Контакт

Македонија

СДСМ: Мицкоски, ако имаш докази повели објави ги, престани да ловиш вештерки

Објавено пред

„Откако дојде на власт, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ секојдневно ја замајуваат јавноста со некакви индиции за криминал од претходната Влада без да понудат никаков доказ или да поднесат некакво обвинение“ велат од опозициската СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата пишуваат „Мицкоски не може да разбере дека веќе не е во опозиција туку е на власт и ваквите обвинувања без никакви докази предизвикуваат потсмев во јавноста. Тој со празни обвинувања сака да лови вештерки и да ја прикрива неспособноста и скандалите кои не прекинуваат да ја газат неговата хаотична Влада“.

„На Мицкоски имаме да му порачаме само едно: Ако имате докази, изнесете ги. Фактите нека зборуваат сами за себе на суд и секој кој се огрешил нека одговара. Толку е едноставно. Дотогаш, вашата шуплива реторика служи само за да го одвлече вниманието од клучните прашања кои ги засегаат граѓаните. Теми и проблеми на кои вие потфрливте за само еден месец. Граѓаните заслужуваат влада која работи за нив, а вие потфрливте толку силно што и вашите поддржувачи се во шок и ова добро го знаете.

Континуираната кампања за оцрнување организирана од премиер на држава е само потврда за неспособноста на тој премиер да понуди решенија за проблемите.

Владеењето на ВМРО-ДПМНЕ досега е само театар на обвинувања за да се прикријат скандалите со луксузирања, неспособноста да се справи со пожарите, газењето по работниците и нивните плати, задолжувањето до гуша на крајно сомнителен начин, криминалот со подароци од стотици илјади евра. Листата нема крај, затоа ова ќе ве однесе во ендек“ е стои во партиското соопштение.

Македонија

Мицкоски ги излажа граѓаните, нема намалување на цените, вели Кузеска

Објавено пред

Најавите дека дополнително ќе се одлага носењето некакви мерки за намалување на цените покажува дека владата на Мицкоски нема економски концепт и не се грижи за стандардот на граѓаните. Му е гајле на Мицкоски за граѓаните, вели портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

dobivaj vesti na viber

„Цените на храната растат неконтролирано и владата досега веќе требаше да излезе со мерки за намалување, а не да чека. Наместо да ги замрзне цените на производите, власта на Мицкоски ги замрзна платите, што е целосно погрешно.

Тоа не е случај со Владите од соседството кои на големо спроведуваат акции за намалување на цените, а платите продолжија да растат. Во Србија на пример, поевтинија над 700 производи.

Кај нас, Владата на Мицкоски доцни и мачка очи со цени на моливи и фломастери која исто така беше задоцнета мерка. Со вакви погрешни, катастрофални економски политики на Мицкоски стандардот на граѓаните само ќе опаѓа“, истакнува Кузеска.

Прикажи повеќе...

Македонија

Од почит кон Бугарија, поради авионската несреќа, Муцунски не реагирал јавно во петокот за фотографирањето без македонското знаме

Објавено пред

Пропуст и непочитување на договореното од страна на бугарскиот протокол e фотографирањето на македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова со бугарскиот претседател Румен Радев, без македонското знаме, покрај знамињата на Бугарија и на Европската Унија, објаснија денес од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Министерот Тимчо Муцунски, кој заедно со министерот за култура, Зоран Љутков, беше дел од делегацијата што ја придружуваше претседателката Сиљановска-Давква. Од Министерството за надворешни работи велат дека иако биле делегација од повеќемина, во работните простории на претседателот Радев, каде што била средбата, ѝ било дозволено да присуствува само на претседателката Сиљановска-Давкова. Другите членови на делегацијата како нејзина придружба биле сместени во посебна просторија.

dobivaj vesti na viber

„Фотографирањето беше на пат кон средбата меѓу претседателите. Македонскиот и бугарскиот протокол имаа координација пред средбата и јасно беше определено дека нема фотографирање. Ние сега бараме одговор на прашањето зошто бугарската страна отстапила од јасно договорениот протокол“, велат од Министерството за надворешни работи и нагласуваат дека по средбата, целата делегација заминала на заеднички ручек, на кој уверуваат дека имало и македонско знаме.

