Контакт

Македонија

Савески: Го ослободија Павле Богоевски, нас нè влечат по судови

Објавено пред

Здравко Савески, активистот на Левицата, на својот профил на „Фејсбук“ напиша дека поради отсуство на обвинителката Снежана Бундалевска-Георгиевска, денеска во кривичниот суд во Скопје повторно било одложено рочиштето за него и за Владимир Куноски. Тие заедно со Мариглен Демири се обвинети за демолирање на канцеларијата на претседателот Иванов за време на протестите на шарената револуција.

Савески на „Фејсбук“ напиша: „Пак ни го одложија судењето! Речиси две и пол години нè влечат за ништо по судови. СДСМ ќе дозволел независно обвинителство? А бе ајде. Обвинителката, немајќи аргументи и докази, намерно прибегнува кон одолжување на процесот бидејќи таков партиски налог доби. А јаки ми се провладините медиуми и организациите за човекови права. Молк за нашето малтретирање по судовите! Го ослободија Павле и замолкнаа! Нас што нè влечкаат по судови – не е важно! Не сте со нас – што ни е гајле за вашите човекови права! Берете ум луѓе, не само што не се променија работите туку набргу ќе станат уште полоши. Кој може, нека бега од земјата. Овде веќе нема иднина“.

Како што претходно објави „Макфакс“, скопските обвинители постојано ги одлагаат рочиштата за обвинетите во шарената револуција поради разни причини. Рочиштето за Мариглен Демири, кое го суди судијката Славица Андреевска, е закажано за 28 месецов.

Македонија

Директорот на Шутка: Постои можност Ченто да го внел мобилниот телефон преку чуварите

Објавено пред

Директорот на КПД „Скопје“ во Шуто Оризари, Ѓоко Котевски, не ја исклучува можноста вработените во затворот да се замешани во врска со набавката на недозволените предмети кои викендов беа пронајдени во ќелијата на Јане Ченто, обвинет за случувањата од 27 април во Собранието на РМ.

Котевски за „Макфакс“ вели дека моментално се врши внатрешна истрага во затворот во Шуто Оризари со цел пронаоѓање на инволвираните кои му помогнале на Ченто да добие мобилен телефон, полнач, импровизиран кабел за полнење и останати недозволени предмети.

„Моментално немам одговор на тоа како Ченто ги внел недозволените работи во ќелијата, имаме внатрешна контрола, работиме на разрешување на случајот. Се надевам набрзо ќе се дознае, не се исклучува можноста вработените да бидат вмешани во ова“, вели Котевски.

„Макфакс“ стапи во контакт и со сестрата на Јане Ченто, која рече дека не знае многу за настанот, но пријатели кои имаат познаници во овој затвор ја информирале дека најверојатно некој од чуварите помогнал нејзиниот брат да го внесе мобилнот телефон.

Минатиот петок службените лица издале наредба Ченто да ги предаде недозволените предмети што  ги поседувал на што тој се спротивставил и пружил активен и насилен отпор. На ова службените лица, како што вели директорот Котевски, реагирале со зафат согласно со утврдените професионални протоколи и процедури предвидени за претрес на соби, по што телефонот и останатите недозволени предмети му биле одземени. Ченто поминал без посериозни повреди, со црвенило на кожата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Нимиц: Со нетрпение го очекувам завршувањето на процесот од договорот од Преспа 

Објавено пред

Метју Нимиц, специјалниот посредник на Обединетите нации во спорот за името, во својата писмена изјава покрај честитката која ја упати до македонскиот Парламент за ратификацијата на договорот од Преспа, ја повика и Грција да го стори истото.

„Овој историски договор меѓу двета соседни земји ја отвора вратата за нов однос меѓу нив и за поцврста основа за мир и безбедност на Балканот. Со нетрпение го очекувам завршувањето на процесот како што е наведено во договорот од Преспа”, посочува Нимиц, додавајќи дека Обединетите нации остануваат посветени на соработката со двете страни за конечно решавање на разликите меѓу нив.

Прикажи повеќе...

Македонија

Поради магла намалена видливоста во Македонски Брод, Делчево и Страцино

Објавено пред

Поради појава на магла намалена е видливоста од 50 до 100 метри во Македонски Брод, Делчево и Страцино, инфомираат од Авто-мото сојузот на Македонија и додаваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се наместа влажни, па поради ниските температури карактеристични за вечерните и утринските часови постои можност и од појава на голомразица.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 минути

Директорот на Шутка: Постои можност Ченто да го внел мобилниот телефон преку чуварите

Директорот на КПД „Скопје“ во Шуто Оризари, Ѓоко Котевски, не ја исклучува можноста вработените во затворот да се замешани во...

