Контакт

Македонија

(Видео) Русковска бара да се одземат пасошите на осомничените

Објавено пред

Утре ќе бидат повикани во судот останатите осомничени во најновата истрага за невладината организација на Бојан Јовановски (Боки 13) рече обвинителката Вилма Русковска.

Таа бара од судот да им биде одземен пасошот, еднаш неделно да се јавуваат во судот и да им биде изречена забрана да го напуштаат Скопје.

Утре ќе биде поднесено и обвинението за „Рекет“ за тројцата обвинети Катица Јанева, Бојан Јовановски и Зоран Милески Кичеец.

„Завршените вештачења на одземените предмети даваат клучни докази. Зборувам за обвинението кое утре ќе го поднесувам и тие осомничени. Пронајдовме многу битни докази“, рече обвинителката.

Русковска кажа дека за најновата истрага не биле користени ПИ мерки и дека ќе бара продолжување на притворот за Јанева, Јовановски и Милески.

Македонија

Вајгл: ЕУ ја измами Северна Македонија, ова е неприфатливо за која било земја ниту за Франција

Објавено пред

Поранешниот словенечки пратеник во Европскиот парламент и известувач за земјава, во периодот од 2014 до 2019 година, Иво Вајгл, во интервју за Еуропијан Вестерн Балканс, го критикува неотворањето на пристапни преговори со Северна Македонија и неуспехот на ЕВропскиот совет да даде датум за нашата земја да ги почне преговорите.

Според него, катастрофалната одлука на Унијата го поткопува нејзиниот кредибилитет и нејзините институции кај сите земји со кандидатски статус.

„Би рекол дека ова едноставно е измама. Ова не е прифатливо за која било земја дури и за Франција, да блокира ваква работа против желбите на сите, дури и ја засрамува Европската унија, рече Вајгл.

Тој потсетува дека беше еден од потписниците на предлогот за доделување на Нобеловата награда за мир на Алексис Ципрас и Зоран Заев, посочувајќи дека Договорот од Преспа е еден од ретките позитивни случаи во овој дел од светот со кој еден сложен политички проблем беше решен на демократски начин.

„И некој сега тоа го фрли во корпа за отпадоци и ги обезвредни напорите на овие државници, со што потврди дека оние кои беа против овие договори се во право“, вели Вајгл.

Според него, ова испраќа лоша порака до оние кои работат на слични договори во регионот.

„Тие ќе се запрашаат себеси ако ЕУ може, зошто не и ние? На овој начин кредибилитетот на европската политика, воопшто, е поткопан“, нагласува поранешниот европратеник Иво Вајгл.

Прикажи повеќе...

Македонија

Без вода утре дел од населбата Маџар Маало

Објавено пред

Поради изведување на водоводен приклучок на водоводна мрежа со пречник од ф-2“(цола), на ул. Вардарска бб, утре прекин во водоснабдувањето ќе имаат корисниците од дел од населбата Маџар Маало, ( потегот од ул. Вардарска до ул. Охридска ).

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со активностите. ( Општина Центар )

Прикажи повеќе...

Македонија

Конте: Преговорите за проширување на Балканот треба да почнат во ноември

Објавено пред

Италијанскиот премиер, Џузепе Конте порача дека Рим ќе предложи Европската Унија повторно во ноември да ги отпочне преговорите за проширување на блокот кој ги вклучува Албанија и Севена Македонија, откако ЕУ ги блокираше преговорите со овие две земји.

На прес конференција, Конте рече дека одлуката на лидерите на ЕУ на самитот во петокот да не им доволат на двете земји да отпочнат претпристапни преговори е историска грешка.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Конте: Преговорите за проширување на Балканот треба да почнат во ноември

Италијанскиот премиер, Џузепе Конте порача дека Рим ќе предложи Европската Унија повторно во ноември да ги отпочне преговорите за проширување...

Топ2 часа

Млад скопјанец се фрлил од вториот кат на зграда

Во Полициската станица Центар во вечерните часови на 20 октомври било пријавено дека на скопскиот булевар Кирил и Методиј едно...

