Македонија
СДСМ: Ковачевски со нови пакет-мерки за намалување на цената на храната

Според партијата на власт, Владата предводена од претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, во услови на најголемата светска економска и енергетска криза продолжува со грижата за граѓаните и компаниите.
„Со новите пакет-мерки им се овозможува на компаниите што произведуваат основни прехранбени производи, основните и на средните јавни училишта, јавните претпријатија за водоснабдување и одведување отпадни води да имаат поевтина струја. Со одлуката се опфатени компаниите што произведуваат основни прехранбени производи, во кои спаѓаат производителите на масло за јадење, леб и пекарски производи, брашно, млеко и млечни производи, месната и живинарската индустрија“, се посочува во соопштението од СДСМ.
Ова, како што појаснуваат, ќе влијае врз стабилизирање и намалување на цените на финалните производи кои се произведуваат и се продаваат од овие компании. Се очекува, додаваат од СДСМ, мерките да доведат до намалување на цените на основните прехранбени производи најмалку 10 отсто.
„Истовремено, струјата ќе продолжи да се субвенционира со 80 % за над 600.000 домаќинства и 72.000 мали потрошувачи фирми. Владата предводена од СДСМ од почетокот на годината за антикризни мерки за граѓаните и за компаниите намени 750 милиони евра, односно околу пет отсто од БДП, што е најмногу како процент во споредба со земјите од Западен Балкан. Со СДСМ никој нема да биде оставен сам во кризата“, се додава во соопштението од владејачката партија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Од недела пороен дожд, грмежи и локално невреме, се препорачува поголема внимателност

Под влијание на влажен бран в недела на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално и во форма на невреме. Пороен дожд и грмежи ќе има и в понеделник. Повеќе врнежи во овие два дена ќе има во западните делови, каде што локално се очекува да наврнат над 30 л/м2.
Потоа времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб локален дожд. Температурата ќе опадне неколку степени.
Во Скопската Котлина в недела попладне ќе има пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за краткотрајно невреме. Потоа ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и малку посвежо.
Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.
Македонија
Два „ер трактора“ и еден хеликоптер гаснат пожар во општина Брвеница, гори борова шума

Центарот за управување со кризи извести дека денеска, околу 11 часот, избувнал пожар во атарот на село Милетино, општина Брвеница.
„Пред малку пожарот навлезе во борова шума, садена од поранешната ЈНА, поради што кон овој шумски пожар полетаа два ‘ер трактора’ на ДЗС и еден хеликоптер на МВР, кои ќе им помогнат на пожарникарите од ТППЕ Тетово во гаснењето на овој пожар“, велат од ЦУК.
Македонија
Вархељ: На младите Роми треба да им обезбедиме целосен пристап до образование, здравство, домување, вработување

Домаќин на годишниот министерски состанок, четврти по ред по усвојувањето на „Декларацијата на партнерите од Западен Балкан за интеграција на Ромите во рамките на процесот на проширување на ЕУ“ – Познанска декларација е Република Северна Македонија. На состанокот добрите пракси од своите држави како и гледиштата за идните чекори ги истакнаа министри од Северна Македонија, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово.
Министерскиот состанок со поздравни обраќања го отворија Јована Тренчевска, Министерка за труд и социјална политика, Оливер Вархеји, комесар за проширување и соседски односи од Европската комисија, Ана Лирман, државен министер за Европа и клима во Германија, Дејвид Гир, амбасадор на Европската Унија во Република Северна Македонија и Жељко Јованович, директорот на Ромската иницијатива при Фондациите Отворено општество (Open society).
Тренчевска отворајќи го настанот ја истакна важноста на годишниот состанок за интеграција на Ромите посочувајќи дека размената на добри пракси може да придонесе во унапредувањето на политиките и мерките кои го подобруваат квалитетот на живот на Ромите. Таа посака добредојде на сите присутни и повика на плодна дискусија која ќе оди во прилог на сите земји учеснички.
„ На младите Роми треба да се залагаме да им обезбедиме целосен пристап до образование, здравство, домување, вработување и учество во зелената агенда “ истакна Вархеји.
Тој посочи дека постојат голем број на успешни проекти кои ги вклучуваат Ромите и придонесуваат кон унапредување на нивниот животен стандард, меѓутоа ја искажа и својата убеденост дека земјите во регионот можат уште повеќе.
Лирман во своето видео обраќање ја истакна силната поддршка на Германија во процесот на интеграција на Ромите и ја искажа својата визија за инклузивна Европа која подеднакво ќе ги вклучува Ромите како и сите маргинализирани групи во сите општествени процеси.
Амбасадорот на Европската Унија во Република Северна Македонија, Дејвид Гир ја истакна важноста на соработката за успешна интеграција на ромската заедница во сите општествени процеси.
„Соработката е клучна за постигнување на значаен напредок. Ова значи тесна соработка со институциите на ЕУ, релевантните меѓународни организации, граѓанските организации предводени од Ромите и што е најважно, самите ромски заедници. Нивните гласови мора да се слушнат, а нивните перспективи мора да ги водат нашите заложби. Како заклучок – стоиме на клучен момент во нашето патување кон вклучување на Ромите во Западен Балкан. Предизвиците се застрашувачки, но и одлучноста да се надминат“ изјави Гир.