Контакт

Македонија

Сведоштво на посетител на „Вардариште“: Вакво какво што е, итно да се затвори!

Објавено пред

Здружение за заштита на животните „Анима мунди“ пренесува сведоштво на еден посетител на „Вардариште“ и серија фотографии објавени на „Фејсбук“, со кои се повикуваат граѓаните да удомат милениче и да го спасат од агонијата со која секојдневно се соочуваат изгладнетите и болни кучиња.

„’Вардариште’, 8 септември 2018 ( 21 век). Наближуваш и слушаш пискотници. Гледаш огромна депонија и кутренца си роварат низ неа гладни, болни. Колку да се припремаш за внатре. Влегуваш (ако те пуштат!). Неизбежен контакт со вработените. Прво одиш на распит зошто си дошол. Имаш впечаток дека се со посебни потреби. Прости ми, боже.

Внатре?! Секој бокс со куче или мајка со мали. Шарковци, хаски, ретривери… Сите биле мали и слатки некогаш. Некои биле поклон за роденден, Божик, други па за децата да си играат. Завршила таа епизода, не им е тој филмот веќе, ајт на улица. И еден куп други недефинирани раси, од сите бои и големини, ама сите носат душа. Само не ситна колку вашата! Да се разбереме!

Некои рипаат параноично, се бесат на кафезите, цвичат, лаат, некои бесно гневно лаење, други плачат, трето од таму завива. Цел еден оркестар од убитачно болни крици. Ги вкопале ноктите меѓу решетките, да можат ќе ги откорнат вратичките. И со поглед те пратат дур ги одминуваш покрај кафезите. А шинтерот ти дише во врат да се фокусираш на тоа што го бараш и да фаќаш магла.

Смрди на мочки и гомна, ги слушаш мувите и ги гледаш како се навртеле на изметот расфрлан насекаде низ кафезите. Мокро внатре, ѕидовите жолти испосрани. Лежат на ладно и мокро.

Ај овие цвичат, ама има такви што не се борат повеќе. Се откажале, им згаснала и последната надеж или па немаат веќе сила! Дремат во агонија, се потпреле со главата на ѕидот и залутале со погледот…

Ти од слобода на улица да ги ставиш во рамки, во тие мочани кафези е убиство на душата. Прво твојата ја убиваш, па нивната. И да се нема ни малку осет за нивното страдање. Ладни, сеедно им е, ни слушаат ни гледаат. Според мене, емотивно се хендикепирани 100 посто и немаат контакт со реалноста. Е, такви луѓе работат и управуваат со стационарот.
Напикани мајки со мали. Едно малечко ја стиснало со двете рачиња решетката, а не е свесно дека никогаш од таму нема да излезе.

Ако вас ви паѓа тешко ова што го читате, мене ми се лоши и ми се враќа сликата и мирисот на фекалиите го осеќам. Тогаш како им е на нив внатре во кафезите. Јас си отидов, они останаа. И сè уште секој миг ја живеат таа реалност. Луѓе тие животни таму се осудени на смрт. Не знам дали сте свесни за тоа??? Зошто не одете да удомите некое? Особено тие што се спремни да платат за миленик! Алоо, какви пари, бре? Може ли ова со пари да се плати? Знаете ли која е цената животните што ја плаќаат лутајќи по цели денови гладни и болни по улиците, зима и лето?

Од сето ова ќе се понуди ли некој за дом за некое од сликите и видеата, да одам да го извадам од таму? За едно веќе имам привремен дом. Разгледајте ги убаво сликите, знам дека се многу, ама вреди. Одберете си, има прекрасни кутриња“, се веи во сведоштвото објавено на социјалната мрежа „Фејсбук“.

Македонија

Центарот за дијализа во Железара повеќе од 2 часа без струја, пациентите во неизвесност

Објавено пред

Од

Пациентите во Центарот за дијализа во Железара повеќе од 2 часа чекаат да им се изврши прочистување на крвта, бидејќи во установата моментално нема струја, а не работи ниту агрегатот кој го поседуваат.

„Дијализата започна во 7 и 30, струја снема во 8 часот. Болницата има агрегат, но не работи. Вработените ни кажаа дека имало некаков дефект со далеководот во Автокоманда и дека тоа е причината поради која нема струја. Не знаеме до кога ќе трае ова и до колку ќе седиме тука“, вели еден од пациентите.