Иако можел веднаш да реагира на фотографирањето без македонско знаме, министерот Муцунски ја одложил реакцијата за првиот работен ден по посетата. Од Министерството објаснуваат дека министерот не реагирал од почит кон Бугарија поради авионската несреќа, во која загинаа двајца пилоти.

„Имаше консултации, но министерот не реагира јавно за време на посетата од почит оти фотографирањето беше само неколку часа по авионската несреќа во Бугарија, во која загинаа двајца пилоти. Беше оценето дека е несоодветно јавно да се реагира поради трагедијата“, уверуваат од Министерството за надворешни работи.

Од таму не објаснија зошто веднаш не реагирал македонскиот протокол, туку го дозволиле фотографирањето.

Денес, на состанок во Министерството е повикан бугарскиот амбасадор во Македонија, Желјазко Радуков, кому ќе му биде врачена протестна нота. Тоа нема да го направи министерот Муцунски, туку директорот на Инспекторатот за регионални инцијативи оти така било соодветно, објаснија од Министерството за надворешни работи.

Претседателката Сиљановска-Давкова и министрите Муцунски и Љутков во петокот имаа културно-дипломатска мисија во Бугарија. Отидоа за да го проследат настапот на Националната опера и Балет со операта „Набуко“ од Џузепе Верди, а настанот беше искористен и за средба на претседателката со бугарскиот претседател.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Кузеска: Мицкоски го правда скандалот во Бугарија со смешни изјави

Објавено пред

Премиерот Христијан Мицкоски наместо да го осуди понижувањето на македонската државата среде Бугарија и да побара одговорност за тоа што се дозволи национален срам без македонско знаме, се обиде да ги оправда виновниците – претседателката Гордана Силјановска Давкова и министрите во неговата Влада, вели портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

dobivaj vesti na viber

„Ниту министрите, ниту Силјановска не реагирале за националното понижување во Бугарија заради жал за загинати пилоти, ‘не сакале да создаваат тензија’ вели Мицкоски. Демек знаеле дека е понижување и бришење под со Македонија ама не сакале да создаваат тензија? Па фотографиите само со бугарски знамиња тогаш зошто самите си ги објавија? Или и сликите ги објавија и се фалеа заради пилотите? Срамно е ова однесување на Мицкоски, го правда скандалот во Бугарија со смешни изјави потценувајќи ја интелигенцијата на граѓаните. Па уште и ги навредува граѓаните. Мицкоски нема образ, па тој ли ќе зборува за свиткана кичма, дозволи Бугарија под да избирше со Македонија и да ни приреди национален срам среде Софија“, рече Кузеска.

Според опозицискат партија, овој скандал потврдува дека Владата и институците предводени од Мицкоски и Силјановска, немаат никаков капацитет за меѓународна политика уште помалку да обебзедат подобри услови на земјата во меѓународни рамки.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија39 минути

Од почит кон Бугарија, поради авионската несреќа, Муцунски не реагирал јавно во петокот за фотографирањето без македонското знаме

Пропуст и непочитување на договореното од страна на бугарскиот протокол e фотографирањето на македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова со бугарскиот претседател...

Македонија2 часа

„Арсовска е промашена инвестиција“- Таравари цени дека не треба да се остави простор политичари да разрешуваат градоначалници

Според министерот за здравство, Арбен Таравари, скопската градоначалничка Данела Арсовска е промашена инвестиција, но, како што вели, не смее да...

Спорт2 часа

„Македонија ова е за тебе“ – Иџе победи на Европскиот шампионат на ридски патеки во групата 1

Летечкиот Македонец, Игор Стефановски со победа ја заокружи својата тркачка сезона за оваа година. Тој викендов во Хрватска ја возеше...

Македонија4 часа

Мицкоски за фотографирањето без македонското знаме: Денеска ќе биде врачена протестна нота на амбасадорот на Бугарија

Премиерот Христијан Мицкоски го коментира неистакнувањето на македонското знаме за време на посетата на Сиљановска-Давкова во Софија при средбата со...

