Контакт

Македонија

Свадба со 200 гости во Арачиново, полицијата најави пријави

Објавено пред

Државниот пазарен инспекторат и полицијата растурија свадба во Арачиново со 200 гости и најавија кривични пријави за непочитување на мерките против коронавирусот.

Според информациите на МВР, вчера околу 21 часот полициски службеници од СВР Скопје и инспектори од Државниот пазарен инспекторат извршиле контрола во врска со почитување на мерките за заштита од коронавирусот во угостителски објект во скопско Арачиново.

Во објектот се одржувала свадба, на која биле затекнати 200 лица. Од страна на Државниот пазарен инспекторат и Министерството за внатрешни работи ќе бидат поднесени соодветни поднесоци за непочитување на мерките во врска со Ковид-19.

Македонија

Ученици на Царовска ѝ презентираа концепт за тоа како го замислуваат средното образование

Објавено пред

Група средношколци од скопската гимназија „Орце Николов“, денес, на министерката за образование и наука, Мила Царовска, ѝ презентираа целосно нов концепт за тоа како тие го замислуваат реформираното средно гимназиско образование.

Станува збор за документ изготвен од тим ученици како дел од проектот „Имам став“ во организација на Парламентарниот институт при Собранието.

Концептот што средношколците го понудија предвидува задолжителни и изборни предмети, дигитализација на евиденцијата за отсуства и темелни промени во начинот на оценувањето на знаењето на учениците.

Министерката Царовска на состанокот посочи дека во процесот на создавањето на новиот концепт на средното образование добредојдени се сите иницијативи и идеи од учениците, наставниците и родителите бидејќи новиот модел на образование треба да ги научи учениците критички да размислуваат и да носат одлуки врз основа на анализа и факти.

„Нашите клучни партнери се учениците, наставниците и родителите. Сите заеднички ќе работиме на создавање на најдобриот модел што ќе го имплементираме“, рече Царовска.

Прикажи повеќе...

Македонија

Речиси 170 слободни кревети во ковид-центрите во земјата

Објавено пред

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците во земјата е пријавено дека се лекуваат вкупно 821 пациент позитивни и суспектни на коронавирусот, информираат од Министерството за здравство.

„Во болницата во Битола се хоспитализирани 75 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 56 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 45 пациенти, во Велес се лекуваат 64 болни, а во Куманово 109 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 111 пациенти, во Прилеп – 104, во ковид-центарот во Гостивар – 45, а во Струга – 32 болни. Во болницата во Струмица лежат 87 пацинети, во Кочани 26, во Кичево 18, Кавадарци 39, а во Гевгелија 10 лица позитивни на коронавирусот“, се наведува во извештајот на болниците, а Министерството напоменува дека бројките се менуваат од час наво час според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот што се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците во земјата е 1.291 и има речиси 170 празни болнички кревети во ковид-центрите.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Арсовски: Доколку немавме корумпиран картел на власт, бугарското вето немаше да се случи

Објавено пред

Владата на Зоран Заев и СДСМ е тотално изгубена. Ветото за почеток на преговорите ја извади на виделина целата нивната неспособност и во сегментот на надворешната политика, рече денеска на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„Заев и Димитров сe одговорни за сите договори, сите отстапки од националните интереси ги правеа во име на Европската Унија, а сега говорат за план Б. Но, кој е тој план Б? Има ли пилот во Владата? Зошто Македонија го менуваше уставното име и дали го смени само за да добие уште едно ново вето“, запраша Арсовски.

Според него, целата јавност им посочувала на владините функционери дека договорите со соседните земји се штетни и не гарантираат европска иднина.

„Затоа и ги прашуваме ако сега имаме вето и ако власта на СДСМ е свесна дека погрешила, што ќе направи со договорите? Европската иднина се гради со реформи, а не со пазарџиско лажење и лажни ветувања“, нагласи портпаролот на опозициската партија.

Тој оцени дека во изминатите години Македонија станала најкорупмирана држава во Европа, а Заев станал синоним за корумпиран политичар.

„Македонија да имаше Влада со европски вредности, а не корумпиран картел на власт, бугарското вето немаше да се случи“, додаде Арсовски и порача дека излезот од оваа ситуација е само оставки од Заев, Димитров и од Шекеринска и формирање влада на национален спас.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Филипче: Хоспитализацијата на пациентите во ниту еден случај не зависи од нивната возраст

Министерот за здравство, Венко Филипче, утрово од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) побарал да извршат вонреден инспекциски надзор за...

