Македонија
Саливан: Уверен сум дека Македонија набргу ќе стане членка на НАТО

Заменик-државниот секретар на САД, Џон Саливан, изрази увереност дека Република Македонија набргу и заслужено ќе биде следната нова членка на НАТО. Саливан, кој денеска престојува во посета на Македонија, имаше средба со министерот за надворешни работи, Никола Димитров. Како што соопшти МНР, на средбата биле потврдени партнерските односи меѓу двете земји и натамошната силна поддршка на САД за евро-атлантските перспективи на Република Македонија.
„Димитров се осврна на актуелната завршна фаза од процесот на имплементација на договорот од Преспа и предизвиците на тој пат нагласувајќи дека неговото успешно спроведување ќе ја потврди одлучноста на Македонија да биде стабилен, предвидлив и партнер способен самостојно да се справува со предизвиците“, сооптшија од МНР по средбата. Тој додал дека покрај конструктивниот пристап кон соседите, Република Македонија изминатиов период вложува силни напори да прерасне во вистинска европска демократија преку реформи за градење одговорни институции, слободни медиуми и владеење на правото.
Заменик-државниот секретар Саливан истакна дека целта на неговата посета е да ја реафирмира американската поддршка на историскиот пат на интеграцијата на Република Македонија кон ЕУ и НАТО.
„Тој ги поздрави храброста и одлучноста при решавањето на спорот за името со Грција, како и конструктивниот пристап во односите со сите соседи изразувајќи увереност дека Република Македонија набргу и заслужено ќе стане следна нова членка на НАТО“, соопштија од МНР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Жирафата Флопи угиналa како резултат на агресивен карцином кој метастазирал и на белите дробови, соопшти ЗОО Скопје

По добиените официјални резултати од обдукцискиот протокол за угинувањето на жирафата Флопи, од ЗОО Скопје соопштија дека врз основа на патохистолошки наод, и микробиолошкиот и молекуларен наод од Факултетот за ветеринарна медицина е добиен заклучок во кој се констатира дека жирафата Флопи угинала како резултат на малиген тумор во црниот дроб и метастази во белите дробови.
„Оваа подмолна болест е една од најфаталните во 21 век, од која како и луѓето, страдаат и голем број животни. Ракот на црниот дроб се смета за „тивок убиец“, а кај Флопи агресивен карцином веќе метастазирал и во белите дробови, кој тешко се дијагностицира во рана фаза.
Се уште сме тажни поради оваа голема загуба, бидејќи во ЗОО Скопје вработените и животните, сите заедно, сме едно големо семејство. Флопи ќе го паметиме по неговата грациозност, специфичните шари на телото, неговата голема љубов кон зоонегувателите и посетителите, како и по мирниот карактер. Еден дел од нашите срца засекогаш ќе остане празен после неговото заминување“, се истакнува во соопштението од ЗОО Скопје.
27.11. 2023 година, како што велат, за нив бил трагичен ден.
„Прво со веста за починувањето на нашиот сакан колега Ристе, а неколку часа подоцна за жал не напушти и жирафата Флопи, и покрај сите напори, грижа и максимална ангажираност на сите вработени во ЗОО Скопје кои деноноќно се грижеа за неа“, се истакнува во информацијата.
Македонија
Првото селфи на слобода, објави Боки 13

Бојан Јовановски, познат како Боки 13 објави фотографија од пред Соборниот храм во Скопје.
На социјалните мрежи напиша дека ова му е прво селфи на слобода по 4 години.
Прво селфи на слобода после повеќе од 4 години. Господ на помош , прво и најважно здравје а потоа се ќе си дојде на свое место“, пишува Боки 13.
Тој неодамна излезе од затвор поради здравствени проблеми.
Беше осуден во предметот Рекет.
Сервисни информации
Поради снег, забрана за товарни возила на „Ѓавато“

Од АМСМ информираат дека поради врнежи од снег се воведува забрана за тешки товарни возила на превојот „Ѓавато“
„Oд 18:35 часот на магистралниот пат А-3, Битола-Ресен на планинскиот превој „Ѓавато“, поради обилни врнежи на снег и задржување на истиот на коловозот, воведена е забрана за движење на ТМВ, се наведува во официјалното соопштение.