Македонија4 часа

Ако државник од соседната земја доаѓа да пие кафе во Бугарија, треба ли да го истакнеме неговото знаме, вели советникот на Радев

„Посетата на претседателот на Република Северна Македонија на нашата земја беше по повод културен настан – не беше ниту државен...

Свет5 часа

Бајден: Осомничениот за инцидентот во голф-клубот на Трамп е во притвор, нема место за насилство

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека му олеснало што поранешниот американски претседател и републикански кандидат Доналд Трамп бил неповреден во...

Свет5 часа

Трамп: Пукаа во моја близина, никогаш нема да се предадам

Доналд Трамп синоќа излезе со соопштение во кое изјави дека „никогаш нема да се предаде“. Тоа беше негова изјава откако...

Свет5 часа

Експлозија во Келн, полициска акција во тек, јавуваат медиуми

Во центарот на Келн дошло до експлозија, а следела и полициска акција, јавуваат германските медиуми. Според повеќе медиуми, утринава дошло...

Македонија6 часа

Oд денеска девет нови лека на позитивната листа, според Владата, ова проширување е само почеток

За само 2 месеци од мандатот, Владата, Министерството за здравство и ФЗО ја проширија позитивната листа на лекови. По една...

Македонија6 часа

Од здравствен аспект седиме на буре барут: Даниловски алармира дека има постојан ризик од морбили, ковид и епидемиско ширење одделни болести

Со децении превентивно-медицинскиот сегмент на здравството е на последно место на листата на здравствени приоритети. Иако е законска обврска сите...

Свет6 часа

Поради обилните врнежи во Виена, до некои згради може да се стигне само со брод

Во Австрија, која е зафатена од обилните дождови што циклонот Борис ги донесе во Централна и Источна Европа, најтешка е...

Свет23 часа

(Видео) Поплави во Европа: Во Полска пукна брана, настрада едно лице

Циклонот Борис предизвика поројни поплави низ Европа, а ситуацијата сега е на критично ниво. Браната во југозападна Полска попушти под...

Свет24 часа

(Видео) Критично во Австрија: Поплавен автопат, улиците во Виена под вода, спасувачите на терен

Поради поплави предизвикани од обилните дождови, илјадници луѓе денеска се евакуирани во Чешка, Полска и долна Австрија, која е прогласена...

Македонија1 ден

Кузеска: Бугарија избришa под со државата и македонските граѓани

Сoцијалдемократскиот сојуз на Македонија смета дека ВМРО-ДПМНЕ ги поткопува, како што велат, стабилните меѓународни позиции што ги изградило претходното раководство....

Македонија1 ден

(Видео) Стојаноски: Контролите констатирале голем број нерегуларности при јавни набавки на многу клиники и здравствени домови, одговорност ќе има

Контролите кои се спроведени од страна на институциите во ЈЗУ и клиниките ставаат на површина факти дека СДСM и ДУИ...

Топ1 ден

Обид за убиство на паркинг во Кочани, убиецот му влегол во автомобилот и почнал да го боде со нож

Обвинителството гони 24-годишник поради сомнеж за обид за убиство што се случило пред два дена, на 13 септември. Според информациите...

Свет1 ден

Шолц: Не и’ даваме моќни ракети на Украина дури и ако тоа го направат другите земји

Германскиот канцелар Олаф Шолц ја отфрли можноста за испорака на прецизно оружје со долг дострел на Украина во иднина, без...

Македонија1 ден

Променливо облачно време со силен ветер во југозападните делови

Времето денес ќе биде посвежо, преку денот променливо облачно со локални врнежи од дожд особено во западните и северните делови....

Македонија2 дена

Формирано одделение за сериозен и сложен криминал во ОЈО

Во координација со Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје донесе дополнување на...

Македонија2 дена

Кабинетот на Сиљановска ќе побара објаснување од Радев за знамето

Реакции во земјава предизвика вчерашната фотографија од средбата меѓу претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и бугарскиот претседател, Румен Радев, во Софија, каде...