Македонија
СДСМ: Груевски даде наредба, Мицкоски одработува за странски интереси

Во време на најголемата економска и енергетска војна, Христијан Мицкоски најавува нови засилени блокади наместо да понуди конструктивност, се вели во соопштението од СДСМ.
Од партијата додаваат дека Мицкоски дејствува по наредба на неговиот шеф во Будимпешта, како што е очигледно дека ваквото деструктивно однесување е засилено десеттина дена по објавата на Црната листа на САД каде се најде и Никола Груевски.
Се потврди дека синоќешната седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ е најобична фарса, Груевски даде наредба, а Мицкоски со своите соработници одработува за странски интереси, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сончево и топло време со температури до 33 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб променлив ветер, информираат од УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 26 до 33 Целзиусови степени.
Во Скопје сончево со слаб северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне 31 степен.
Во следните денови ќе биде топло со пораст на дневната температура, која на повеќе места ќе биде над просекот за овој период од годината. Од недела во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Македонија
Архиепископот Стефан и српскиот патријарх ќе служат литургија и во Скопје на Денот на сесловенските просветители

Со радост му соопштуваме на верниот народ дека од 23 до 24 мај 2022 година во посета на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) ќе престојува делегација на Српската православна црква (СПЦ) предводена од Неговата Светост, соопшти Синодот на МПЦ-ОА.
„На 24 мај, со почеток од 9 часот, во Соборниот храм ‘Св. Климент Охридски’ во Скопје, Неговата Светост, српскиот патријарх г .г. Порфириј и Неговото Блаженство, архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан, заедно со архијереи од двете сестрински цркви, ќе служат божествена литургија“, се наведува во соопштението.
Од МПЦ-ОА ги повикуваат верниците да земат масовно молитвено учество.
Вчера, во црквата „Свети Сава“ во Белград, СПЦ и МПЦ-ОА по 55 години, првпат одржаа заедничка литургија.
Македонија
Драчево, Долно Лисиче и Батинци добија вода, од „Водовод“ им благодарат на граѓаните за трпението

Прекинот на водоснабдувањето во Драчево, Батинци, Моране, Долно Лисиче и во околните места е саниран, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.
„Овој тип на дефекти се случуваат навистина ретко, но нивната природа предизвикува прекинато водоснадбусвање во подолг временски интервал. Благодарност до граѓаните од овој дел на градот за трпението и разбирањето за време на отстранување на дефектот“, се навдува во соопштението на ЈП „Водовод и канализација“.
Според информациите од јавното претпријатие, проблемот бил во пукната цевка со профил Ф 600 на улицата Борис Трајковски, но при копањето за санација на пукнатата цевка биле откриени уште неколку дефекти на спојките.
„Отстранувањето на дефектот беше успешно реализирано во 16.45 часот, а водоснабдувањето за населените места Усје, Пинтија, Батинци, Студеничани и село Моране, кои се снабдуваат со вода преку резервоари (висока зона), се нормализира по 18 часот“, стои во соопштението.