Македонија
СВР Скопје со засилени мерки за безбеден град
Во текот на вчерашниот ден и денеска (08/09.09.2024) полициски службеници од СВР Скопје преземаа засилени мерки и активности за безбеден град Скопје, при што беа легитимирани 87 лица, а преглед бил извршен на 37 моторни возила.
Лишени од слобода биле пет лица по член 215 од Кривичниот законик и три лица поради недозволено поседување на оружје.
Исто така, лишени од слобода биле две лица по член 396 од Кривичниот законик и едно лице по член 235 и 378. Едно лице било приведено за доиздржување на казна затвор.
Засиленото полициско присуство за безбеден град Скопје продолжува и во наредните денови, најави полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Тошковски на средба со Транспаренси Интернешнл: МВР ги насочува сите свои капацитети во борба со корупцијата
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска (08.10.2024) оствари работна средба со претседателот на невладината организација „Транспаренси Интернешенл – Македонија“, Благоја Пандовски.
Средбата доаѓа во време кога Министерството за внатрешни работи се залага максимално и ги става на располагање сите свои капацитети за бескомпромисна борба против корупцијата на високо ниво и оттука и двете страни ја оценија како навистина потребна и продуктивна.
За време на средбата беше претставен извештајот насловен како Национален систем за интегритет, во кој детално се разгледува работењето и функционалноста на 15 државни институции во периодот од 2022-2023 година. Воедно разговарано беше и за зајакнување на интегритетот на полициските службеници, како и на сите останати вработени во Министерството за внатрешни работи, а предложени беа и модалитети за остварување на таа цел. Во таа насока, двете страни разговараа за потпишување на Меморандум за соработка преку кој би била олеснета натамошната соработка од заеднички интерес.
Македонија
Врховниот суд: Државата е должна да обезбеди здрава животна средина, а непреземањето дејствија е повреда на правата на граѓаните
Општата седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија денеска утврди начелен став за правото на здрава животна средина и загадувањето на воздухот.
Во Начелниот став се утврдува дека државата согласно националната и меѓународната правна регулатива, е должна да обезбеди здрава животна средина и дека со непреземањето дејствија од страна на надлежните јавни органи се повредува уставно загарантираното право на здрава животна средина.
„Согласно националната и меѓународна правна регулатива, Државата е должна да обезбеди здрава животна средина, меѓу кои и правото на чист воздух, како поединечно право на граѓаните, кои како странка во управна постапка, можат да бараат да се задолжат надлежните органи, да ги донесат Основните плански документи, од член 23 од Закон за квалитет на амбиенталниот воздух, како Општи акти“, се наведува во Начелниот став.
Претседателката на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Беса Адеми, истакна дека правото на здрава животна средина е фундаментално граѓанско и човеково право и непосредно поврзано со унапредувањето на здравјето на граѓaните и со законски пропишаните обврски и должности за заштита на животната средина.
„Една од темелните вредности на уставниот поредок на Република Северна Македонија е уредувањето и хуманизацијата на просторот и заштитата и унапредувањето на животната средина и на природата. Пристапот до здрава животна средина е основно човеково право, на што упатува и Советот за човекови права на Обединетите нации“, истакна претседателката на Врховниот суд, додавајќи дека прашањето е важно и од аспект на Европската конвенција, Советот на Европа, Европскиот суд за човековите права и Европскиот суд на правдата.
Професорот д-р Борче Давитковски истакна дека судската власт е коректив на другите власти и дека преку својата отвореност кон јавноста, Врховниот суд дава исклучителен придонес за јакнење на јавната доверба, особено што Општата седница расправа за прашања кои се од интерес на граѓаните и човековите права.
Професорот Давитковски нагласи дека правото на здрава животна средина е уставно загарантирано право и дека секој има право на информации за здравата животна средина, односно за загадувањето на воздухот, согласно конвенциското право и домашното законодавство.
Во таа насока, професорот истакна дека согласно Уставот, секој може да бара заштита на своето право, посебно во ситуација кога јавните органи не ги презеле дејствијата кои согласно законот биле должни да ги преземат и дека од големо значење е што судската власт застанува во одбрана на правата и интересите на граѓаните.
Судијата Џемали Саити истакна дека секој човек има право на здрава животна средина и дека во остварувањето на правото на здрава животна средина се применуваат и одредбите од Законот за управните спорови, кои обезбедуваат судска заштита од незаконити акти и дејствија. На тоа се надоврза судијата Анита Бошковска, која нагласи дека утврдувањето на начелниот став е од големо значење како за граѓаните и јавниот интерес, така и за судството.
Судијата Мирјана Лазарова Трајковска подвлече дека најзначајниот аспект е дека не секогаш со чинење се повредуваат правата, туку може многу поголеми повреди да бидат извршени со не чинење. Во оваа насока, судијата Лазарова Трајковска потенцираше дека правото на здрава животна средина, а во смисла на судската заштита подразбира и право на пристап до суд.
Македонија
Јанев со раководството на СВР Скопје: безбедносната состојба задоволува но има реални можности за натамошно подобрување
Директорот на Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи, Александар Јанев денеска го посети Секторот за внатрешни работи Скопје каде што имаше работен состанок со раководството на оваа организациона единица на македонската полиција, а кој што беше посветен на целите и задачите на Секторот во насока на натамошно подобрување на неговата ефикасност и квалитет на работа во интерес на безбедноста на граѓаните во главниот град.
На средбата беше резимирана актуелната состојба во повеќе сфери од безбедноста на територијата под надлежност на СВР Скопје, особено од аспект на сложеноста на обврските и задачите што произлегуваат од спецификите на подрачјето (бројност и фреквентност на луѓе, административни и други значенија и слично) при што беше оценето дека безбедносната состојба задоволува но и дека има реални можности за нејзино натамошно подобрување. Во тој контекст на состонакот, меѓу другото, стана збор и за скорешните предвидени измени во организационо-структурното функционирање на Секторот, и дека тие сигурно можат позитивно да се одразат во секојдневното работење на сите служби во рамки на оваа организациона единица при Бирото за јавна безбедност.