Контакт

Македонија

Словенија со поддршка за референдумот во Македонија

Објавено пред

Министерот во Владата задолжен за дијаспората, Едмонд Адеми, во придружба на директорот на Агенцијата за иселеништво на Република Македонија, Никола Шалваринов, денеска имаше средба со претседателот на Република Словенија, Борут Пахор, и со претседателот на националното собрание на Словенија, Дејан Жидан.

На средбите, како што информираат од Владата, се разговарало за билатералните односи меѓу двете земји, натамошниот развој на односите во повеќето области од заемен интерес, интеграциските процеси на Република Македонија во ЕУ и НАТО, како и актуелните политички состојби во земјата, и тоа со посебен акцент за договорот меѓу Македонија и Грција и одржувањето на референдумот.

Двајцата соговорници, велат од Владата, дале силна поддршка на Република Македонија во процесот на евро-атлантските процеси констатирајќи дека Словенија на сите средби со претставниците на Европската Унија ја поддржува Македонија во патот кон ЕУ и НАТО.

Пахор и Жидан исто така за време на средбите укажале и на одредени предизвици со кои Македонија ќе се соочи на патот кон интегративните процеси, со кои претходно и Република Словенија била соочена, но и се сложиле со тоа дека идното членство на земјата во ЕУ и НАТО претставува историска придобивка, но и голема обврска во наредниот период.

Разговорот на министерот Адеми со двајцата највисоки претставници од Република Словнија, додаваат од Владата, завршил со еден заеднички заклучок дека референдумот е од клучно историско значење за РМ во патот кон ЕУ и НАТО и друго повторување нема да има и тој треба да се поддржи и од опозицијата и позицијата и граѓаните на РМ.

Македонија

Без струја делови на Сопиште, Кисела Вода, Ѓорче Петров и Карпош

Објавено пред

Од „ЕВН Македонија“ информираат дека поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, без електрична енергија ќе останат корисниците од Сопиште, Кисела Вода, Ѓорче Петров и Карпош.

Во периодот од 8.30 до 15.30 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од с. Долно Соње. (општина Сопиште), од 8.30 до 15.30 часот корисниците од делови од улицата Востаничка, од броевите 98 до 134 и од броевите 61 до 77 (општина Кисела Вода), од 9 до 11 часот корисниците од објектите кон Болница „Бардовци“ (општина Ѓорче Петров) и во периодот од 12 до 15 часот корисниците од булеварот 8 Септември бр. 14, „Руѓер Бошковиќ“, броевите 15, 17 и 19 и улицата Шекспирова бр. 7, влез 3 и влез 4 (општина Карпош).

Прикажи повеќе...

Македонија

Сончево време, од петок локален дожд

Објавено пред

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб, долж Повардарието ќе дува умерен ветер од северен правец, информира УХМР.

Минималната температура ќе биде помеѓу 9 и 18, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен. Вредноста на УВ-индексот ќе биде 8.

Во Скопје, сончево со умерена облачност и со слаб, повремено умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од 15 до 28 степени.

Во следните денови ќе преовладува стабилно време со пораст на температурите. Во петок и сабота во попладневните часови ќе има локален пороен дожд и грмежи.

Прикажи повеќе...

Македонија

Земјотрес во Струмица, Валандово и околината

Објавено пред

Земјотрес со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала вечерва во 21 и 17 минути бил почувствуван во Струмица, Валандово и околината, соопшти Сеизмолошка опсерваторија
при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Епицентарот на земјотресот бил на 120 километри југоисточно од Скопје и потекнува од епицентралното подрачје Струмица.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 минути

Татко и син отвориле фабрика за лажни ,,ламборџини” во Бразил

Татко и син се уапсени, откако е откриена нивната фабрика во која произведувале лажни автомобили од познатите марки „ферари“ и...

Свет8 минути

Во Шкотска најмногу починати од дрога

Во Шкотска минатата година од употреба на дрога починале 1.187 луѓе, што е за речиси 27 отсто повеќе отколку во...

