Контакт

Македонија

СДСМ: Иванов покажа дека е политичка дивоградба на Никола Груевски

Објавено пред

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија преку соопштение упати остри критики по обраќањето на претседателот Ѓорге Иванов, нарекувајќи го политичка дивоградба на Никола Груевски и партиска маринета.

„Иванов  работи на директна штета на граѓаните, против Македонија и против македонската иднина. Со денешните ставови Иванов самиот потврди дека не е претседател на сите граѓани, туку партиска марионета на ВМРО-ДПМНЕ, политичка дивоградба на Никола Груевски“, се вели во соопштението на СДСМ.

Партијата смета дека Иванов девет години не направил ништо за Македонија и граѓаните, а е присутен само кога треба да легализира децениски криминал, да аболицира криминалци и да штити насилници.

„Иванов молчеше за масовната партизација, за нападот на Собранието на 27 април, молчеше за притисоците кон медиумите, за апсења и затворања на новинари, за газењето на демократијата, човековите права и слободи“, обвини СДСМ.

Понатаму праша ако било можно членството во ЕУ и НАТО без решение на спорот со Грција, зошто во изминтите 9 години Иванов и ВМРО-ДПМНЕ не го постигнале тоа.

„Договорот со кој се става крај на 25 годишниот спор што ја влечеше Македонија наназад го заштитува и зацврстува македонскиот идентитет и обезбедува полноправно членство во НАТО и почеток на преговори со ЕУ. Обезбедување на македонската иднина и иднината на граѓаните е вистински патриотизам. Тоа е непознат термин за Иванов“, смета СДСМ и додава дека граѓаните мора да го имаат последниот збор на референдум.

 

Македонија

Отворено писмо до пратениците: Мораториум за градбите, итно да запре деструкцијата на охридскиот регион

Објавено пред

Од

По повод Денот на Охридското езеро, Еколошко здружение на граѓани Фронт 21/42 испрати отворено писмо до пратениците во кое се бара мораториум за инфраструктурни проекти во единственото светско природно и културно наследство во Македонија и доследно спроведување на Законот за управување со oхридскиот регион.

„Ви ги предадовме картичките со кои над 8000 граѓани побараа мораториум за инфраструктурни проекти  и доследно спроведување на Законот за управување со охридскиот регион. Денес, точно една година подоцна, на истиот ден посветен на нашето најголемо природно и културно богатство, Ви се обраќаме повторно – со истото барање и уште поголема загриженост. Тоа што најмногу не загрижува е евидентното избегнување на клучната мерка за спас на единственото УНЕСКО подрачје во нашата земја – итното стопирање на деструкцијата на исклучителните универзални вредности, односно спроведување на приоритетната препорака бр. 6 на Реактивната мониторинг мисија: прогласување на мораториум на сите крајбрежни и урбани трансформации, барем додека не се завршат и спроведат сите релевантни документи. Спроведувањето на оваа мерка ја налага националното законодавство, за истата не се потребни никакви финансиски средства, човечки ресурси, време, итн. – потребна е само политичка волја“, се вели во писмото.

Според невладините, во изминативе година дена, од последната Одлука на Комитетот за светско наследство до денес, Управниот Одбор на НП „Галичица“, со Одлуката за прекин на постапката за менување на Планот за управување, го направи единственото конкретно реализирање на една од 19-те препораки на Мисијата. Останатите чекори, како формирање на работна група за измени и дополнувања на Законот за управување со охридскиот регион, Одлуката за спроведување на Стратешка оцена за влијанието врз животната средина на Планот за управување со заштитеното подрачје имаат потенцијално големо значење за исполнување на дел од препораките на УНЕСКО, но во отсуство на клучната одлука за итен мораториум, овие активности имаат и голем потенцијал да бидат залудно потрошени финансии и изгубено драгоцено време.

„Сакаме да укажеме на фактот дека истовремено, додека дел од институциите се посветени на документите, некои од нив спроведуваат и активности кои се во спротивност со Препораките на Мисијата и последната Одлука на Комитетот за светско наследство: во февруари 2018 Владата усвои информации кои јасно покажуваат планови за продолжување на дел од постоечките проекти како и за нови крајбрежни трансформации; во јуни 2018 на Италијанско – македонскиот бизнис форум, премиерот покани италијански компании да инвестираат во постоечкиот проект за Коридор VIII, за кој Мисијата има дури три препораки со кои се бараат суштински измени на трасите.