Ова не е прв пат пациентите да се жалат на услугите од Центарот за дијализа во Железара. Жалби досега имаше и за условите во болницата, односно дека нема соодветна апаратура за дијализа, па во одредени ситуации се импровизира, а исто така пациентите беа изреволтирани и од несоодветниот транспорт кој го нуди болницата, за превоз на болните
до болницата.

Виктор Јованов

Прикажи повеќе...

Македонија

„Влатко Ѓорчев ги молеше како Господ да не не’ напаѓаат“, се расплака телохранителот на Оливер Спасовски

Објавено пред

(Фото: Ацо Ангеловски во средина)

“Лево од мене, слушнав наредба – убијте ги! Масата одеднаш тргна кон нас. Бидејќи не можевме физички да ги спречиме, го извадив пиштолот и испукав 1 куршум во воздух заради застрашување”, сведочеше во солзи, телохранителот на Оловер Спасовски, Ацо Ангеловски, на денешното рочиште за настаните од 27 април. Тој видно вознемирен, се присети дека водел сметка да не се одбие куршумот и да не ги повреди присутните. Ангеловски кажа дека 12 години работел во Собранието и знаел кога се реновирало и дека плафонот е со гипс-картон.

Двајца сакаа да ми го земат оружјето. Едниот од нив ми беше колега. Му реков “Како не ти е срам?” и се отргна.

“Пред мене застана граѓанин со фантомка и ми удри четири бокса, со што ми ја раксина горната усна, за што имам и медицинска документација” сведочеше Ангеловски.

Тој рече дека се појавил пратеникот Влатко Ѓорчев кога го чул истрелот: “Влатко Ѓорчев застана пред нив и со жив штит не’ бранеше. Ги знаеше со име и презиме. Некои од нив, еднаш не’ тепаа, еднаш не’ бранеа”.

Насобраните почнале да му викаат на Ѓорчев: “И ти ли се предаде? Те купија ли? И ти ли стана комуњар?”

Ангеловски рече дека го замолил Влатко Ѓорчев да не ги остави, на што добил потврда од пратеникот. “Влатко ги молеше како Господ да не не’ напаѓат”, рече сведокот и се присети дека по 15 минути чул силна експлозија и заклучил дека влегла ЕБР или специјална единица.

Кога го однеле во канцеларијата на Влатко Ѓорчев, некој од медицинската екипа рекол “Овој е готов, да го однесеме на Клиника”.

“Ја откорнаа вратата на брзата помош за да не’ извадат, а шоферот избега. Шоферот на Никола Тодоров седна да вози”, рече Ангеловски.

Сведокот кажа дека кога претходно во текот на денот прашал одговорниот за надворешното обезбедување зошто има толку малку полиција, добил одговор дека полицајците користеле стар годишен одмор.

Денеска покрај Ангеловски, во предметот за собранискиот упад треба да сведочат уште тројца сведоци.

Прикажи повеќе...

Македонија

Вонредни контроли по масовното труење со храна во Виница

Објавено пред

Од

Виница

Aгенцијата за храна и ветеринарство во наредниве денови во Виница ќе изврши вонредни контроли кај сите оператори кои произведуваат, подготвуваат и вршат дистрибуција на храна, соопштија од Агенцијата, откако во Виница за неколку дена 215 лица побарале итна медицинска помош поради труење со храна.

Од Агенцијата велат дека нивни инспекциски служби, во соработка со епидемиолог од Центарот за јавно здравје и претставници од Санитарно здравствениот инспекторат викендов во Виница извршиле вонредна инспекциска контрола во сендвичарница, по добиено известување дека има лица затруени со храна.

„Од страна на инспекторите за храна, угостителскиот објект е времено затворен, наредени се мерки за генерално чистење и дезинфекција на објектот. Земени се мостри од храната, за која Агенцијата ги чека официјалните резултати од лабораториското испитување, иако првичните наоди говорат дека се работи за бактериска загаденост“, се вели во соопштението.

Во него се додава дека затруените лица се вработени во погон на фабрика за производство на мебел, за која оваа сендвичарница дистрибуирала храна два пати во текот на неделата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 минути

Центарот за дијализа во Железара повеќе од 2 часа без струја, пациентите во неизвесност

Пациентите во Центарот за дијализа во Железара повеќе од 2 часа чекаат да им се изврши прочистување на крвта, бидејќи...

Македонија12 минути

„Влатко Ѓорчев ги молеше како Господ да не не’ напаѓаат“, се расплака телохранителот на Оливер Спасовски

(Фото: Ацо Ангеловски во средина) “Лево од мене, слушнав наредба – убијте ги! Масата одеднаш тргна кон нас. Бидејќи не...

