Контакт

Македонија

(Видео) Русковска: Ќе бидат обвинети нарачателите кога ќе има цврсти докази

Објавено пред

Вилма Русковска

Обвинителството продолжува со предистражната постапка и собира докази и за други лица што сметаме дека се одговорни за настаните од 27 април минатата година, изјави обвинителката Вилма Русковска по првото рочиште за крвавиот четврток.

Таа рече дека Обвинителството има предложено околу 36 сведоци и дека има многу материјални докази, како што се снимките од внатре во Собранието, снимките од мобилни телефони и од телевизиските куќи, како и снимки од камерите во Стопанска банка, каде што се гледа собирањето на групата во „Дион“ и нивното тргнување кон Собранието.

На новинарско прашање кој ја има централната улога во упадот, Русковска рече дека секоја од групите: напаѓачи, припадници на МВР, пратеници и организатори, имале своја централна фигура.

На прашањето зошто не е обвинет телохранителот на Никола Груевски, кој комуницирал на 27 април со својот брат Александар Василевски – Нинџа, обвинителката одговори дека Обвинителството не може да работи со претпоставки и озборувања. „Кога ќе имаме цврсти докази и за организаторите, или нарачателите, како што вие ги нарекувате, тогаш тие ќе бидат обвинети. Досега се обвинети само лицата за кои имаме цврсти докази“, рече Русковска.

Русковска рече дека досега немала закани и притисоци во врска со судењето и дека нема намера да побара обезбедување. Судењето за крвавиот четврток продолжува со рочишта и утре и задутре.

Македонија

СЈО ќе бара притвори за обвинети, по бегството на Груевски

Објавено пред

Специјалното јавно обвинителство од надлежниот суд ќе бара притвор како мерка за обезбедување  присуство за лица кои се обвинети во повеќе случаи и се товарат за тешки кривични дела, неофицијално дознава ,,Макфакс”. Ова ќе следува откако по четврти пат обвинет, односно осуден во предметите на СЈО бега од државата кога судот носи одлука за притвор, односно издржување на затворска казна. СЈО и досега, за обвинети во нивните предмети, од надлежните судови бараше мерки за обезбедување присуство, како конфискација на имот, притвори, одземање  патни исправи.

Претходно, бизнисменот Сеад Кочан беше во бегство и се бараше со меѓународна потерница, во време кога СЈО за него бараше притвор. Предметот ,,Труст”, каде бизнисменот е обвинет, се разгледуваше во кривичниот суд, Апелациониот па во Врховниот суд. Токму тој период бил доволен за Кочан да замине од државата, а враќањето беше кога највисокиот суд одлучи бизнисменот да се брани од слобода, со помош на парична гаранција.

Но, сѐ уште на слобода се поранешните вработени во УБК, Никола Бошкоски и Горан Грујевски, на кои Апелациониот суд им одреди притвор. Двајцата се обвинети од СЈО за нелегално прислушување на илјадници граѓани преку злоупотреба на системите за следење во МВР и за физичко уништување на системите со кои се прислушувало. Двајцата седат во Грција, а тамошниот суд одби да ги екстрадира. Бошкоски и Грујевски сега бараат политички азил во Грција, додека, па,к СЈО поднесе ново барање за екстрадиција за кое дополнително ќе одлучуваат надлежните органи во земјата.

Последно, по пресудата за случајот ,,Тенк” илегално земјата ја напушти и експремиерот Никола Груевски, кој е осуден на две години затвор за случајот ,,Тенк”. Тој е во Унгарија, каде бара политички азил, за кој дополнително тамошните власти треба да одлучуваат.

МВР во меѓувреме, по барање на судот, распиша меѓународна потерница за Груевски. Веста дека ја напуштил земјава и се наоѓа во Будимпешта тој денеска напладне ја соопшти на „Фејсбук“.

Прикажи повеќе...

Македонија

Распишана меѓународна потерница за Груевски

Објавено пред

Судот донел одлука за распишување меѓународна потерница за поранешниот премиер Никола Груевски, по информацијата дека тој се наоѓа во Унгарија. На сајтот на МВР веќе е објавена меѓународната потерница по Груевски.

Ваквата мерка се презема откако Министерството за внатрешни работи потврди дека Груевски е во Унгарија каде што побарал азил.

,,По направените соодветни проверки, Министерството за внатрешни работи утврди дека лицето Никола Груевски, кое се бара заради извршување на казна затвор во траење од две години за сторено кривично дело ‘примање награда за противзаконито влијани’, се наоѓа во Република Унгарија. Министерството за внатрешни работи на Република Македонија доби и потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Република Унгарија и дека побарал азил”, се вели во соопштението.

Министерството за внатрешни работи го информирало Основниот суд Скопје 1, по што Судот издаде решение за распишување меѓународна потерница за осудениот експремиер Никола Груевски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Земјотресот во Црна Гора почувствуван и во земјава

Објавено пред

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денеска во 14:47 часот регистрираше земјотрес, чиј епицентар се наоѓа 180 километри западно од Скопјe, во соседна Република Црна Гора.