Во јуни Министерството за транспорт и врски објави Нацрт Стратегија за транспорт за период 2018 – 2030, во која не се инкорпорирани гореспоменатите Препораки 1, 2 и 3 за Коридорот VIII; а општините Струга и Охрид и понатаму дозволуваат градежни зафати, како трансформации на струшкото крајбрежје, хотелот во Лагадин, итн“, се укажува во писмото.

Во него се додава дека „не случајно УНЕСКО препорача прво итно спроведување на мораториум, па потоа завршување на планските документи, препорака чие значење повеќе пати беше истакнато од страна на претставникот на регионалната канцеларија на УНЕСКО во Венеција – Синиша Шешум, на министерската средба на 6 јуни во Охрид. „Не само што недвосмислено истакна дека доколку не се спроведе оваа итна препорака останува опасноста Охрид да се најде на Листата на светски наследства во опасност,  Шешум ги извести македонските власти дека со тоа се загрозува и доведува во прашање тековната номинација на албанската страна на езерото за светско наследство. Она што можеше да се види од презентацијата на Шешум е поразителниот факт дека деструкцијата на Исклучителните универзални вредности во охридскиот регион започнува во деведесеттите години на минатиот век и зема драматичен замав од 1998 наваму – се до состојбата во која се наоѓа денес. Со други зборови, сите генерации од почетокот на цивилизацијата (Охридското езеро постоело илјадници години пред да се населат првите луѓе на Европскиот континент) до независна Македонија го чувале, негувале и предавале на своите потомци ова исклучително и уникатно богатство на целиот свет – ние сме единствените кои си го уништуваме највредното и доколку не запреме веднаш може да им го одземеме на сите генерации кои доаѓаат после нас“, се вели во писмото.

Невладините апелираат и бараат од пратениците да усвојат суштински заклучоци од надзорната расправа за Законот за управување со Охридскиот регион и спроведување на препораките од УНЕСКО – заклучоци кои недвосмислено ќе им наложат на сите засегнати институции итно спроведување на сите препораки, започнувајќи од приоритетните: мораториум за сите крајбрежни и урбани трансформации и справување со илегалните градби. „Тоа е ваша законска и историска обврска кон сите сегашни и идни генерации во Македонија, но и должност кон целиот свет“, укажуваат од Еколошко здружение на граѓани Фронт 21/42 .

Прикажи повеќе...

Македонија

Градски енергетски системи АД Скопје – ново јавно претпријатие на Град Скопје

Објавено пред

Од

Град Скопје го основа новото јавно претпријатие „Градски Енергетски Системи АД Скопје“ кое ќе врши енергетски дејности.

Советот на Град Скопје на седница, во својство на Собрание на акционери го усвои статутот на Акционерското друштво за енергетски дејности и ги избра членовите на надзорниот одбор на новото јавно претпријатие кои понатаму ќе изберат управен одбор од пет члена. Ова акционерско друштво за подрачјето на Град Скопје ќе врши снабдување на природен гас и топлинска енергија, како дејности од јавен интерес од локално значење.

Од Град Скопје велат дека со ова се создаваат услови за преземање на топловодната мрежа и започнува да се имплементира процесот на гасификација на градот, во кој граѓаните на Скопје во претстојната грејна сезона ќе можат да почнат да ги користат услугите на новото јавно претпријатие.

Прикажи повеќе...

Македонија

Истрагата за пожарот во Велес во кој загинаа три деца сè уште трае

Објавено пред

Од

Сè уште не се познати причините како настанал пожарот во куќата во Велес во кој загинаа три девојчиња на возраст од четири, две и една година. Од Министерството за труд и социјална политика информираа дека Општината во соработка со Центарот за социјална работа ќе го организираат нивниот погреб.

Од таму исто така информираа дека родителите на децата биле корисници на социјална парична помош.

Пожарот со трагичен исход се случи вчера попладне во куќа на улицата Даре Џамбаз, под ридот Вршник. Според првичните сознанија на јавниот обвинител, родителите ги заклучиле децата и заминале во продавница. За тоа време, од засега непознати причини, избувнал пожар и набргу ја зафатил куќата, во која нема ниту струја ниту вода.

Од Обвинителството соопштија дека ќе се врши проверка на трагите земени од местото за да се утврдат причините за настанување на пожарот. „Надлежниот јавен обвинител презема дејства за расчистување на околностите на настанот и за утврдување евентуална кривична одговорност“, велат од велешкото Обвинителство.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија28 минути

Отворено писмо до пратениците: Мораториум за градбите, итно да запре деструкцијата на охридскиот регион

По повод Денот на Охридското езеро, Еколошко здружение на граѓани Фронт 21/42 испрати отворено писмо до пратениците во кое се...

