Контакт

Македонија

Сведок во „Титаник“: Готовите лични карти на жителите на Пустец ги подигал Пепиќ

Објавено пред

Сведокот Енес Али во сведочењето за случајот „Титаник” потврди дека во периодот од октомври 2012 година до април 2013 година, добил плико од надредената со барања за издавање лични карти на жители од Гора и Пустец, а готовите лични карти ги подигал лично Мунир Пепиќ, кој се потпишувал на образецот. Али рече дека таа ситуација била поинаква од дотогашната пракса во МВР.

„Советничката Оливера Димчева ми донесе плико во кое имаше барања и апликации за сликање  странки. Во нив недостасуваа решенија за жителство. Ми беше кажано да бидат одобрени тие барања, а дополнително ќе ми кажат за што се. Јас ги одобрив барањата. Тие барања првин беа малку, а по извесно време почнаа да бидуваат во поголем број. Јас ги одобрував и ги враќав кај советничката. Првите беа од Гора, а потоа и од Пустец. Добиваа лични карти во општина Центар. Готовите лични карти му беа давани на Мунир Пепиќ. Тој се потпишуваше”, рече сведокот Енис Али, вработен во одделението за управни работи во МВР.

Сведочеше и Ферхус Али, вработен во одделението за управни работи во МВР.

„Ми се јави советничката Оливера Димчева и ми кажа да го пречекам Пепиќ за да се слика за лична карта. Пред 17 часот дојде со 2, 3 лица и ми кажа договори овие да се сликаат за лична карта. Ги зедов барањата и ги проверив во системот. Пишуваше дијаспора, лица од странство. Му кажав на Пепиќ дека треба да се поведе постапка за жителство во Градот”, рече сведокот.

Али кажа дека вртел телефони и кај началничката Јадранка Гулевска и кај советничката, но му било кажано дека тоа е договорена работа, а документите кои недостигаат ќе бидат дополнително донесени. Рече дека се сеќава оти на тој начин биле издадени 500 до 600 лични карти.

Во предметот „Титаник“ на СЈО, кој е во доказна постапка, покрај експремиерот Никола Груевски, за серија кривични дела во поврзани со изборен криминал обвинети се ексзаменичката за правда Билјана Бришкоска-Бошковски, ексшефот на кабинетот на Груевски, Мартин Протоѓер, пратеникот Илија Димовски, поранешните министри Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска, ексградоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко, поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски, двајца од Агенцијата за разузнавање: Киро Тодоровски и Мунир Пепиќ, како и уште 11 други обвинети, вработени и членови на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија

Утре претежно облачно и посвежо со врнежи од дожд

Објавено пред

Вардар, Скопје, МТВ

Времето утре ќе биде претежно облачно и посвежо со врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат пообилни, проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 14 до 23 степени.

Во Скопје, облачно и посвежо со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 19 степени.

Од недела ќе преовладува стабилно и потопло време со умерен до засилен ветер од западен правец, освен во вторник кога ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и појава на грмежи.

Прикажи повеќе...

Македонија

Николовски: Имунизацијата е клучна за побрзо да стекнеме колективен имунитет

Објавено пред

Денеска, заменикот на претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлиц развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, на вакциналниот пункт во спортската сала „Борис Трајковски“ ја прими првата доза на вакцина за заштита од коронавирусот. Николовски рече дека имунизацијата е клучна за побрзо да се стекне колективен имунитет и да се надмине здравствената криза предизвикана од коронавирусот.

„ Согласно националниот план за имунизација, тукушто ја примив првата доза од кинеската вакцина „Синофарм“, односно вакцината којашто беше достапна во моментот. Имунизацијата е клучна за побрзо да стекнеме колективен имунитет и да ја оставиме оваа тешка здравствена криза зад нас. Само така, со заедничка одговорност придонесуваме кон колективното и јавно здравје, и само така побрзо ќе заврши оваа борба со пандемијата од Ковид-19“, рече Николовски

Тој посочи дека сите вакцини што пристигнуваат и што дополнително ќе пристигнуваат, се безбедни, проверени, тестирани и сите еднакво штитат од хоспитализација, тешки форми на болеста и фатален исход.

„ Затоа е важно, на секој што ќе му дојде редот за вакцинација согласно планот за имунизација, да се вакцинира со вакцината што е достапна во моментот. На овој начин, со вакцинацијата, ќе ја исполниме целта, ќе излеземе победници во оваа панедмија, за веќе во летниот период да имаме висок процент на имунизирано насление. Според информациите од Министерството за здравство, се зголемува бројот на новопријавени граѓани за вакцинација, и тоа е добро. Ги повикувам сите граѓани кои досега не го сториле тоа, да се пријават за термин на вакцинација.мк, да ги почитуваат добиените термини, да се вакцинираат, а со тоа да придонесат во справувањето со оваа битка“, изјави вицепремиерот Николовски, при што порача дека вакцинацијата не значи и комплетно опуштање, важно е, и натаму се додека организамот не создаде имунитет, да се почитуваат мерките за лична заштита – маска, растојание и негрупирање во затворени простории.

Прикажи повеќе...

Македонија

Демократски сојуз: Ја поздравуваме одлуката на Пендаровски да не го потпише законот за дивоградбите

Објавено пред

Демократскиот сојуз соопшти дека ја поздравува одлуката на претседателот Стево Пендаровски да не го потпише Указот за прогласување на Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти.