Регион38 минути

Додик: Јавна тајна е дека опозицијата подготвува немири на улиците

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека е јавна тајна дека опозицијата во тој српски ентитет има план да...

Виница Виница
Македонија1 час

Вонредни контроли по масовното труење со храна во Виница

Aгенцијата за храна и ветеринарство во наредниве денови во Виница ќе изврши вонредни контроли кај сите оператори кои произведуваат, подготвуваат...

Свет2 часа

Кина: САД ни ставаат „нож под грло“, губиме и едни и други

Продолжувањето на кинеско-американските трговски преговори е тешко откако САД на Кина и ставија „нож под грло”, рече заменик-министерот за трговија...

Свет2 часа

САД ја предупреди Русија: С-300 во Сирија ќе биде голема грешка

САД ја предупредија Русија дека распоредувањето на модерниот анти-ракетен систем С-300 во Сирија е голема грешка и дека одлуката треба...

Топ2 часа

Осумнаесетгодишно момче од Скопје загина во сообраќајна несреќа

На улицата „Јадранска магистрала“ во Скопје ноќеска се случила сообраќајна несреќа во која животот го загуби 18-годишниот Д.К. од Скопје....

Свет6 часа

НАСА откри две нови далечни планети

Орбиталниот телескоп на НАСА, кој е во потрага по нови светови надвор од Сончевиот систем, открил две нови далечни планети...

Спорт14 часа

Модриќ е „кралот“ на светот

Лука Модриќ очекувано е избран за најдобар фудбалер во изборот на ФИФА, комплетирајќи ја неверојатната година во која со Реал...

Македонија20 часа

„Најди некој со сила од Унијата на жени, некој непознат“, Јанакиески вртел телефони за да бара противкандидат за градоначалник

На продолжението од судењето за предметот на специјалното јавно обвинителство, познат со кодното име „Титаник“, во доказната постапка се репродуцираат...

Македонија21 час

(Вознемирувачки фотографии) Смртоносни отрови расфрлани во повеќе градови, реагира „Анима мунди“

Исклучително силни смртоносни отрови се расфрлани во повеќе градови и села во целата држава – Валандово, Велес, Охрид, Куманово, Тетово,...

Македонија21 час

Поднесено обвинение против Васе Доневски за скандалот со „Секјуриком“

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинение против поранешниот директор на Службата за општи и заеднички...

Македонија21 час

Димитров: Со четири амандмани ќе се менува Уставот, сè уште не се напишани, ниту преговарани

Уставите андамани не се напишани, ниту преговарани, нив ќе ги дефинира Собранието со двотретинско мнозинство, порача министерот за надворешни работи,...

Виница Виница
Македонија22 часа

Масовно труење во Виница, за една ноќ затруени 120 лица

Вчера, во текот на ноќта, дури 120 лица побарале итна медицинска помош во здравствената установа во Виница кога почувствувале симптоми...

Титаник, СЈО Титаник, СЈО
Македонија23 часа

ДУИ во 2013 година забележала дека на седница на владата ВМРО-ДПМНЕ протнала 400 државјанства на луѓе од Кичево

Во разговор од 9 јануари 2013 година во предметот „Титаник“ меѓу ексшефот на УБК, Сашо Мијалков, и поранешната министерка за...

Свет1 ден

Две лица загинаа во Полска кога камион удри во училиштен автобус

Во сообраќајна несреќа, која утринава се случи во Полска, загинаа две лица. Несреќата се случила помеѓу камион и училиштен автобус....

Македонија1 ден

Вртиме на списоците што ги собираше ти, му вели обвинета на Миле Јанакиески

Во кривичниот суд продолжи рочиштето за предметот на СЈО со кодно име „Титаник“ со репродукција на бомбите. Во разговор од...

Топ1 ден

67-годишен маж пронајден мртов во река во близина на Прилеп

67-годишен маж е пронајден мртов во река во близина на Прилеп. Според полицијата, вчера околу 16 часот било пријавено дека...

Вести1 ден

Јапонските ровери испратија први фотографии од астероид

Двата мали ровери кои јапонското вселенско летало „Хајабуса 2“ во петокот успешно ги спушти на астероидот Рјугу, ги испратија првите...

Европа1 ден

Веднаш по излегувањето од притвор, Алексеј Навални повторно уапсен

Полицијата денеска повторно го уапси активистот за борба против корупцијата и противник на рускиот претседател Владимир Путин, опозицискиот лидер Алексеј...

Досие