Контакт

Македонија

Рудник во Иловица нема да има, Владата го одби „Еуромакс рисорсис“

Објавено пред

Компанијата „Еуромакс рисорсис“ не ги исполнила законските услови за вршење експлоатација на рудник во Иловица и  Владата го одби барањето за издавање дозвола. Со ова завршува двегодишната битка на активистите и жителите од Струмичкиот Регион кои секојдневно го блокираа патот кон местото каде што требаше да биде отворен рудникот за бакар и злато Иловица-Штука и посочуваа на низата нерегуларности од страна на концесионерот и опасноста по животната средина.

„Министерството за економија на денешната седница на Владата на Република Северна Македонија информираше дека се исполнети законските услови за донесување  решение за одбивање на барањето за издавање дозвола за експлоатација на минерална суровина  бакар и злато на локалитетот Иловица“, општина Босилово на „Еуромакс Ресоурцес ДОО Скопје“, информираат од Владата.

Во информацијата којашто денеска пред Владата ја презентираше Министерството за економија, утврдено е дека компанијата не ги доставила сите потребни документи што се бараат согласно Законот за минерални суровини за добивање дозвола за експлоатација.

По истекот на задолжителниот рок за жалба од 15 дена, Владата ќе може да донесе и конечна одлука за едностран раскин на договорот за концесија со „Еуромакс рисорсис“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Управниот Суд ја отфрли тужбата на Наќе Чулев против Владата

Објавено пред

Владата соопшти дека како тужена страна, го доби решението од Управниот суд со кое тужбата на тужителот Министерство за внатрешни работи, застапувано од министерот Наќе Чулев, поднесена за наводна повреда на административните процедури при донесување на Одлуката на Владата за поништување на решение за разрешување на Амир Далип од позицијата началник на Сектор за внатрешни работи – Тетово и за именување на дополнителен заменик началник на СВР-Тетово, се отфрла и постапката на министерот за разрешување и именување се оценува како незаконита.

Според образложението на судскиот совет, Управниот Суд, имајќи го предвид членот 2 од одлуката на Владата, согласно член 48, став 2, од Законот за Влада, во кој се определува постапка во случај на сомневање од можно незаконско постапување од страна на министерот, најде дека тужбата на министерот Чулев е беспредметна, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Македонија

Променливо облачно со пороен дожд и грмежи

Објавено пред

Претпладне и околу пладне променливо облачно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе почне да дува силен северен ветер, најпрво во северните, а во текот на денот и во останатите делови, особено вдолж Повардарието, што ќе услови осетно намалување на дневната температура, особено на северот. Ветерот краткотрајно ќе достигнува брзина и над 90 км/час. УВ=7

Утре претпладне и околу пладне променливо облачно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе почне да дува силен северен ветер, најпрво во северните, а во текот на денот и во останатите делови, особено вдолж Повардарието, што ќе услови осетно намалување на дневната температура, особено на северот. Ветерот краткотрајно ќе достигнува брзина и над 90 км/час. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 24 до 32 степени. УВ=7

Во Скопје претпладне ќе има променлива облачност со повремен дожд и појава на грмежи. Ќе почне да дува силен северен ветер, кој ќе се задржи и во текот на денот. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне 26 степени.

Од среда следува сончево време со повторен пораст на дневната температура, но со посвежи утра.

Прикажи повеќе...

Македонија

Николовски од Штип: Се гради на Истокот како никогаш досега, од Делчево до Лозово, од Штип до Крива Паланка

Објавено пред

Луѓето на Истокот на изборите претходно беа под притисок, под закани, под уцени. Посебно земјоделците, работниците. Тоа време е минато. Работниците се наша светост и ние ќе продолжиме да ги штитиме нивните права, рече генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски од Штип.

„ Затоа денес покажавме дека може да имаме повисока минимална плата од 9.000 на 14.500 и тоа еднаква и во текстилната и во кожарската индустрија. За сите од овој регион“, порача Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ и носител на Коалицијата „Можеме“ од вечерашната трибина во Штип.

Тој нагласи дека во Источниот регион се инвестира и се гради како никогаш досега, а поддршка има и за сите категории граѓани.

„Овозможивме да има зелена нафта, која до крајот на мандатот ќе биде покриена 100 проценти, има поголеми субвенции, направивме многу капитални проекти. Нема регионален пат што не е направен од Делчево до Лозово, од Крива Паланка до Штип,. Три од четири експресни патишта се градат на Истокот. Истокот да биде уште поповрзан, да се тргува, да ги вратиме нашите Македонци, а да ги извезуваме нашите брендирани прозводи. Автопат Миладиновце – Свети Николе-Штип, го оставија многу проблеми кои ние требаше да ги поправаме и на кои изгубивме многу време“, рече Николовски и нагласи дека СДСМ и Коалицијата „Можеме“ ја нуди чесноста и одговорноста да продолжи нашата држава по вистинскиот пат.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

Управниот Суд ја отфрли тужбата на Наќе Чулев против Владата

Владата соопшти дека како тужена страна, го доби решението од Управниот суд со кое тужбата на тужителот Министерство за внатрешни...

