Контакт

Македонија

Ременски на распит за ,,Рекет” во кривичниот суд

Објавено пред

Пратеничката Фросина Ременски се појави во кривичниот суд пред судија на претходна постапка за проширената истрага за случајот „Рекет“.

Судијката на претходна постапка ќе треба да одлучи дали ќе ѝ одреди некоја од мерките на претпазливост што ги бара обвинителката Вилма Русковска – одземање на патна исправа, забрана за напуштање на престојувалиште и еднаш неделно задолжително јавување во судот.

Денес во судот треба да се појават и таткото на Боки 13, Миле Јовановски, како и неговата асистентка. На Јасна Мандиќ, заменик-претседателката на „Меѓународниот сојуз“, синоќа ѝ беше определен куќен притвор.

Во случајот „Рекет“ досега беа осомничени Бојан Јовановски – Боки 13, Зоран Милески – Кичеец и ексшефицата на СЈО Катица Јанева. Обвинителството вчера ја прошири истрагата и за Ременски, Мандиќ, Миле Јовановски, таткото на Боки 13 и за асистентката на Јовановски, Кристина Карајованова.

Македонија

Фајон: Ова е срамота, Макрон разбуди се!

Објавено пред

,,Ова е срамота. Емануел Макрон, разбуди се!“, порача на Фејсбук известувачот на Европскиот парламент за Косово, Тања Фајон, која остро реагира на одлуката на Франција да го блокира започнувањето на преговорите за Северна Македонија и Албанија.

Фајон на Фејсбук, објавувајќи фотографии со премиерот Зоран Зав, со министерот за надворешни работи Никола Димитров и со вицепремиерката Радмила Шекеринска, порача:

„Емануел Макрон, разбуди се! Време е ЕУ да покаже политичка зрелост и одговорност! Овие лидери ги завршија своите обврски! Сега е време Советот на Европската унија да го заврши својот дел од обврските и конечно да се согласи за отпочнување на пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија“.

Прикажи повеќе...

Македонија

Меркел : Се исплаќа на Северна Македонија и на Албанија да им се даде европска перспектива

Објавено пред

„Мислам дека се исплаќа на Северна Македонија и на Албанија да им се даде европска перспектива“, порача германската канцеларка Ангела Меркел пред почетокот на денешниот лидерски самит на ЕУ во Брисел.

Според Дојче Веле, таа во Бундестагот се осврна на темата за проширување на ЕУ со Северна Македонија и Албанија и се изјасни во прилог на давање европска перспектива на Северна Македонија и на Албанија.

,,Германија чувствува посебна приврзаност кон земјите од Западен Балкан и сака да ги приклучи кон ЕУ. Мораме да опстоиме на дадените ветувања кон овие земји, зашто тоа ќе значи и обезбедување стабилност и благосостојба на самата ЕУ“, истакна Меркел.

Сепак, шансите за постигнување согласност на ЕУ-самитот не се добри, смета таа, откако вчера францускиот претседател Емануел Макрон вчера порача дека Северна Македонија и Албанија ќе треба уште малку да причекаат за почеток на преговорите со ЕУ, образложувајќи го својот став со потребата од реформи на ЕУ и на преговарачкиот процес.

Прикажи повеќе...

Македонија

Новиот граничен премин со Бугарија ќе придонесе во развојот на пограничните општини

Објавено пред

Изградбата на нов граничен премин помеѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија и стимулирањето на малите и средни претпријатија во пограничните општини ќе биде главниот приоритет на идната прекугранична програма што ќе ја спроведат двете држави со финансирање од ЕУ.

Ова се главните приоритети и цели кои беа поставени на првиот состанок на Заедничката работна група за развој на програмата за прекугранична соработка INTERREG меѓу двете земји за периодот 2021 – 2027 година, што се одржа во бугарското Министерството за регионален развој и јавни работи, каде претседател беше бугарската заменик министерката Деница Николова, заедно со Димитар Ванчов од Министерството за локална самоуправа.

„ Изградбата и развојот на транспортната поврзаност меѓу двете земји е главен приоритет, што ќе ги подобри социо-економските карактеристики на пограничните области во најголем степен, а со тоа ќе придонесеме и за развој на приоритетите на ЕК во развојот на регионите, рече Николова.

Финансирањето во рамките на програмата предвидува или изградба на граничен премин Клепало кај Струмјани или продолжување на граничниот премин Логодаж меѓу Станке Лисичково и Делчево. Која мерка ќе биде поддржана ќе биде јасна од социо-економската анализа која е во тек, а треба да биде готова до крајот на годината, додека пак следната година финансиската рамка за проектот треба да ја изгласа Европскиот парламент.

