Ломбардија, која се смета за „локомотива“ на италијанската...

Досие