Македонија
СДСМ: Илинден е нашата сила за иднината

Во пресрет на големиот национален празник 2 Август – Илинден, граѓаните можат да бидат горди на досега постигнатите успеси, велат од владејачкиот СДСМ.
„Денес Северна Македонија е стабилна, сигурна држава, партнер на државите од регионот и Европа. Со членството во НАТО трајно ги обезбедивме мирот и стабилноста, територијалниот интегритет и неповредливоста на границите. По 17 години во чекалницата, започнавме преговори за членство во ЕУ како Македонци со заштитен македонски јазик и идентитет.
Стануваме дел од големото европско демократско семејство каде нашата држава вредносно и цивилизациски припаѓа. Тоа е реализација на историските заложби на илинденците, борците од НОБ и членовите на АСНОМ за независна, суверена демократска држава признаена од целиот свет.
Илинден е нашата сила за иднината, а нашата иднина е европска“, се наведува во соопштението на СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сончево и топло време, попладне и вечер дожд и грмежи

Времето утре претпладне сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните и вечерните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места ќе има услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната од 28 до 36 степени. УВ=8.
Во Скопје, претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните и вечерните часови ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде околу 18, а максималната ќе достигне до 31 степен.
До недела во попладневните и вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и град. Температурите ќе бидат во постепено опаѓање.
Македонија
Без струја делови на Ѓорче Петров

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат следните корисници:
од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од улиците: Александар Македонски, Кадињача и Андреја Папарадишки. (Oпштина Ѓорче Петров)
Македонија
Повторно активен пожарот кај охридските села Вапила и Сирула

Пожарот во с.Вапила е повторно активиран према с.Сирула, соопшти Центарот за управување со кризи.
Се работи за карпест предел со ниска вегетација, а теренот е непристапен. На лице место присутни се представници од ДСЗ и вработени од Македонски Шуми кои моментално вршат обиколки.