Македонија10 часа

Земјотрес во Струмица, Валандово и околината

Земјотрес со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала вечерва во 21 и 17 минути бил почувствуван во Струмица, Валандово...

Регион12 часа

Хакери украле податоци на милиони Бугари

Хакери украле лични и финансиски податоци на милиони бугарски граѓани. Тие насилно влегле во системот на државната даночна управа, соопшти...

Европа13 часа

Урсула фон дер Лејен е нова претседателка на Европската комисија

Европскиот парламент официјално ја избра германската демохристијанка Урсула фон дер Лејен за нова претседателка на Европската комисија, на местото на...

Свет13 часа

Трамп: Во мене нема ни трошка расизам

Претседателот на САД, Доналд Трамп, жестоко се бранеше дека не е расист по вербалниот напад на четири конгресменки. Но, неговите...

Македонија15 часа

Владата одобри 9 милиони денари за замена на системот за греење во студентскиот дом „Кузман“

На денешната седница Владата донесе одлука за одобрување средства од буџетот за 2019 година во висина од девет милиони денари...

Европа17 часа

Западна Грција ја погодија поплави

Властите во неделата евакуираа десетици граѓани од поплавените домови во западна Грција, само неколку дена по загинувањето седум лица во...

Македонија17 часа

(Видео) Стефанова: Јас не стравувам од новата истрага, а за Јанева не знам

Обвинителката од СЈО, Лиле Стефанова, која го води случајот „Империја“, вели дека сите одлуки и списи што излегувале од специјалното...

Македонија17 часа

СЈО се огради од Јанева, од таму бараат да се сочува интегритетот на институцијата

Ленче Ристоска од СЈО, во име на сите обвинители, но и на целиот истражителски тим на СЈО, истакна дека примерен...

Спорт17 часа

Надал во финалето навивал за Ѓоковиќ

Рафаел Надал навивал за Новак Ѓоковиќ против Роџер Федерер во финалето на Вимблдон, им открил на шпанските медиуми Тони Надал....

Македонија18 часа

(Видео) Мицкоски бара притвор за Катица Јанева

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за вчерашното апсење вели дека е голем октопод, дека има злоупотреби на медиум и дека...

Македонија19 часа

Брендирана гардероба, накит, часовници и уметнички предмети меѓу доказите за Боки 13

Тимот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во соработка со Министерството за внатрешни работи во текот...

Македонија21 час

Кривичниот суд му порача на Јовески, место да ги критикува судиите, да си погледне во сопствениот двор

Скопскиот Кривичен суд во соопштение до јавноста реагира на вчерашната изјава на државниот јавен обвинител Љубомир Јовески дека на судиите,...

Свет22 часа

(Видео) Се урна зграда во Мумбај, над 40 затрупани

Десетици луѓе останаа затрупани по уривање четирикатница во индискиот град Мумбај. Станбената зграда во густо населеното подрачје се урнала затрупувајќи...

Свет22 часа

(Видео) Во Калифорнија експлодира куќа, има и жртви

Еден човек загина, а 15 се повредени кога експлодира куќа во Калифорнија, објави Си-ен-ен. Причина за експлозијата е оштетен гасовод....

Регион22 часа

Еден тон дрогa пронајдена во лабораторија за производство на марихуана во Република Српска

Во операцијата „Уникат“ во областа на Бања Лука полицијата на Република Српска откри голема лабораторија за производство на марихуана и...

Свет23 часа

Асанж нема да биде екстрадиран во земјите каде што му се заканува смртна казна

Основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, нема да биде екстрадиран во земјите во кои му се заканува смртна казна, рекол британскиот...

Македонија24 часа

Димитров: Системот почна да се бори со криминалот, сеирџиство и банално ликување не помагаат

Системот, со сите маани, почнува да се бори со криминалот, без разлика од каде доаѓа, напиша министерот за надвореши работи,...

Европа1 ден

На Алпите паднаа 30 сантиметри снег

На Матерхорн, еден од највисоките врвови на италијанските Алпи чија надморска височина е 4.478 метри, паднаа 30 сантиметри снег, кој...

Досие