Економија34 минути

Поскапуваат бензините и дизелот

Цените на бензините и дизелот од ноќеска на полноќ се зголемуваат за 2,5, односно 3,5 денари, соопшти Регулаторната комисија за...

Бегството на Груевски44 минути

(Видео) Груевски повторно „уловен“, овој пат на шопинг во Будимпешта

Експремиерот Никола Груевски вчеравечер бил на шопинг во трговски центар во Будимпешта. Како што објавуваат унгарските портали, во времето кога...

Бегството на Груевски2 часа

(Видео) Телохранителите на Груевски сослушани за неговото бегство, роднините нема да се сослушуваат

Роднините на Груевски нема да бидат повикани да дадат исказ пред Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција за неговото...

Вести2 часа

(Видео) Трамп, Макрон и Меј го откажаа учеството на економскиот форум во Давос

Подготовките за Светскиот економски форум во Давос, кој ќе почне на 22 јануари и ќе трае до петок, 25 јануари,...

Гордана Јанкулоска, судење, Титаник Гордана Јанкулоска, судење, Титаник
Македонија2 часа

Апелациските судии в понеделник ќе одлучуваат за затворската казна на Јанкулоска

В понеделник, на 28 јануари, во 9:30 минути, во Апелацискиот суд во Скопје треба да се одржи рочиштето за пресудата...

Свет2 часа

(Видео) Израел објави видео од ракетните напади врз Сирија

Израелската војска објави видео на кое се забележани воздушните напади врз Сирија. Цел на нападите биле иранските сили. During our...

Македонија3 часа

Груевски ја повлече тужбата за клевета за Заев со која првично бараше половина милион евра

Утре нема да се одржи судско рочиште за тужбата за клевета и навреда од бегалецот Никола Груевски против премиерот Зоран...

Регион4 часа

Повредени новинари на протестите во Атина: Нападот беше испланиран

Грчката државна телевизија ЕРТ соопшти дека непознати лица за време на вчерашните протеsти во Атина ја нападнале нејзината екипа, а...

Свет5 часа

(Видео) Супер волшебна месечина: Ретко целосно затемнување на небото во северната хемисфера

Илјадници луѓе на северната хемисфера се бореа со ниските температури за да го видат целосното затемнување на Месечината, феномен познат...

Свет5 часа

Поради снежна бура во САД откажани 5 000 летови

Поради снежната бура и последиците од естремно ниските температури што ги зафатија сојузните држави во централните и северноисточните делови на...

Свет7 часа

„Кликни за молитва“ : Папата Франциско промовираше католичка мобилна апликација

Папата Франциско лансираше нова дигитална платформа во своето традиционално неделно обраќање што ќе им овозможи на верниците да се молат...

Македонија20 часа

Со мерките за загаденоста, властите се борат со последиците наместо со проблемот

Над 150 деца во моментов се хоспитализирани на Детската клиника, а голем дел од нив се соочуваат со респираторни нарушувања...

Македонија22 часа

Поради големото загадување на воздухот, се продолжува распустот за сите ученици

Поради големото загадување на воздухот, се продолжува зимскиот распуст за сите ученици заклучно со вторник 22 јануари, соопшти Владата на...

Македонија22 часа

„Никоб“: Обврската на вработените е да обезбедуваат, а не да напаѓаат новинари

Националната агенција за обезбедување „Никоб“ и годинава традиционално ја обезбедуваше манифестацијата на положување на Светиот Крст во водите на Вардар....

Спорт23 часа

Македонија се намачи, но го победи Чиле

Македонија официјално го заврши настапот на Светското првенство во ракомет во Германија и Данска со пласман на 15. место, откако...

Македонија1 ден

Бесплатен јавен превоз, поскап паркинг и запирање на градежните работи поради загадувањето

Наместо градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, на прес-конференција денеска се појави неговиот портпарол Ваљон Салиху кој ги соопшти чекорите...

Свет1 ден

Британците го молат принцот Филип да ја врати возачката дозвола

Војводата од Единбург е забележан како вози нов „Ленд Ровер“, два дена откако учествуваше во сообраќајна несреќа на пат во...

Свет1 ден

(Видео) Ужас во француски ски-центар, две лица изгореа во пожар во хотел

Најмалку две лица загинаа а повеќе се повредени во пожар кој изби во хотел рано утрово, во ски ресортот Куршевел...

Свет1 ден

(Видео) Силен земјотрес во Чиле, двајца загинати и илјадници без струја

Силен земјотрес со интензитет од 6,7 степени по Рихтер го погоди средишниот и северниот дел на Чиле. Најмалку две лица...

Досие