Контакт

Македонија

Решението за затворска казна, Груевски, најверојатно, ќе го добие в понеделник

Објавено пред

Пред истражниот затвор во Шуто Оризари голем број новинарски екипи веќе неколку часа го чекаат поранешниот премиер Никола Груевски, кој треба да се јави на издржување на двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“. Доцна попладнево кривичниот совет ја потврди одлуката на судијата за извршување санкции за затворската казна на Груевски. Решението е потврдено и испратено до странките, а тоа станува извршно веднаш кога ќе биде примено.

Во јавноста нема информации ниту дали судот денеска му го доставил решението на Груевски ниту дали тој го примил, иако некои медиуми шпекулираат дека судскиот курир направил два обида да го најде Груевски, но тој не бил дома. Оттаму, тешко е да се очекува дека тој вечерва би се јавил во истражниот затвор. Очекувањата се дека ќе се чека понеделник кога тој треба да се јави на рочиште за случајот „Титаник“ за да му биде доставено решението за издржување на затворската казна.

„Доколку се утврди дека лицето одбегнува да го прими решението, во тој случај се оди кон негово спроведување. Во практика се прават повеќе обиди за доставување на решението пред да се утврди дека лицето одбегнува да го прими. Но, за тоа е рано да се размислува бидејќи во случајот официјално не се знае ниту дали воопшто решението е доставено ниту дали е примено“, велат правни извори за „Макфакс“.

Македонија

Укината забраната за камиони на Стража

Објавено пред

Забраната за камиони на Стража поради обилните врнежи од снег е укината во 20,45 часот, информира АМСМ. Забраната на Плетвар сè уште е на сила.

Обилни врнежи од снег попладнево ги прекрија патиштата низ државава. На патниот правец Крива Паланка- ГП Деве Баир од 19 и 50 часот е воведена забрана за тешки товарни возила.

На патниот правец Делчево- ГП Делчево е воведена задолжителна употреба на зимска опрема (ланци) за тешки товарни возила.

Во 20 часот, пак, патниот правец Берово-Виница е нормализиран за сообраќај.

„Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. На планинските премини Стража, Ѓавато, Буково и Пресека има остатоци од кашест снег на коловозот, но нема забрана за движење на возилата. Препорачуваме намалена брзина на движење и исклучително внимателно управување со возилата“, информира АМСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Протестот заврши, за малку избегнат инцидент

Објавено пред

По речиси два часа заврши протестот пред Собранието против уставните имени. За малку беше избегнат инцидент меѓу организаторите – движењето #Бојкотирам уставни промени, и дел од присутните на протестот кои се обидуваа да се качат на бината во обид и тие да се обратат пред присутните.

Претставници и лидери на Христијанско братство и Единствена Македонија, меѓу кои Јанко Бачев, Жарко Гроздановски и Драган Угриновски како и Страшко Олумчев, претседателот на Семакедонскиот национален совет сакаа да држат говор, но редарите и дел од организаторите не им дозволија. Тие неколку пати се обидуваа да се пробијат низ толпата, но постојано беа спречувани, а за време на обраќањата на Тодор Петров од Светскиот македонски конгрес, актерката Арна Шијак, Солза Грчева и Љупчо Палевски постојано дофрлуваа навредливи коментари и обвинувања особено на сметка на Тодор Петров како еден од главните организатори дека вечерва го поделил народот.

„Ние бараме само една минута да ја кажеме вистината, но овие тука се предавници, и се додека има суети и предавници македонскиот народ ќе биде поделен. Можам да наредам да се качиме и да ја преземеме бината ама нема да го направиме тоа“ порачаа од Христијанското братство.

Во вербалната пресметка пред бината, фоторепортерите и снимателите беа истуркани.

Прикажи повеќе...

Македонија

Тодор Петров: Мора да падне режимот од Муртино

Објавено пред

Мора да падне режимот од Муртино, порача Тодор Петров од Светскиот македонски конгрес на протестот пред Собранието против уставните измени. Тој рече дека СМК поднеле кривична пријава против премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи Никола Димитров и 80 пратеници кои гласале „за“ уставните измени за кривични дела против нацијата.

„Бараме поништување на одлуката за избор на Талат Џафери за претседател на Собранието и амнестија за 27 април“, рече Петров.

Тој апелира до пратениците од опозицијата да не бидат статисти во Собранието. Го спомена и експремиерот Никола Груевски и рече дека е жртва на политички прогон.

Повика на блокирање раскрсници и штрајк низ цела Македонија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

(Видео) Протестот заврши, за малку избегнат инцидент

По речиси два часа заврши протестот пред Собранието против уставните имени. За малку беше избегнат инцидент меѓу организаторите – движењето...

