Контакт

Македонија

(Видео) Ременски не чувствува вина и нема намера да се повлече од функциите

Објавено пред

Пратеничката и експретседателка на Собранието, Фросина Ременски, по еден час поминат кај судијата на претходна постапка за случајот „Рекет“, изјави дека не чувствува вина и дека ќе соработува со обвинителството со цел целосно да се расчисти случајот.

Обвинителството ја сомничи дека таа со својот авторитет оставила впечаток дека зад проектите на „Меѓународниот сојуз“ стои извршната власт и на тој начин помогнала да се изнудуваат пари од големи компании на сметката на оваа невладина организација.

Иако вчера премиерот Зоран Заев изјави дека секој функционер кој се сомничи или е обвинет за некое кривично дело ќе биде отстранет од партијата, Ременски изјави дека нема намера да се повлече од функциите.

Се очекува пред судот да се појави и таткото на Боки 13, Миле Јовановски, и неговата асистентка Кристина Карајованова.

Судијката на претходна постапка во текот на денот ќе одлучи дали на Ременски ќе ѝ одреди некоја од мерките на претпазливост, што ги бара обвинителката Вилма Русковска – одземање на патна исправа, забрана за напуштање на престојувалиштето (Скопје) и еднаш неделно задолжително јавување во судот.

Јовановски, Ременски, Мандиќ, таткото на Јовановски и Карајованова, според истрагата, биле вмешани во спорен трансфер на околу 720.000 евра преку две градежни фирми до „Меѓународниот сојуз“.

Според обвинителството, првосомничениот Боки 13 како претседател на невладината организација од Силјан Мицевски, директорот на градежната фирма „Пелистер“ му извлекол огромна сума пари само врз основа на проект за изградба на пензионерски дом во Битола. Вториот бизнисмен за кој Јовановски се сомничи дека извлекол пари на истата основа е Ардијан Амзоски, сопственик на фирмата „Дрим билдинг“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Владина делегација положи цвеќе на споменикот на Свeти Климент Охридски

Објавено пред

Делегација на Владата денес положи свежо цвеќе на споменикот на Свети Климент Охридски пред Народната и универзитетска библиотека во Скопје, по повод празникот – 8 декември, Ден на Свети Климент Охридски.

Во чест на Свети Климент, основач на Охридската школа, позната и како „прв балкански и европски универзитет“ и патрон на МПЦ-ОА, на овој настан делегацијата на Владата ја предводеше министерот за култура, Хусни Исмаили, во придружба на заменик министерката за образование и наука, Елизабета Наумовска и националниот координатор за развој на културата и меѓуресорска соработка, Роберт Алаѓозовски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Град Скопје: Борбата за чиста животна средина е наш приоритет

Објавено пред

Во пресрет на граѓанскиот протест закажан за утре, во врска со загадувањето кое потекнува од депонијата во Ѓорче Петров, Градот Скопје сака да ги увери граѓаните дека борбата за здрава и чиста животна средина е приоритет на градската администрација. Од Градот преку соопштение нагласуваат дека на ова прашање се работи секојдневно – и во сезоната кога има загадување, но и во сезоната кога нема загадување.

„Во Буџетот на Град Скопје за наредната 2020 година, што е во подготовка, се одвоени средства за чистење на неколку поголеми диви депонии во градот, а меѓу нив е и расчистувањето на депонијата во Ѓорче Петров. Оваа депонија со децении ги загадува и нагрдува околните населени места, но со планираните активности екипите на Град Скопје ќе го расчистат натрупаното ѓубре, а просторот ќе го облагородат“, додаваат од прес-службата на градот.

Тие уверуваат дека континуирано се спроведуваат акции за чистење на јавните површини, како и за расчистување на дивите депонии.

„Само за илустрација, за две години, за периодот ноември 2017 – ноември 2019 година од дивите депонии во градот е расчистен отпад од 12.666 кубни метри. Инспекторите и комуналните редари на Град Скопје во последниве две години ги засилија контролите на терен што резултираше со зголемување на казните и опомените и видливи резултати, значително подобрени во однос на претходните години. Така, во јули годинава беше поднесена првата кривична пријава во историјата на Скопје за неовластено фрлање смет, со што Град Скопје ја потврди заложбата за почиста и поздрава животна средина. Во овој случај, стануваше збор за лице фатено на самото место, на улицата Александар Урдаревски во општината Бутел“, додаваат од Град Скопје.

Борбата за поздрава и почиста средина, како што велат, е процес кој трае без прекин и во неа треба да бидат вклучени и надлежните институции, но и граѓаните со своето одговорно однесување. Само заедно, со заеднички напори, може да ги достигнеме стандардите кон кои сите тежнееме, а граѓаните да го остварат своето право на чиста и здрава средина.

Прикажи повеќе...

Македонија

Жерновски- Спроул: Северна Македонија и Канада, глобални сојузници во НАТО

Објавено пред

Заменикот министер за надворешни работи, Андреј Жерновски, го прими Дејвид Спроул, генерален директор за европски и евро-азиски прашања во Министерството за надворешни работи на Канада.

На средбата беше направен пресек на билатералните односи помеѓу двете земји, кои беа оценети како традиционално блиски и пријателски, со потенцијал за нивен натамошен развој и унапредување. Соговорниците се осврнаа и на состојбите и актуелните прашања во регионот.