Работната група, воведува некои иновации во рамките на програмата, пред  се да се намалат административните формалности, како што се намалување на контролните нивоа, роковите за одобрување на проектот, контролите за спроведување на проектот и др. Исто така се формира посебен мал проект за поддршка на претприемачите за обука, подобрување на производствениот капацитет и друго, соопшти Министерство за локална самоуправа.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа7 минути

Постигнат договор за брегзит

Договорот за брегзит конечно е постигнат денес во Брисел, јавуваат странските медиуми. Велика Британија и ЕУ се согласија околу новиот...

Македонија59 минути

Меркел : Се исплаќа на Северна Македонија и на Албанија да им се даде европска перспектива

„Мислам дека се исплаќа на Северна Македонија и на Албанија да им се даде европска перспектива“, порача германската канцеларка Ангела...

Европа2 часа

Лаура Ковеси стана главен обвинител на ЕУ – ќе се бори против измами

Поранешната шефица на романската Дирекција за борбата против корупцијата, Лаура Кодрута Ковеси ќе биде главен обвинител на Европската унија за...

Регион3 часа

Во Сараево малолетничка го убила новороденчето со помош на мајка си

Припадници на сараевската полиција уапсија малолетничка под сомнение дека го убила своето новороденче, а ја уапсиле и мајка ѝ под...

Свет3 часа

Турција нема да прогласи прекин на огнот на северот на Сирија

Турција нема да прогласи прекин на огнот во северна Сирија и нема да преговара со курдските борци, рече портпаролот на...

Европа3 часа

(Видео) Немири во Барселона, протестите не стивнуваат

Нови немири се случија синоќа во Барселона, кога се судрија демонстрантите и полицијата на третиот ден од протестите против пресудите...

Македонија14 часа

Заев и Туск очекуваат да се изнајде решение за почеток на преговорите

Во пријателска атмосфера и во искрен разговор вечерва во Брисел се одвиваше средбата меѓу премиерот, Зоран Заев и претседателот на...

Македонија15 часа

(Видео) Макрон: Ни треба малку повеќе време за позитивни сигнали кон Скопје и Тирана

По завршувањето на француско-германскиот совет на министри одржан во Тулуз, францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел одржаа...

Македонија18 часа

(Видео) Заев до европските лидери: Бидете наши херои, не гасете ја ѕвездата кон која се стремиме

Премиерот Зоран Заев попладнево е во Брисел, каде што заедно со еврокомесарот Јоханес Хан одржа прес-конференција во обид да издејствува...

Европа19 часа

Карл Билд: Ветото на Франција би значело колапс за кредибилитетот на ЕУ на Балканот

Шведскиот политичар Карл Билд на „Твитер“ порача дека ЕУ се соочува со можноста за пропаѓање на целиот нејзин кредибилитет на...

Македонија21 час

АВМУ: Досега не е побарана промена на сопственоста на „1ТВ“

„1ТВ“ досега нема побарано да се изврши промена на сопственоста, соопшти Агенцијата за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги. Од таму појаснуваат...

Македонија22 часа

Велика Британија го ратификува протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО

Велика Британија денеска го ратификува протоколот за полноправно членство на Северна Македонија во НАТО. Британскиот министер за надворешни работи, Доминик...

Македонија22 часа

Заев: Ако нема одлука за датум, Владата може да падне

Понатамошно одлагање за добивање датум за преговори со Европската Унија би можело да доведе до пад на Владата, рекол премирот...

Македонија23 часа

Прогласени пет нови природни реткости – меѓу нив и Чинарот во Охрид

Министерот за животна средина и просторно планирање донесе решение за прогласување 5 нови природни реткости: Киселичката пештера, Чинарот во Охрид,...

Свет24 часа

(Видео) Кара: Додека не го исчистиме регионот од терористи, акцијата во Сирија нема да престане

Операцијата „Извор на мирот“ на Турција во Сирија ќе продолжи сè до расчистување на регионот од терористи. Досега се убиени...

Регион1 ден

Малолетник украл автобус и ги развезувал патниците низ Белград

Младо момче, според неофицијални информации малолетник, за време на такси-блокадата во Белград, украл автобус на линијата 59, кој го држи...

Македонија1 ден

Јанакиески: Не можам да бидам вработен, една година сум во притвор

На повторниот нов почеток на судењето за предметот „Насилство во Општина Центар“, судијата Душан Јосифов им го утврдуваше идентитетот на...

Свет1 ден

Ким Џонг-ун јавајќи бел коњ се искачи на корејската света планина

Водачот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, вети дека ќе ги совлада меѓународните санкции за кои рече дека донеле многу тешкотии...

Свет1 ден

Ердоган го одби повикот на САД за примирје

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, го одби повикот на САД за итен прекин на огнот во северна Сирија. Ова следува...

Свет1 ден

Семејство во Холандија живеело 9 години во подрум чекајќи го крајот на светот

Во подрумот на куќа во Руинерволд, Холандија, е пронајдено семејство што таму живеело изминативе девет години чекајќи го крајот на...

Досие