Спорт2 часа

Зверев го „здроби“ Ѓоковиќ за својот најголем трофеј во кариерата

Александер Зверев стигна до својата најголема победа во кариерата, откако го совлада светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ со 6:4/6:3...

Европа4 часа

Европа: Сообраќајките се водечка причина за смртност кај децата

Во Европа на секои шест минути има по една жртва на патиштата, 230 секој ден или 83 000 секоја година,...

Вести5 часа

Нови тврдења: Можно е телото на Кашоги да било изнесено од Турција како багаж

Убијците на саудискиот новинар Џамал Кашоги можно е да го изнеле неговото распарчено тело од Турција како багаж, изјави министерот...

Економија6 часа

Џеф Безос: „Амазон“ ќе банкротира

„Амазон“ еден ден ќе пропадне и ќе банкротира, рекол основачот на оваа компанија, Џеф Безос, кој е најбогат човек во...

Свет8 часа

Папата: Неправдата е изопачен корен на сиромаштијата, богатите се се помалубројни, но побогати

Папата Франциско го криткуваше растот на нееднаквоста во богатството во светот, но и третманот кон мигрантите. Поглаварот на Римокатоличката црква...

Македонија9 часа

СЈО истражува криминал при купопродажбата на акциите на „Фершпед“

Специјалното јавно обвинителство води предистражна постапка за купопродажбата на акциите на „Фершпед“ од 2013 година, кога повеќе акционери пријавија дека...

Македонија10 часа

(Видео) Мицкоски: На претседателските избори ќе ги победиме СДСМ

И покрај целокупниот политички терор и покрај сите, закани и уцени кои што ми ги упатуваат мене и моето семејство...

Бегството на Груевски11 час

Maкедонија нема договор за екстрадиција со Унгарија – Груевски ќе го бараме со други правни акти

Македонија нема склучено меѓудржавен договор за екстрадиција со Унгарија со кој би го побарала експремиерот Никола Греувски да ја издржи...

Свет11 час

(Видео) Трамп ја посети Калифорнија: Тажно е ова, итно да им се помогне на оние кои се најлошо погодени

Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна во Калифорнија за да го испита теренот кој беше погоен од најсмртоносниот шумски пожар во...

Регион11 час

(Видео) Запалено американското знаме за време на судирите меѓу полицијата и демонстрантите во Атина

Грчката полиција доцна синоќа се судри со групи маскирани лица во Атина, по завршувањето на протестниот марш за одбелужвањето на...

Свет12 часа

Стејт департмент: Извештаите за убиството на Кашоги се уште не се конечни

Американскиот Стејт департмент издаде соопштение дека владата на сАД не донела конечен заклучок за тоа кој учествувал во убиството на...

Свет1 ден

(Видео) Девојка се разнесе пред полициски пункт во Чеченија

Девојка се разнесе со експлозив пред полициски пункт во главниот град на Чеченија, Грозни. Никој друг не е убиен, ниту...

Бегството на Груевски1 ден

Бугарски „Фокус“: Груевски ја напуштил Унгарија

Според сè уште непотврдена информација, поранешниот македонски премиер Никола Груевски веќе ја напуштил Унгарија, објави бугарската агенција „Фокус“ повикувајќи се на изјава...

Македонија1 ден

(Видео) Револтирана студентка: Доста се криете зад Фејсбук, излезете и кажете дека сакате чист воздух

Доста се криете зад лажни Фејсбук профили и седите по кафулиња, излезете и кажете дека саакате чист воздух , порача...

Македонија1 ден

СЈО: Јанакиески и Божиновски се во притвор поради сознанијата дека планираат бегство

На поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски, им е определен...

Македонија1 ден

Клиника за гинекологија: Намален бројот на починати предвреме родени бебиња

Според податоците на Универзитетската клиника за гинекологија и акушертво, годинава е забележан намален процент на смртност на предвреме родените новороденчиња....

Македонија1 ден

(Видео) Протест против загадувањето: Власта повеќе троши за свои ќефови отколку за животната средина

Патиме сите од загадениот воздух, а најмногу децата и повозрасните, 30 години нè трујат, некој профитира од тоа, порачаа учесниците...

Interview/Debate1 ден

(ИНТЕРВЈУ) Унгарски новинар: Се кладам дека Орбан е замешан во бегството, Груевски ќе заврши во Москва

Питер Ерделај е уредник и новинар во еден од ретките унгарски медиуми кои се независни и надвор од контрола од...

Вести1 ден

(Видео) Околу 1.000 исчезнати и 71 загинат во најсмртоносните пожари во Калифорнија

Повеќе од 1 000 луѓе се пријавени како исчезнати во пожарите во Калифорнија во кои загина најмалку 71 лице, објави...

Досие