„ Доколку ваквото законско решение стапеше на сила, тоа ќе ги наградеше прекршителите на законот, правејќи огромна неправда и дискриминација на оние граѓани кои чесно плаќаат комуналии и ја почитуваат законската процедура при изградбата на објекти за домување. Истовремено, ќе беше сигнал за сите граѓани непречено да градат нови дивоградби, надевајќи се дека во иднина ќе има нова амнестија“ велат од партијата.

Оттаму потсетуваат дека пратеникот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, заедно со независните пратеници на ЛДП и ДОМ, не гласаа за законот и побараа од претседателот Пендаровски да не го потпише.

„ Демократскиот сојуз останува цврсто против легализација на дивоградбите и ја повикува Владата да го повлече законот и да не го доставува во Собранието на повторно одлучување. Доколку законот во иста форма се врати во Собранието, ќе ги искористиме сите деловни можности за да не се донесе зсконот во ваква форма и решенија, кои се спротивни на темелните Уставни решенија и повеќе други системски закони“ се наведува во соопштението на партијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

16 починати и 30 нови случаи на Ковид-19 од 1.658 тестирања

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.658 тестирања, а регистрирани се 30 нови случаи на...

Македонија4 часа

Грчките гранични служби го отворија преминот Евзони за македонските граѓани

Од 13 часот е почнато да се пропуштаат возила кон Грција на граничниот премин Евзони. По застојот што настана изутринава...

Македонија4 часа

Пендаровски не го потпиша указот за легализација на бесправно изградените објекти

Претседателот Стево Пендаровски го извести претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, дека одлучи да не го потпише...

Македонија5 часа

Филипче: Помладите ќе почекаат за вакцинација

Пријавените за вакцина преку vakcinacija.mk најдоцна до понеделник ќе добијат термини за вакцинација, рече денес министерот за здравство, Венко Филипче....

Европа7 часа

Германски виролог предупредува на опасност од четврти бран на вирусот

Германскиот виролог Хендрик Штрек очекува дека ситуацијата во врска со коронавирусот сигурно ќе се влоши наесен и дека е можен...

Свет9 часа

Борел: Европската Унија не е способна да го запре Израел

Жосеп Борел, високиот комесар на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, изјави дека Европската Унија не е во состојба да...

Свет9 часа

Во Индија повеќе од 24 милиони заразени од коронавирус, индискиот сој се шири во целиот свет

Бројот на пријавени случаи на Ковид-19 во Индија се искачи на повеќе од 24 милиони лица, а индискиот сој на...

Свет10 часа

Се разгорува воениот конфликт на Блискиот Исток, стотици мртви и ранети

Израелската армија ги засили нападите врз Газа, а од Газа веќе петти ден по ред и натаму се лансираат ракети...

Македонија1 ден

Варвициотис: Не поддржуваме раздвојување на Северна Македонија и Албанија на патот кон ЕУ

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров утрово во Атина го започна своето учество на 6-от Економски...

Македонија1 ден

Пендаровски: Во регионот сè уште има премногу историја што не држи на задните седишта во Европа

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на виртуелната конференција „Пред иднината – Подготовки за НАТО 2030“ во организација на Атлантскиот...

Свет1 ден

Нова опасност во Индија, смртоносната „Црна Габа“ се појави кај заразените со коронавирус

Се поголем број пациенти во Индија кои се наоѓаат во тешка здравствена состојба поради коронавирусот, добиваат ретка инфекција, т.н. „Црна...

Македонија1 ден

Муслиманите го слават Рамазан Бајрам

Муслиманите во земјава, како и во целиот свет, денеска го слават Рамазан Бајрам. По едномесечниот пост, во кој верниците се...

Македонија1 ден

Од полноќ стапува на сила скратен полициски час

Од полноќ стапува на сила скратениот полициски час кој ќе трае до 4 часот наутро. Олабавување на рестриктивните мерки ќе...

Свет1 ден

(Видео) Состојбата на Блискиот Исток се разгорува, Израел ја разгледува можноста за копнен напад на Газа

Дури и по полноќ, конфликтот меѓу израелските и палестинските сили не стивна. Проектили летаа од двете страни со несмален интензитет....

Свет2 дена

Нетанјаху: Ова е само почеток!

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху потврди дека се ликвидирани неколку команданти на Хамас и се закани со досега невиден напад на...

Регион2 дена

Европратеникот Џамбаски до Србија: Омразата кон Бугарите нема да ве однесе во ЕУ

Бугарскиот член на Европскиот парламент од партијата ВМРО БНД, Ангел Џамбаски ја предупреди Србија дека пристапувањето во ЕУ е можно...

Македонија2 дена

Нови 150 заболени и 16 починати од коронавирус во земјава

Во последните 24 часа се направени 2.093 тестирања, а регистрирани се 150 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје – 62,...

Македонија2 дена

(Видео) Пристигна унгарската донација од 6.000 дози вакцини, ќе бидат наменети за граничната полиција

Министрите за внатрешни и надворешни работи Оливер Спасовски и Бујар Османи денеска на скопскиот аеродром ја пречекаа делегацијата предводена од...

Македонија2 дена

Груевски, Камчев и Мијалков обвинети за „Плацовите на Водно“, се бара продолжување на притворот за Камчев

Обвинителството бара експремиерот Никола Груевски, заедно со неговиот кум Ристо Новачевски, ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, бизнисменот Орце Камчев, неговата...

Македонија2 дена

Хоџа: Погрешни се тезите дека ќе може сѐ и сешто да се легализира

Од Владата оценуваат дека по вчерашното усвојување на законот за утврдување на правниот статус на бесправно изградените објекти во законодавниот...

Досие