Македонија1 час

Истрагата за пожарот во Велес во кој загинаа три деца сè уште трае

Сè уште не се познати причините како настанал пожарот во куќата во Велес во кој загинаа три девојчиња на возраст...

Вести2 часа

Трамп го потпиша указот со кој се забранува раздвојување на мигрантските семејства

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа го потпиша указот со кој се става крај на раздвојувањето на семејствата мигранти што незаконски...

Свет2 часа

Премиерката на Нов Зеланд стана прва светска лидерка што роди дете додека е на власт

Се породи премиерката на Нов Зеланд, Јацинда Ардерн, со што стана прв светски лидер во изминатите 30 години што имал...

Европа3 часа

Во ЕУ лани имало 50 отсто повеќе терористички напади во споредба со 2016 година

Во земјите членки на Европската Унија минатата година имало 50 отсто повеќе терористички напади и обиди за напади поврзани со...

Македонија3 часа

Додека го менува името, Заев ја задолжи државата со нови 7,1 милиони евра, обвинува опозицијата

Зоран Заев и криминалниот картел што го води ја задолжија државата со нови 7,1 милиони евра. Додека го продава името,...

Топ15 часа

Три деца изгореа во пожар во Велес

Три деца во возраст од една, две и пет години изгореа во пожар во нивниот дом во Велес. Куќата се...

Македонија16 часа

„Страшно е да се менува името“, велат демонстрантите пред Собранието

Со патриотски песни, знамиња и пораки против промената на името започна протестот пред македонското Собрание. Демонстрантите порачуваат дека е страшно...

Економија18 часа

(Видео) СИЕР: Срамно и недозреано е барањето на градоначалникот на Кавадарци за „Фени“

По три часа расправа во судот во Велес одложено е гласањето за планот за реорганизација на „Фени“ предложен од швајцарски...

Македонија23 часа

(Видео) Пратениците го ратификуваа договорот со Грција

Со 69 гласа „за“, без против и воздржани, пратениците во македонското Собрание го ратификуваа договорот за името со Грција. На...

Македонија24 часа

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ ќе бара мислење од Венециската комисија за договорот со Грција

Венециската комисија ќе треба да се изјасни за договорот со Грција по барање на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, најави пратеникот Драган Данев....

Економија1 ден

(Видео) Протест пред судот во Велес за поддршка на планот за „Фени“

Шеесетина вработени од „Фени“ претпладнево дојдоа пред судот во Велес за да му дадат поддршка на планот за реорганизација на...

Македонија1 ден

(Видео) Груби: Денес се раѓа ново сонце на слободата

Денес се раѓа ново сонце на слободата и исполнување на сонот на Македонија за Европската Унија, рече пратеникот од ДУИ,...

Македонија1 ден

(Видео) Заев: Граѓаните ќе ја донесат конечната одлука за името

Граѓаните ќе ја донесат конечната одлука за името, рече премиерот Зоран Заев во своето обраќање на седницата на која пратениците...

Македонија1 ден

Иванов до Заев: Поведи постапка за импичмент, мојот став за договорот со Грција е конечен

Претседателот Ѓорге Иванов го повика премиерот Зоран Заев да поведе постапка за импичмент. Во соопштението испратено од кабинетот на претседателот,...

Македонија1 ден

Груевски: Ваков договор не можев да прифатам оти Грција немала вакви барања

По изјавата на премиерот Зоран Заев дека не е првпат Македонија да прифати ерга омнес и дека тоа го направила...

Свет1 ден

САД се повлекуваат од Советот за човекови права на Обединетите нации

САД се повлекуваат од Советот за човекови права на Обединетите нации. Државниот секретар Мајк Помпео и американскиот амбасадор во ОН, Ники...

Македонија1 ден

Ратификацијата на договорот со Грција на собраниска седница

Пратениците денеска се очекува да гласаат за ратификација на договорот со Грција за промена на името, откако предлог-законот вчера попладне...

Македонија2 дена

(Видео) Архитектите не сакаат да проектираат болница за 12 денари по квадрат, Филипче ги повикува на дискусија

Тендерот што го распиша Министерството за здравство на кој се бара идејно решение за нова градска болница на местото на...

Македонија2 дена

(Видео) Димитров: Сите ја сакаме татковината и сакаме да го зачуваме идентитетот

Предлог-законот за ратификација на договорот за решавање на спорот за името e пред Комисијата за европски прашања, каде што расправата...

Досие