Регион3 часа

Црна Гора трета во светот по бројот на заболени од коронавирус

Црна Гора е на трето место во светот според бројот на заболени од коронавирус на милион жители, според податоците на...

Европа4 часа

СЗО: Европа ќе биде погодена од трет бран на коронавирусот на почетокот на 2021 година

Светската здравствена организација стравува дека Европа може да се соочи со трет бран на коронавирусот на почетокот на 2021 година...

Македонија5 часа

Спасовски се излекува од коронавирусот и се врати на работа

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, се излекува од коронавирусот и од денеска се врати на работното место. Тој на...

Регион5 часа

Со коронавирус заразен епископот Давид, кој ја водеше литургијата на погребот на Иринеј

Српскиот епископ Давид е заразен о1д коронавирус и се наоѓа во Центарот за клинички болници (КБЦ) „Д-р Драгиша Мишовиќ“, објави...

Македонија5 часа

Неделава почнува изведбата на модуларната болница во Гевгелија

Кон крајот на неделава почнува изведбата за конструирање на модуларната болница во Гевгелија. Како што информираат од Министерството за здравство,...

Европа6 часа

Саркози на суд поради корупција

Поранешниот француски претседател, Никола Саркози, ќе се појави на суд денес поради обвиненија за корупција и злоупотреба на влијание. Ова...

Регион6 часа

Хрватите почнуваат масовно тестирање со брзи тестови

Денес, во Загреб почнува масовно антигенско тестирање на коронавирусот, чиј наод се добива за 15 минути. Целта е да се...

Европа6 часа

Шпан: Германија може да почне со вакцинација против коронавирусот во декември

Германија може да почне со вакцинирање на граѓаните против коронавирусот веќе следниот месец, најави германскиот министер за здравство, Јенс Шпан....

Македонија7 часа

Лекот „фавира“ пристигнува во македонските аптеки

Лекот „фавира“ или „фавимол“, со генеричко име „фавипивир“ неделава ќе биде достапен во македонските аптеки кога Агенцијата за лекови и...

Свет8 часа

Оксфордската вакцина против коронавирусот е 70 проценти ефикасна

Тестовите покажаа дека вакцината за коронавирус развиена од Универзитетот во Оксфорд е 70 проценти ефикасна во спречување на заразата, пренесува...

Свет8 часа

(Видео) Напад во црква во Калифорнија, најмалку двајца убиени

Две лица се убиени, а неколкумина тешко повредени во црква во калифорнискиот град Сан Хозе кога непознат маж ги нападна...

Свет8 часа

УНИЦЕФ на сиромашните земји ќе им испрати две милијарди дози вакцини

Земјите во развој ќе добијат речиси две милијарди дози вакцина против Ковид-19 в година, објави Агенцијата за деца на ООН....

Свет19 часа

Британија ќе ја прекине блокадата, намален бројот на нови инфекции

Британскиот премиер Борис Џонсон планира да ја прекине блокадата низ Англија, која е предвидено да трае до 2 декември и...

Македонија20 часа

Во Македонија се регистрирани нови 1.112 заболени и 24 починати од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2553 тестирања, а регистрирани се 1112 нови случаи на...

Македонија20 часа

Старата „Систина“ ќе биде ковид-центар, лекувањето на трошок на државата

Министерот за здравство, Венко Филипче, вечерва по состанокот со сопствениците на приватните болници на „Жан Митрев“, „Систина“ и „Ремедика“, истакна...

Свет20 часа

Првите Американци ќе ја примат вакцината против Ковид-19 на 11 декември

Првите Американци ќе ја примат вакцината против Ковид-19 на 11 декември, изјави шефот на американската програма за вакцина против коронавирус,...

Свет21 час

Протести во Германија против ограничувањата поради коронавирусот

Во Германија денеска се одржа протест против ограничувањата поради коронавирусот. Протестот, на кој имаше нереди, беше прикажуван во живо на...

Регион23 часа

За 24 часа во Србија починале 31 човек, рекорден број пациенти на респиратор

Во последните 24 часа во Србија починале 31 човек, а регистрирани се нови 4.995 случаи на коронавирус. Од последниот пресек...

Македонија1 ден

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 824 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 824 пациенти позитивни...

Досие