Македонија
СДСМ: Бесплатното возење е задоцнета мерка, треба и други
Мерката бесплатен јавен превоз во Скопје, е многу задоцнета и не може да биде ефикасна ако не е придружена со други мерки, сметаат од СДСМ, од каде предлагаат воведување и пар-непар возење и субвенционирано греење.
„Отровниот воздух го доведува во прашање здравјето на граѓаните во Скопје, а со месеци загаден воздух дишат и граѓаните на Битола, Велес, Кавадарци и други градови каде што ништо не е преземено“, велат од СДСМ.
Освен бесплатниот јавен превоз, според нив треба да се воведе систем на возење пар/непар, да се вклучат поголем број автобуси, за сигурен и навремен превоз на граѓаните,
Сите државни и општински надлежни органи да вршат секојдневно надзор за ефектите од мерките врз загадувањето во воздухот,
„Да се направи проверка на кого се предаваат отпадните масла и дали истите се употребуваат како гориво како и проверка на работата и ефикасноста на котлите за производство на енергија во производните постројки; Итно, времено да се запрат сите градежни активности во општините со зголемено загадување и да се субвенционира огревен материјал за социјално загрозените категории граѓани“, вели Пеце Мирчески, потпретседател на комисија за животна средина на СДСМ.
Според него, ова се краткорочни мерки што можат да придонесат времено да се ублажи загадувањето.
Според него, проблемот може да се реши само ако му се пристапи системски и тоа ќе го направи новата одговорна Влада на граѓаните на Македонија.
„Ќе го гасифицираме Скопје и сите други градови, ќе субвенционираме обновливи извори на енергија и греење за граѓаните, ќе субвенционираме поставување филтри кај големите загадувачи, ќе ги зголемиме зелените површини во градовите, што ги уништи несовесната власт за тендер интереси“, додаде Мирчески./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Израелската амбасадорка ја поздрави реакцијата на властите по обидот за палење на синагогата
Израелската амбасадорка во земјава, Вивијан Аисен, ја поздрави реакцијата на македонските власти по обидот за опожарување на објект на Еврејската заедница и синагогата во Скопје.
„Ви благодарам, министре. Брзите и решителни акции на македонските власти за истрага и повикување на одговорност на одговорните за овој гнасен антисемитски чин се од суштинско значење за спречување на потенцијални идни инциденти“, напиша Аисен на „Икс“.
Thank you, Minister. The swift and decisive actions of the Macedonian authorities to investigate and hold accountable those responsible for this despicable antisemitic act are essential to preventing potential future incidents. https://t.co/WSwTrDr9IU
— Vivian Aisen 🇮🇱 (@VivianAisen) April 13, 2026
Претходно, министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски го осуди обидот за палење, оценувајќи го како „апсолутно неприфатлив“.
„Нема место за вакви дела во Македонија“, порача Муцунски, додавајќи дека е во тек истрага и дека сторителите ќе сносат одговорност.
Од Министерство за внатрешни работи информираа дека на улицата „Апостол Гусларот“ биле пронајдени канистер за гориво и траги од горење во двор од верски објект, по што полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Еврејска заедница во Македонија го осуди инцидентот, оценувајќи го како напад врз темелните вредности на општеството и предупреди на зголемен говор на омраза и нетолеранција.
Од заедницата апелираа за целосно расветлување на случајот и обединета осуда од институциите, верските лидери и граѓаните.
Македонија
Унгарија не смее да биде прибежиште за криминалци, рече Маѓар и го спомена и Груевски кој таму доби азил
Новоизбраниот премиер на Унгарија, Петер Маѓар, ја критикуваше одлуката на владата на Виктор Орбан да им одобри азил на полските политичари Збигњев Жиобро и Марцин Романовски, кои се товарат за злоупотреба на службената должност.
Тој порача дека Унгарија не смее да биде прибежиште за лица обвинети или осудени за криминал, при што го спомена и поранешниот македонски премиер Никола Груевски.
„И тоа не важи само за нив, туку и за г. Никола Груевски, поранешниот премиер на Северна Македонија“, изјави Маѓар.
Македонија
Променливо време со врнежи до четврток, најобилни на исток
Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, додека попладне и во текот на ноќта во јужните и западните делови се очекуваат локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието и засилен ветер од југоисточен правец, со брзина над 60 километри на час.
Минималната температура ќе се движи од 4 до 10 степени, а максималната ќе достигне меѓу 17 и 22 степени.
Во Скопје, претпладне ќе биде сончево, а попладне променливо облачно. Ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер. Температурата ќе се движи од минимални 8 до максимални 21 степен.
Во наредните денови, до четврток, времето ќе биде променливо облачно со услови за локални врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во четврток во источните делови, каде ќе има и услови за ретки грмежи.
Во петок ќе преовладува облачно време, додека во сабота ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северен правец. Во недела претпладне ќе биде сончево, а попладне повторно ќе има услови за дожд, особено во западните делови.
