Македонија
СДСМ: Дали човекот по кој трага МВР е поддржувач и активист на ВМРО ДПМНЕ?

Дали човекот по кој трага МВР е поддржувач и активист на ВМРО ДПМНЕ?, прашуваат од партијата на власт.
Според нив, МВР постапува професионално и го расчистува случајот со убиството, за што, како што велат, јавноста е навремено информирана.
„А ВМРО ДПМНЕ да не си ја ишка мувата од капата. По одредени информации кои се појавија оваа партија треба да одговори дали човекот по кој трага МВР е активист и поддржувач на ВМРО-ДПМНЕ?“, потенцираат од владејачката СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Регистрирани 151 новoзаразени со коронавирус во последните три дена, нема починати лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните три дена од 20.05 до 22.05.2022 биле направени 2.780 тестови, а регистрирани се 151 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 95, Битола – 18, Охрид – 8, Куманово и Штип – по 5, Прилеп и Тетово – по 3, Кичево, Свети Николе и Делчево – по 2, Кавадарци, Велес, Кочани, Гевгелија, Неготино, Радовиш, Дебар и Македонски Брод – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (151), регистрирани се 17 реинфекции.
Регистрирани сe 184 оздравени пациенти од: Скопје – 116, Битола – 27, Прилеп – 7, Берово – 6, Охрид – 5, Куманово, Тетово, Кавадарци и Кочани – по 3, Кичево, Гостивар и Ресен – по 2, Свети Николе, Велес, Гевгелија, Неготино и Струга – по 1.
Во текот на изминатите 3 дена (од 20.05 до 22.05.2022) и согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, нема пријавени починати лица.
Направени се 2.780 тестови преку: ИЈЗ-220, ЦЈЗ Скопје-128, ЦЈЗ Битола-68, ЦЈЗ Прилеп-26, ЦЈЗ Тетово-11, ЦЈЗ Куманово-34, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–2, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–93, Жан Митрев (Филип Втори)-62, Авицена-66, Биотек-98, Систина-63, лабораторија Лаор-49, Синлаб-2, Ремедика-9, Плодност-15, Генеа-44, Никоб Лаб-213, ВФВ Медикал-32, Ели МедикаПлус-34, Ројал Медика–1, Спектра-ММ-3, Рапид Лаб–30, ЖанМитрев Струмица–4, Нова Лаб Дијагностика–4, Рамус-15, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 1.454.
Досега во земјата се направени вкупно 2.046.474 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 311.350, бројот на оздравени пациенти е 301.545, на починатие 9.297, а бројот на активни случаи изнесува 508.
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 146504, Активни 317
Куманово 16671, Активни 16
Битола 15606, Активни 59
Прилеп 14201, Активни 14
Тетово 13473, Активни 5
Кавадарци 10677, Активни 8
Велес 9785, Активни 3
Гостивар 9604, Активни 4
Охрид 8898, Активни 15
Струмица 8072, Активни 2
Штип 8051, Активни 15
Кичево 5645, Активни 9
Кочани 5089, Активни 3
Струга 4724, Активни 1
Гевгелија 4419, Активни 3
Неготино 3688, Активни 2
Ресен 2746, Активни 9
Свети Николе 2630, Активни 4
Радовиш 2531, Активни 1
Крива Паланка 2415, Активни 1
Делчево 1985, Активни 3
Дебар 1676, Активни 2
Берово 1676, Активни 7
Валандово 1488, Активни 0
Виница 1393, Активни 0
Пробиштип 1267, Активни 0
Богданци 1021, Активни 0
Кратово 965, Активни 0
Крушево 927, Активни 1
Демир Хисар 835, Активни 1
Македонски Брод 737, Активни 1
Демир Капија 593, Активни 0
Македонска Каменица 525, Активни 2
Пехчево 486, Активни 0
Дојран 347, Активни 0
Македонија
Притвор за наставникот од Струмица, осомничен за полов напад на ученичка

Судот му одреди притвор од 30 дена на наставникот од Струмица, кој е осомничен за полов напад на дете, кое не наполнило 14 години.
Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 40-годишник осомничен за кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик, за кое е предвидена казна затвор од најмалку 12 години.
Осомничениот, наставник во основно училиште во струмичко, во периодот од октомври 2020 година до мај 2022 година, преку социјална мрежа испраќал пораки со експлицитна сексуална содржина на ученичка која немала наполнето 14 години. Искористувајќи прилика кога останале сами во спортската сала на училиштето, тој во два наврати извршил и други полови дејствија, допирајќи ја и бакнувајќи ја оштетената.
Македонија
Петровска: НАТО членството е придобивка, но и поголема одговорност кон колективната безбедност

Денеска во Домот на Армијата беше одбележан Денот на воената служба за безбедност и разузнавање кој се совпаѓа и со јубилејот – 30 години постоење на оваа воена служба.
На свеченоста, министерката за одбрана Славјанка Петровска порача дека членството во НАТО преставува ново поглавје во историјата на оваа служба, која има проширен обем на работа и поголема одговорност.
„Членството во Алијансата е придобивка за безбедноста и стабилноста на државата, а од друга страна токму тоа ја наметнува потребата за развој на воените капацитети и способности кои ќе дадат придонес во колективната безбедност. Бројот на луѓе за чија безбедност сме одговорни се зголеми од 2 на околу 900 милиони“, рече министерката.
Петровска истакна дека одбраната со своите капацитети мора одлучно да се спротивстави на новата безбедносна реалност и тоа со брзи и ефикасни активности за заштита, превенција и одговор на овие закани.
„Прв чекор кон изградба на безбедно општество е воспоставување на еден сеопфатен пристап во справувањето со хибридните закани. Наша обврска како земја – членка на Алијансата е да инвестираме во изградба на национална отпорност на овие закани и да изградиме синхронизиран систем за нивен одговор“, рече Петровска. Додаде дека институциите мора да бидат координирани и да соработуваат и во справувањето со тероризмот, кој претставува глобална закана.
Полковникот Ивица Ампов, раководителот на воената служба се осврна на значењето на военото разузнавање во одбранбениот систем и се заблагодари на вработените во службата за својата професионалност и посветеност.
На одбележувањето на Денот на военото разузнавање присуствуваше и началникот на Генералштабот, генералот Васко Ѓурчиновски, а на свеченоста беа наградени и пофалени вработени во службата за воено разузнавање. Благодарници за соработка им беа доделени на Агенцијата за национална безбедност, Агенцијата за разузнавање и Бирото за јавна безбедност.