Неговата Рихтерова магнитуда изнесува 4.4, а беше почувствуван од населението во западниот дел на земјава со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 минути

СЈО ќе бара притвори за обвинети, по бегството на Груевски

Специјалното јавно обвинителство од надлежниот суд ќе бара притвор како мерка за обезбедување  присуство за лица кои се обвинети во...

Македонија32 минути

Распишана меѓународна потерница за Груевски

Судот донел одлука за распишување меѓународна потерница за поранешниот премиер Никола Груевски, по информацијата дека тој се наоѓа во Унгарија....

Македонија2 часа

МВР потврди – Груевски е во Унгарија, побарал азил

Поранешниот премиер Никола Груевски е во Унгарија, каде што побарал азил, потврди Министерството за внатрешни работи. ,,По направените соодветни проверки,...

Македонија3 часа

Унгарската влада не потврдува дали Груевски бара азил во Будимпешта

Унгарската влада ниту потврдува ниту демантира дека бившиот премиер Никола Груевски бара азил во Унгарија. Во краткиот одговорот на прашањата...

Истражувања5 часа

(ВИДЕОИСТРАЖУВАЊЕ) Како Груевски го купуваше имотот на ВМРО-ДПМНЕ

Доколку и официјално се потврдат информациите дека поранешниот премиер Никола Груевски навистина е во бегство надвор од државата, како што...

Македонија5 часа

Кривичниот суд: СЈО ниту еднаш не побара притвор за Груевски

На обвинетиот Никола Груевски му се одзмени и личниот и дипломатскиот пасош и тие сè уште се наоѓаат во судот,...

Крвав четврток6 часа

Вељаноски до Мукоски: Човекот ми кажа дека од камерите кај вратите речиси и ништо не се гледа

На 28.4.2017 во 14.24 часот, поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, му испратил порака на Крсто Мукоски со содржина: „Човекот...

Македонија6 часа

Арсовски: Немаме контакт и информации каде е Никола Груевски

ВМРО-ДПМНЕ не знае дали Никола Груевски е во Будимпешта. Портпаролот на партијата, Димче Арсовски, рече дека не знае каде се...

Македонија7 часа

Груевски на „Фејсбук“: Јас сум во Будимпешта, побарав политички азил

Според статус објавен на официјалната фејсбук-страница на поранешниот премиер Никола Груевски, тој избегал во Будимпешта, каде што побарал азил од...

Крвав четврток7 часа

Албанец го известувал Чавков дека се спрема изгласување претседател на Собранието

Во пораките пронајдени од вештачењето на мобилниот телефон на поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, пронајдена е вибер-комуникација, во која...

Македонија9 часа

(Видео) Спасовски: Одговорноста барајте ја кај судиите

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, рече дека не размислува за оставка од функцијата по синоќешниот неуспешен обид на полицијата...

Свет9 часа

(Видео) Хамас лансира над 400 ракети кон Израел во најжестокиот борбен судир од 2014 година

Палестинските милитанти утрово кон Израел лансираа најмногу ракети од конфликтот во 2014 година предизвикувајќи израелски воздушни напади врз телевизијата на...

Македонија10 часа

Мијалков: Не знам каде е Груевски

Поранешниот директор на УБК и прв братучед на Никола Груевски, Сашо Мијалков, пред почетокот на денешното рочиште за случајот „Титаник...

Европа10 часа

(Видео) 15-годишно девојче се бори за живот по сообраќајната несреќа на автобус во Лондон

Дваесет лица беа повредени, од кои едно лице доби тешки повреди во сообраќајната несреќа на еден автобус во лондонската област...

Свет10 часа

(Видео) Расте бројот на загинати во пожарот во Калифорнија

Пожарите што беснеат веќе неколку дена во Калифорнија беа прогласени за најсмртоносни во земајата и досега однесоа најмалку 42 човечки...

Македонија11 час

СДСМ: Груевски го допре дното

Груевски го допре дното, но нема да побегне од одговорност, велат од СДСМ. Од партијата велат дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ,...

Економија12 часа

Од денеска пониски цени на горивата

Од ноќеска на полноќ цената на бензините се намали 4 и 4,5 денари, а на дизелот 3 денари, соопшти Регулаторната...

Македонија12 часа

Мицкоски се сомнева дека власта не знае каде е Груевски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се сомнева дека власта не знае каде се крие неговиот претходник Никола Груевски кого полицијата...

Македонија20 часа

Јанушев: Груевски не се крие во седиштето на партијата

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција во врска со потерата за експремиерот Никола Груевски, рече дека ова што се случува...

Македонија1 ден

СЈО: Во случајот „Империја“ испрани се речиси 11 милиони евра

Во случајот „Империја“ на специјалното јавно обвинителство испрани биле речиси 11 милиони евра, а буџетот на Република Македонија бил оштетен...

Досие