Македонија4 часа

(Видео) Симовски: Нема попис во април, ќе се пролонгира

Април е непогоден термин за пописот и треба да се пролонгира, вели Апостол Симовски, директор на Државниот завод за статистика,...

Економија5 часа

Бензините поевтинуваат, цената на дизелот останува иста

Бензините од ноќеска на полноќ ќе поевтинат, додека цената на дизелот останува иста, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажната цена...

Македонија5 часа

Столтенберг телефонски разговараше со Заев: Со нетрпение ја очекувам Северна Македонија во НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на својот твитер-профил денеска напиша дека имал добар телефонски разговор со премиерот Зоран Заев...

Топ6 часа

Возило удри во две девојки – возачот прво побегнал, па потоа сам се пријавил во полиција

Две девојки се повредени во Скопје, кога возило удрило во нив на булеварот Кочо Рацин во Скопје. Возачот најпрво побегнал,...

Македонија7 часа

(Видео) Татко му на Боки 13: Не сум Сталоне па да тепам луѓе за една минута

Поради отсуство на скопската обвинителка Имран Османи, утрово во кривичниот суд беше одложено судењето за татко му на Боки 13,...

Свет8 часа

Студенти во Индија носат кутии на главите за време на испит за да нема измами

Индиските студенти носат кутии на главите за време на испитот за да спречат измама. Вакви фотографии се појавија во јавноста...

Европа8 часа

Aко планот на Џонсон не помине, ЕУ ќе го одложи брегзит до февруари 2020 година

Европската Унија ќе го одложи брегзит до февруари 2020 година, ако британскиот премиер Борис Џонсон не добие поддршка за неговиот...

Македонија9 часа

Земјотрес во Албанија, почувствуван во западните делови од нашата земја

Земјотрес со јачина од 3,1 степен синоќа ја погоди Албанија, а потресот бил почувствуван во западните делови на нашата земја,...

Свет10 часа

10 илјади полицајци на улиците на Чиле, приведени 1.462 демонстранти

По итен состанок доцна во неделата претседателот на Чиле, Себастијан Пињера, ја бранеше својата одлука да воведе вонредна состојба и...

Свет10 часа

(Видео) Ескалираше бранот насилство во Чиле, петмина загинаа во запалена фабрика

Пет лица загинаа откако фабрика за облека беше запалена од ограбувачи во близина на главниот град на Чиле, Сантијаго, среде...

Македонија21 час

(Видео) Мицкоски: По 3 јануари имаме техничка влада и нова реалност

Имаме нова реалност. На 3 јануари имаме нов технички премиер, а по изборите и нова влада, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ,...

Македонија22 часа

(Видео) Заев: Предвремени избори на 12 април

Дванаесетти април идната година е датумот на кој ќе се одржат предвремените избори, изјави претседателот на СДСМ и премиер, Зоран...

Македонија23 часа

Пендаровски: Имаме државен консензус за ЕУ, не размислуваме за алтернатива

Имаме јасен државен консензус, а тоа е дека Република Северна Македонија треба што поскоро да ги почне преговорите со Европската...

Топ1 ден

Стружанец пијан паднал од балкон и починал

Педесет и осумгодишен стружанец доцна синоќа починал по пад од незаграден балкон во неговиот дом. МВР соопшти дека мажот бил...

Топ1 ден

Мајка и ќерка нападнати од малолетници во автобус

Мајка и нејзината малолетна ќерка вчера биле физички нападнати од група на малолетни лица во автобус со бројот 21, што сообраќајл...

Македонија1 ден

Обвинителството ги демантира пишувањата на весникот „Ла Верита“

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција најостро ги демантира наводите изнесени денеска во италијанскиот весник „Ла...

Македонија1 ден

Следниот викенд почнува зимското сметање на времето

Ноќта сабота кон недела (26-ти и 27-ми октомври) часовниците треба да се вратат за еден час наназад. Поточно, во 3...

Македонија1 ден

Пановски: „Ла Верита“ пишува глупости, Заев не барал одмрзнување на 750.000 евра

Обвинителот во Јавното обвинителство за гонење организиран криминал, Наум Пановски ги демантира пишувањата на италијанскиот весник „Ла Верита“ за инволвираност...

Досие