Македонија
Сајкоски: Пендаровски пет години беше статист и ги премолчи сите штетни процеси, Силјановска-Давкова ќе биде заштитник на Македонија
Веќе се чувствува дека доаѓаат промените во Македонија, но мора да потенцирам дека изминативе 7 година тука во овој регион ништо не се инвестираше, не само што имаме пад на институциите, ние имате руинирана инфраструктура, нула инвестиции, распад на системот и тоа мора да го смените, затоа повикуваме на 24 април и на 8 мај, приклучете се кон промените и големата победа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, изјави генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, и носител во ИЕ 5, Ѓорѓија Сајкоски на вечерашниот митинг во Ресен.
Сајкоски истакна дека тоа ќе биде победа на народот против неправдите, но „за да донесеме силни институции и претседател каков што заслужува Македонија, мора да се избориме и да излеземе максимално на овие избори“.
„Сакам да направам една споредба, сегашниот претседател велат дека надлежностите му биле ограничени или ги немал и затоа се однесувал вака или така. Сакам да порачам дека Македонија памети дека имала претседатели, но изминативе 5 години немаме претседател, туку имаме статист кој ги премолчи сите процеси изминатиот период и кој наутро зборува едно, после пладне друго, а навечер ги демантираше двете работи“, рече Сајкоски.
Сајкоски нагласи дека неопходно е да се напраат промени кои ќе ја носат земјата кон подобра иднина.
„Секој ден на Пендаровски му е Европа во устата, а нема посета на европски лидери, не посети ниту еден европски лидер, а од друга страна, Македонија не ја посети ниту еден европски лидер. Затоа ние се стремиме и мора да донесеме претседателка која ќе ја води државата и која ќе биде заштитник на интересите на народот, интересите на македонските граѓани тука и ќе ја промовира Македонија надвор. Мора да донесеме голема победа, победата за ВМРО-ДПМНЕ е победа за Македонија“, потенцираше Сајкоски.
Сајкоски нагласи дека иден претседател е Гордана Силјановска Давкова, а иден премиер Христијан Мицкоски затоа што ВМРО-ДПМНЕ ја има народната поддршка.
„Останаа уште неколку недели до големата победа која ќе донесе раст, развој, правда, ќе донесе борба против криминал и корупција и надеж дека во Македонија може да се работи“, изјави Сајкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 12:00 часот, корисниците на улиците: Урош Џудовоќ, Осло, Будимпештанска, Лубица Георгиева (Општина Карпош)
Македонија
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на висок воздушен притисок продолжува периодот на претежно сончево и тивко време. Во ноќните и претпладневните часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност.
Македонија
Зимзоленд: Продолжуваме со работа, шпекулација е дека настанот ќе биде затворен
Од Зимзоленд велат дека продолжуваат со работа и дека информациите за неговото затворање се шпекулации.
„Во последните часови на одредени медиуми се појавија неточни информации и шпекулации дека Зимзоленд ќе биде затворен. Ве информираме дека ова не е точно. Зимзоленд продолжува да работи со редовно работно време“, се наведува во јавното соопштението.
Во него се додава дека е точно дека во претходните денови имало инспекциски надзори, но велат дека до надлежните служби била доставена целосната и потребна документација.