Свет15 минути

Во судир на два авиони во Ајдахо загинаа осум луѓе меѓу кои три деца

Два туристички авиони со осум патници и членови на екипаж се судрија над езеро во американската сојузна држава Ајдахо и...

Свет40 минути

Мелбурн ставен во карантин поради коронавирусот

Вториот по големина австралиски град, Мелбурн, ќе биде ставен под карантин поради коронавирусот, пренесе агенцијата АФП. Засега нема повеќе информации...

Свет47 минути

Коронавирусот може да се пренесе преку воздух, тврдат 239 научници во отворено писмо до СЗО

Ако е точно дека коронавирусот се пренесува преку воздухот, тоа значително ќе влијае на мерките за нејзина контрола, пишува „Њујорк...

Македонија12 часа

„Правда за Кољо“ – нов протестен марш во Аеродром

Стотина млади лица вечерва одржуваа протестен марш од скопската населба Аеродром до кривичниот суд, носејќи транспарент „Правда за Кољо“. Граѓаните,...

Македонија12 часа

Шилегов: И вториот тест е негативен, невидливиот противник е победен

„Вечерва ги добив резултатите од вториот тест на Ковид-19. Како и вчерашниот, и денешниот е негативен.И официјално, невидливиот противник е...

Свет13 часа

Руските власти ископале ров околу село за да го заштитат од Ковид-19

Руските власти ископале ров околу оддалечено сибирско село за да го стават во карантин, откако десетици жители се заразиле со...

Регион15 часа

Во Србија шест лица починаа од коронавирус, регистрирани 289 новозаразени

Во последните 24 часа во Србија од ефектите на коронавирусот починаа уште шест лица, додека  регистриранисе  289 новозаразени лица, соопшти...

Македонија17 часа

ДИК со герила-акција во Охрид и Струга: Ти си на ред! Гласај безбедно!

Државната изборна комисија ја води кампањата „Ти си на ред“ за претстојните предвремени парламентарни избори 2020. Со герила-акција, за првпат...

Македонија18 часа

Во просек 13 отсто од тестираните на коронавирус во земјата се позитивни

Во просек 13 отсто од тестираните на Ковид-19 се позитивни, а неделно се прават 8.000 теста, истакна министерот за здравство,...

Македонија19 часа

(Интервју) Бачев: Ќе коалираме со онаа партија што ќе се залага за враќање на уставното име

Поништување на преспанскиот договор, поништување на договорот со Бугарија, враќање на уставното име на државата – се црвените линии под...

Македонија19 часа

Обвинителот Бубевски заболен од коронавирус, Фатиме Фетаи е во самоизолација

Обвинителот Гаврил Бубевски, кој беше дел од СЈО, а сега е дел од скопското Обвинителство и ги застапува предметите „Насилство...

Регион19 часа

Чедомир Јовановиќ објави фотографија од болница: Уморен сум, сè уште ми е неопходен кислород

Лидерот на српската Либерално-демократска партија ЛДП, Чедомир Јовановиќ, се огласи на „Твитер“ од Клиниката за инфективни болести во Белград, каде...

Македонија20 часа

Петмина починати и 78 новозаболени од Ковид-19 во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 894 тестирања, а регистрирани се 78 нови случаи на...

Македонија21 час

(Видео) Санчез: Се надевам дека по 15 јули, Северна Македонија ќе остане со проевропска влада

Се надевам дека по изборите на 15 јули, Северна Македонија ќе продолжи со ваква проевропска влада, влада што ќе остане...

Регион22 часа

(Видео) И покрај забраната, Грција им дозволи влез на српските туристи кои со часови чекале на граница

Грција донесе одлука од денеска од 6 часот наутро повторно да ги затвори границите за Србија по порастот на бројот...

Топ22 часа

Притвор за двајцата скопјани што киднапираа Италијанка

Судот им определи притвор од осум дена на двајцата скопјани што киднапираа Италијанка. Тие се осомничени за кривично дело противправно...

Култура23 часа

Почина легендарниот композитор Енио Мориконе

Познатиот италијански композитор Енио Мориконе почина на 91-годишна возраст. Мориконе се смета за еден од највлијателните филмски композитори од доцните...

Македонија23 часа

Над 7.000 заразени со коронавирус во земјата

Бројот на заразени од коронавирус во земјата надмина 7.000 лица кога вчера беа регистрирани 115 новозаболени. Во моментот активни се...

Регион2 дена

Во Грција 25 новозаразени со коронавирус, осуммина се странски туристи

Грчките власти објавија дека регистрирале уште 25 заразени со коронавирус во изминатите 24 часа и дека нема смртни случаи. Од...

Досие