Жерновски, заблагодарувајќи се на континуираната поддршка од Канада во остварување на стратешките приоритети на нашата држава, изрази очекување за продолжување на соработката меѓу двете земји во областите од заемен интерес. Од страна на директорот Спроул беше истакнато дека полноправното членство на нашата земја во НАТО и отпочнувањето на процесот за интегрирање во ЕУ претставува значаен придонес кон стабилноста и просперитетот на регионот.

Соговорниците со задоволство констатираа дека полноправното членство на Република Северна Македонија во НАТО претставува ново стратешко сојузништво со Канада на глобален план.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

(Видео) Камчев: Алчноста на Катица за пари беше клучна во оваа работа

Бизнисменот Орце Камчев по денешното сведочење за случајот „Рекет“ откако излезе од судот уште еднаш потенцираше дека Бојан Јовановски, Катица...

Македонија2 часа

На една од средбите меѓу Јовановски и Камчев бил и министерот Филипче

Бојан Јовановски во предметот за случајот „Рекет“ му поставува прашања на сведокот Орце Камчев во судницата. Јовановски го персира, додека...

Македонија4 часа

Боки 13 до Камчев: Oперациите вo „Систина“ не ви се успешни

Присутните се смееја во судницата на рочиштето за случајот „Рекет“ кога Бојан Јовановски почна да го испрашува сведокот Орце Камчев....

Македонија4 часа

Камчев: Не се само Катица и Боки 13, треба да има и други обвинети за „Рекет“

Веќе час и половина сведокот бизнисмен Орце Камчев го дава својот исказ во судот за случајот „Рекет“. Тој, освен кон...

Македонија6 часа

Боки 13 се пожали на здравствената состојба, судијката го опомена дека ќе го извади од судницата

Судијката Васка Николовска-Масевска му рече на обвинетиот Бојан Јовановски, алијас Боки 13, дека ќе го извади од судницата ако говори...

Свет7 часа

Франција втор ден парализирана поради штрајкот

Втор ден продолжува штрајкот во Франција. И денеска нарушен е јавниот превоз, а училиштата се затворени. Синдикатите најавија дека планираат...

Свет7 часа

Меркел во прва посета на Аушвиц, ќе донира 60 милиони долари за Меморијалот

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска за првпат ќе го посети Меморијалот Аушвиц-Биркенау, откако ја презеде функцијата пред 14 години. Меркел...

Свет8 часа

150 пожари ја пустошат Австралија

Пожарникари се обидуваат да ги стават под контрола 150-те пожари во Нов Јужен Велс додека силни ветрови го шират чадот...

Свет8 часа

Пентагон размислува да испрати неколку илјади војници на Блискиот Исток

Министерството за одбрана на САД размислува за дополнително распоредување на 4-7 илјади војници на Блискиот Исток за да се спротивстави...

Македонија8 часа

Во кривичниот суд пак ќе се оценува обвинението за организаторите на насилниот упад во Собранието

Во кривичниот суд по вторпат ќе се оценува обвинителниот акт за организаторите на насилниот упад во Собранието од 2017 година...

Свет8 часа

Туск: Брегзит е најтажното искуство за време на мојот мандат

Брегзит е една од најспектакуларните грешки во историјата на Европската Унија, вели Доналд Туск во интервју за „Гардијан“, што е...

Македонија8 часа

Продолжува судењето за „Рекет“, ќе сведочат Орце Камчев и неговата сопруга

Бизнисменот Орце Камчев и неговата сопруга Ана Камчева денеска треба да се појават во кривичниот суд во Скопје како сведоци...

Европа19 часа

Над половина милион луѓе протестираа во Франција, сообраќајот во колапс

Повеќе од 510.000 демонстранти излегоа на улиците на 70 града во Франција во знак на протест против најавените пензиски реформи...

Свет23 часа

САД со обвинение против руски хакери кои во своите операции украле над 100 милиони долари

Американските власти денеска покренаа обвинениe против лидерот на руската криминална група за компјутерски криминал позната како Evil Corp „Зла корпорација“...

Македонија1 ден

Спасовски: Жалам што Обвинителството немаше храброст да одреди притвори за инцидентот во „Александар палас“

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, изрази жалење што Обвинителството немало храброст да одреди притвори за осомничените за пукањето во...

Македонија1 ден

Обвинение за судијата Мустафа Шахини за злоупотреба на службената положба

Управниот судија Мустафа Шахини наскоро треба да седне на обвинителна клупа во предметот за злоупотреба на службената положба и овластување...

Македонија1 ден

Собранието ќе одлучи дали треба Јовески да го преземе СЈО

На 11 декевмри на собраниската седница ќе се најдат измените на Законот за јавнообвинителска служба со кој треба да се...

Македонија1 ден

(Видео) Деспотовски: За жал, изборите ќе ги пролонгираат грантовите од Фондот за иновации

Изборите ќе ги пролонгираат грантовите што ги доделува Фондот за иновации и технолошки развој, најави Јован Деспотовски во интервју за...

Култура1 ден

„Медена земја“ е најдобриот документарец за 2019 според критичарите во Њујорк

Американската организација на филмски критичари од Њујорк „New York Film Critics Circle (NYFCC)“ синоќа ја додели наградата за најдобар документарен...

Регион1 ден

Радев: Во НАТО државите се поделени на произведувачи и купувачи

Бугарскиот претседател Румен Радев им порача на лидерите на земјите членки на НАТО дека иднината на алијансата не ја гледа...

Досие