Македонија
СДСМ: Милошоски не е достоен да биде пратеник и мора да си поднесе оставка

Секојдневно се демантирани лажните вести на Антонијо Милошоски, најнеуспешниот министер за надворешни работи. Официјалниот демант од Амбасадата на Шпанија е последниот во низата деманти на лагите на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Милошоски дека наводно дури седум земји членки биле против отворање на преговори со нашата држава, соопшти СДСМ.
Според партијата, секојдневно се потврдува дека Милошоски свесно шири лажни вести и невистини на штета на државата.
,,Граѓаните не заслужуваат пратеници кои свесно и намерно ги лажат за теми кои се од национален и државен интерес како што е членството во ЕУ.Милошоски не е достоен на функцијата што ја извршува и затоа, тој мора веднаш да си поденесе неотповиклива оставка од функцијата пратеник во Собранието”, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Блесна новогодишната елка во Скопје

Со вeчерашното светнување на елката на плоштадот Македонија и отворањето на новогодишниот базар „Винтерленд“ симболично се означи почетокот на новогодишните празнувања во Скопје.
На почетокот на новогодишниот базар присуствуваше градоначалникот Петре Шилегов, а празничната атмосфера беше збогатена со детска претстава проследена со новогодишни и божикни песни.
„Имавме спектакуларно светнување на новогодишната елка, што првпат го гледаме во нашиот град. Бидејќи ни претстојат денови исполнети со многу радост и среќа, ве повикувам да го посетите ‘Винтерленд’ и да уживате во богатата и разновидна програма секоја вечер за сите возрасти. На скопјани им посакувам убави новогодишни празнувања“, изјави Шилегов на отворањето на новогодишниот базар.
Новогодишните куќички на „Винтерленд“ се сместени на новиот плочник меѓу ГТЦ и плоштадот, а новогодишната програма ќе трае 25 дена – од отворањето на базарот, па сè до 31 декември, до пречекот на Новата 2020 година. Во близина на куќичките ќе биде сместена и мала сцена, на која секојдневно ќе се организираат настани, кои ќе го привлечат интересот на сите граѓани, без разлика на возраста. На овој простор ќе има и катчиња за детски игри, како и разновидни содржини од новогодишен карактер.
Во работните денови секој ден ќе има 2 часа детска програма, која ќе почнува околу 16 часот, а подоцна ќе има 3 часа програма за возрасни. За време на викендите е планирана целодневна програма, која ќе почнува точно напладне.
Град Скопје ги поканува граѓаните да го посетат „Винтерленд“ и сите заедно да ја доживеат новогодишната атмосфера организирана по примерот на другите европски плоштади.
Македонија
Ѓорчев во САД на форум на Интернационалната демократска унија

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, при посетата на САД во рамките на форумот на Интернационалната демократска унија оствари средба со конгресменката Лиз Чејни, која е експерт за безбедност и одбрана и шеф на Републиканската конференција во Конгресот.
На средбата се разговараше за актуелните политички случувања во Македонија, како и за соработката помеѓу Македонија и САД.
Ѓорчев ја истакна одличната соработка помеѓу Македонија и САД, особено во делот и одбраната, како и партнерството на двете држави во рамките на НАТО.
Пратеникот потенцира дека со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт во следните 4 години ќе се засилат билатералните односи помеѓу Македонија и САД.
Македонија
Заев и Царовска: Креиравме социјална реформа која целосно ја менува грижата за ранливите групи

„Тргнавме од определбата да создаваме праведно општество, кое вистински се грижи за намалување на социјалната нееднаквост во општеството и креиравме социјална реформа која целосно го менува начинот на кој се грижиме за ранливите групи граѓани и значително ја зголемуваме финансиската помош што ја добиваат“, рече во изјавата за медиумите претседателот на Владата, Зоран Заев, кој денеска заедно со министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, и со директорката на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа, Наташа Станојевиќ, имаше средба со корисници на социјална помош и социјални работници.
Средбата беше организирана за да се чујат граѓаните и нивните пораки за мерките од социјалната реформа и за нејзината реализација според нашите очекувања.
„Тргнавме од определбата да создаваме праведно општество, кое вистински се грижи за намалувањето на социјалната нееднаквост во нашата земја. Креиравме социјална реформа, која целосно го менува начинот на кој се грижиме за ранливите групи граѓани и значително ја зголемува финансиската помош што ја добиваат најсиромашните. Новиот систем овозможува поддршка, обуки и советувања за да може секој човек исто така да почне да работи“, рече премиерот Заев.
Реформите во социјалната и детската заштита ги правевме многу внимателно, истакна на средбата премиерот Заев, со цел да ги опфатиме сите ранливи категории и да овозможиме еднакви шанси за секое дете бидејќи тоа е определбата на оваа Влада и таква држава заслужуваат нашите граѓани.
„Оваа реформа, што ја направивме оваа година, и веќе шест месеци можеме да кажеме дека ги дава резултатите, опфаќа повеќе од 120.000 граѓани. Важно е да се каже дека со социјалната пензија или државната пензија веќе опфативме 4 илјади корисници, што значи дека полека ги достигнуваме таргетите. Образовниот и детскиот додаток ги даваат своите резултати, тие ги дополнуваат приходите на семејството сè со цел идните генерации да ги стимулираме да излезат од сиромаштија преку образование“, истакна министерката Мила Царовска.
Таа додаде дека со социјалната реформа се воведува и нов начин на работа на социјалните центри. Лицата во социјален ризик добија семеен социјален работник, кој ќе работи директно со нив сè до извлекување од ризикот во кој се наоѓаат.
Директорката на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа, Наташа Станојевиќ, нагласи дека новиот систем овозможува поддршка, обуки и советување за да може секој човек да почне да работи и дека граѓаните веќе ги чувствуваат придобивките од социјалната реформа.
Овие придобивки ги потенцираа и корисниците на социјална помош, кои рекоа дека новите реформи со зголемената финансиска поддршка и особено мерките за стекнување квалификации за вработување, им отвораат реални шанси да се извлечат од наследената сиромаштија.
На средбата беше кажано дека вкупно 27.000 семејства во моментот ја примаат гарантираната минимална помош, 27.130 деца земаат детски додаток, образовниот додаток го користат 8.678 деца, а со мерката социјална пензија се опфатени 4.148 возрасни лица. Се очекува овие бројки да продолжат да растат.
- Топ3 месеци
Газда полеан со бензин, а неговиот џип запален во Кисела Вода
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура4 недели
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Црна хроника3 месеци
Деветнаесетгодишник со автомобил удрил во девојче во Кавадарци