Македонија
СДСМ: Арсовска денеска избега од новинарите и не ја одржа редовната прес-конференција

„Данела Арсовска не заслужува да биде ни кандидат за градоначалник на Скопје затоа што бега од дебати, не одговара на новинарски прашања и ја потценува јавноста.
Најновото бегство од јавноста на Данела Арсовска е неодржувањето на нејзината редовна прес-конференција, со што им се оневозможува на новинарите да и поставуваат било какви прашања од интерес на скопјани.
Ваквата практика на бегање од јавноста, неодговарањето на директни прашања од јавен интерес и арогантниот однос кон новинарите, не враќа во време на режимот на Никола Груевски кога практично беа укинати ТВ дебатите.
Скопје се сеќава на медиумскиот мрак кога Никола Груевски и Коце Трајановски бегаа од дебати за да не одговараат на конкретни прашања за уништувањето на градот со проектот „Скопје 2014“ за кој првично ветуваа дека ќе чини 80, а потрошија околу 700 милиони евра.
Скопје се сеќава на медиумскиот мрак кога студенти беа насилно дислоцирани од плоштадот, кога специјалци влегуваа во А1 телевизија и го штитеа уништувањето на паркови и сечењето дрвја за барокните згради и фасади на Груевски и Коце Трајановски.
На Скопје не му треба повторно медиумски мрак и градоначалник кој бега од дебати и ја потценува јавноста. Скопјани ќе ја казнат во недела Данела Арсовска, затоа што со својот арогантен однос ја потценува јавноста“.
Соопштение на СДСМ
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
СДСМ: Три години членство на НАТО, обезбедена безбедност и стабилност

На денешен, пред три години државата, предводена од СДСМ стана полноправна членка на НАТО Алијансата. Три години е обезбедена безбедноста и стабилноста на граѓаните и на државата, македонската армија е рамо до рамо со најсилните во светот, соопшти СДСМ.
„ Реализирана е една од двете национални стратешки цели, исполнет е стремежот за кој сонуваа генерации, во изминатите 30 години.
За жал, трагичните настани со воената агресија на Русија врз Украина, покажаа колку е важно членството во НАТО, особено во услови на безбедносна криза.
Граѓаните можат да бидат спокојни, членството во НАТО значи неповредливост на границите и територијалниот интегритет на државата“ порачаа од владејачката партија.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Врв на мизерија – Шаќири вели дека владата нема пари за учебници, а има за тендери на братот на Груби

Врв на мизерија – Шаќири вели дека владата нема пари за учебници, а има за тендери на братот на Груби. Изјавата на министерот за образование дека нема пари за да се испечатат сите учебници за средно образование е доказ дека за СДС и ДУИ приоритет не е образованието и учениците, туку криминалните тендери на фирми блиски до власта, обвинија од ВМРО-ДПМНЕ.
„ Власта имаше пари да префрли над 1 милион денари на братот на Груби, а нема за учебници. Владата има пари да плати надзор од 22 милиони евра, поскап и до 7 пати споредено со други проекти, а нема за учебници. СДС и ДУИ имаат пари за тендерите во РЕК, а немаат за учебници.
Власта има пари за приоритетите на Ковачевски и Груби, но нема за учениците.
Власта не е способна да ги реализира работите заради кои всушност постои, како нормално и достапно образование, а сака по секоја цена да остане месец повеќе. Која е целта на владеењето, ако не се способни да го одржат системот, а не пак да го унапредат? Потребни се промени“ порачаа од опозициската партија.
Македонија
Попладне се очекува пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со грмежи и засилен ветер од јужен правецнајави УХМР.
Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе започне да дува засилен ветер од северен правец што ќе услови значително заладување, а на планините и на некои повисоки места врнежите ќе преминуваат во слаб снег. Минималната температура ќе се движи од 0 до 11, а дневната од 6 до 19 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер од јужен правец. Температурата ќе се движи од 7 до 17 степени.
УХМР издаде предупредување дека утре времето ќе биде ветровито и студено со значително пониски дневни температури. Ќе дува силен северен ветер, наместа со брзина и над 70 километри на час. Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст.