Контакт

Македонија

СДСМ: Мицкоски бараше сите предмети од СЈО да ја изгубат својата иднина

Објавено пред

„Додека сите граѓани очекуваа договор во интерес на правната држава, Христијан Мицкоски на вчерaшната лидерска средба безобразно и во груевистички стил го бранеше криминалот на режимот, барајќи сите предмети од СЈО да ја изгубат својата иднина”, соопшти СДСМ.

Според партијата, тимот на СДСМ предводен од претседателот Заев понудил формирање нова обвинителска институција која ќе гони висока корупција за сите нови случаи за да се гарантира правната држава. „Но нив тоа не ги интересираше, бидејќи бараа единствено бегство од законот за сите обвинети од нивната режимска структура”, се наведува во соопштението.

„Предлогот беше прв човек на таа нова обвинителска институција да предлага опозицијата, но и тоа ВМРО-ДПМНЕ го одби. Груевски прво го избра Мицкоски со единствена задача до последен здив да го штити, сега од Будимпешта нарачува и подобен обвинител.

Граѓаните и сигурната иднина не смеат и понатаму да бидат заложници на азилантот кој од таму му дава инструкции на еднократниот Мицковски. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ќе одговараат пред граѓаните за загрозување на правдата и за загрозување на европскиот пат на нашата земја.

Повеќе од две години како опозициска партија и 11 години претходно како режимска власт, ВМРО-ДПМНЕ е најголемата штета за Северна Македонија на патот до правда и до Европската Унија”, соопшти СДСМ.

Македонија

(Видео) Костовски: Започнуваме иницијатива за поддршка на домашните компании

Објавено пред

„Пандемијата го промени светот, ги смени односите меѓу луѓето, воведе нови правила во комуникацијата. И не само во директната комуникација, го смени начинот на поздравување, држење дистанца едни од други, од блиски, од роднини, внуци од баби и дедовци. Тоа ќе помине, но проблемите ќе останат. Сега најмалку треба да сме себични. Овој вирус со себе ги покосува и здравствениот, но и безбедносниот и економскиот живот“, изјави Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, оваа борба сега од нас бара сплотеност, за да го зачуваме нашето здравје и здравјето на нашите блиски. Но бара и сплотеност, да ја зачуваме економијата. Државите во светот се затворија сами кон себе, штитејќи ја економијата. Тоа сега се очекува и од нас. Да ја заштитиме нашата, македонска економија.

„Сега е потребна сечија идеја како да си помогнеме сами на себе. Да дадеме се од себе за да ги заштитиме нашите херои, докторите, медицинските лица, полицајците, безбедносниот сектор, бизнисот, работниците, нашето, вашето, но и работното место на сограѓаните.Како партија и како одговорна опозиција поттикнуваме акции за поддршка на здравствените препораки. Започнуваме иницијатива за поддршка на домашните компании. Сега ја бараме и вашата мудрост.

Приклучете се на иницијативата „Вашите проблеми заеднички до решенија: Затоа што ја сакам Македонија“, кажете ни ги вашите размисли, споделете ги проблемите, видувањата и идеите како да излеземе посилни од општата криза. Испратете ни ги вашите согледувања на електронската пошта [email protected]Сите пристигнати писма внимателно ќе ги разгледаме и од нив креираме политики и решенија кои се добредојдени во овие моменти.Бидете мудри, следете ги препораките, помогнете ја македонската економија, дајте ни предлози. Сега е време на заедничка мудрост и одговорност. Затоа што ја сакаме Македонија“, вели тој.

Прикажи повеќе...

Македонија

Вториот ден на Велигден е неработен за граѓаните од католичка вероисповед

Објавено пред

Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ, 13 април (понеделник), вториот ден на Велигден, е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед во земјава.

Истовремено, Министерството на граѓаните од католичка вероисповед во Република Северна Македонија им го честита големиот христијански празник.

Прикажи повеќе...

Македонија

Евидентирани 11 нови лица во самоизолација во Дебар

Објавено пред

Стабилна е безбедносната состојба на подрачјето на општините Дебар и Центар Жупа, каде што е прогласена кризна состојба. Во рамките на предвидените мерки во оперативниот план, полициските службеници ги реализираат мото-патролите низ градските средини и приградските населби. Притоа, не се регистрирани собирања на граѓани на јавни места, нема нарушувања на јавниот ред и мир и нема регистрирани сообраќајни незгоди, ооопшти МВР.

На 7.4.2020 во 23:30 часот, во киоск лоциран во дебарското село Могорче, извршена е тешка кражба и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

Евидентирани се 11 нови лица во самоизолација, сите во Дебар и извршени се 61 контрола врз овие лица. Во општините Дебар и Центар Жупа успешно се спроведуваат мерките за контрола при влез на патнички и други моторни возила, како и активностите за дотурот на храна, лекови, средства за лична хигиена и други потреби за граѓаните во двете општини.

Сите правни лица кои вршат дотур треба да се најават во Кризниот штаб на фиксниот телефон 046/831 051 по што, нивните возила со полициска придружба ќе бидат спроведени до соодветните трговски објекти.

„Потсетуваме дека влезот е дозволен само на лица кои се жители на општините, а истовремено е оневозможен, односно строго е забранет излезот на сите граѓани затекнати на подрачјето на двете општини. Упатуваме апел до граѓаните, строго да ја почитуваат одлука на Владата за забрана на движењето од 21.00 до 5:00 часот секој ден, а за време на викендите од 16 до 5 часот. Апелираме на совесно и дисциплинирано придржување до сите други препорачани мерки и насоки во врска со спречувањето на ширењето на коронавирусот (Ковид-19), а сите правни и физички лица строго да се придржуваат до насоките на полициските службеници. Граѓаните, на бесплатниот телефонски број 08 0000 201 или на 192, можат да ги пријавуваат сите случаи на лица кои ги прекршуваат одредбите за задолжителна 14-дневна самоизолација. Сите оние кои ги прекршуваат дадените препораки, ќе бидат санкционирани согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик“, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Сопственикот на „Твитер“ издвои една милијарда долари за борба против коронавирусот

Основачот и сопственик на „Твитер“, Џек Дорси, ќе даде 1 милијарда американски долари за борба против пандемијата на коронавирус. Во...

Свет1 час

ЕУ: Лажните вести за коронавирусот доаѓаат од Русија

Потпретседателката на Европската комисија, Вера Јурова, вели дека Европската Унија идентификувала лажни информации за пандемија на коронавирус коишто доаѓаат од...

Македонија2 часа

Скопјанец потпишал изјава за изолација, па отишол да пазари во маркет

Скопското основнo јавно обвинителство предлага казна за човек кој ја прекршил мерката за самоизолација, откако од Словенија се вратил во...

Свет2 часа

Главниот научник во ЕУ поднесе оставка

Главниот научник во Европската Унија поднесе оставка, обвинувајќи го Брисел поради одговорот на кризата со коронавирусот, нарекувајќи го „разочарувачки“, објави...

Свет2 часа

Борис Џонсон е во стабилна состојба

Британскиот премиер Борис Џонсон ја помина и втората ноќ на интензивна нега, каде прима соодветна терапија поради коронавирусот. „Господинот Џонсон...

Свет2 часа

(Видео) Вухан излезе од изолација, луѓето ја пееја химната на мостовите

По речиси 11 недели или точно 76 дена, кинескиот град Вухан, каде почна пандемијата на коронавирусот, излезе од изолација. Кинеските...

Свет3 часа

Трамп ги шокира Американците: Ќе го прекинеме финансирањето на СЗО

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа одржа ретко видена прес-конференција во Белата куќа, на која се пресмета со противниците на најлошиот...

Регион3 часа

Вучиќ: Полициски час преку цел викенд, вонредна состојба уште еден месец

Српскиот претседател Александар Вучиќ оцени дека вонредната состојба во Србија поради пандемијата на коронавирусот, би можела да биде укината во...

Македонија14 часа

Вработените во јавниот сектор, кои се ослободени од работа, нема да имаат лански одмор

На оваа седница Владата ја донесе уредбата со законска сила за примена на Законот за вработените во јавниот сектор за...

Македонија15 часа

45-годишен скопјанец почина од коронавирус на пат кон болница

Четириесет и петгодишен пациент од Скопје заболен од коронавирус починал на пат кон болницата „8 Септември“. Според информација од Институтот...

Економија16 часа

Македонската банкарска асоцијација апелира: Плаќајте преку интернет, користете картички место кеш

Македонската банкарска асоцијација информира дека банките и штедилниците интензивно преземаат активности за заштита на здравјето на клиентите. „Апелираме до граѓаните,...

Економија17 часа

ССМ: Поради солидарност, старите одмори да ги искористат сите вработени во приватниот сектор

Сојузот на синдикатите на Македонија и Државниот инспекторат за труд не ја толкуваат исто уредбата за користење на годишните одмори...

Свет17 часа

Крај на блокадата, Вухан отворен по 76 дена изолација

Кинеските власти ја укинаа блокадата на Вухан и ги одблокираа сите излези од градот кој беше жариште на епидемијата од...

Македонија17 часа

Коронавирусот и кај нас ќе се лекува со крвна плазма од оздравени пациенти

Изготвен е протоколот за лекување заболени од коронавирус со крвна плазма од излекувани пациенти, информира министерот за здравство, Венко Филипче....

Македонија19 часа

Филипче: Се влошува состојбата на родилката од Куманово

Се влошува состојбата на родилката од Куманово, која е заболена од коронавирусот, а чие бебе е негативно на Ковид-19, информира...

Македонија19 часа

Пендаровски-Столтенберг: Со здружени сили за справување со пандемијата на коронавирусот

Претседателот Стево Пендаровски оствари телефонски разговор со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. Во телефонскиот разговор претседателот Пендаровски му се...

Македонија20 часа

Некои возови нема да сообраќаат, други ќе возат по нов распоред

Новонастанатата ситуација со полицискиот час, кој ќе почне од утре во 16 часот, а за време на викендот ќе трае...

Македонија20 часа

Адеми: Се разгледува одложување или укинување на државната матура

Министерот за образование, Арбер Адеми, изјави дека се разгледува и дискутира за тоа дали ќе се спроведе државната матура оваа...

Македонија21 час

Интернет-картички за учениците од социјално загрозени семејства за онлајн настава

Над 18 илјади картички за мобилен интернет ќе овозможат околу 30 илјади семејства да имаат пристап до интернет за децата...

Македонија22 часа

За еден ден во земјава регистрирани пет смртни случаи од коронавирус

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести изминатите 24 часа починале четворица пациенти заболени од коронавирус. Станува...

Досие