Контакт

Македонија

СДСМ: Мицкоски врши упади во други политички партии само за да не поднесе оставка

Објавено пред

Губитникот Мицкоски прави сѐ само да не го исполни ветувањето за оставка по поразот на изборите, граѓаните порачаа дека со ВМРО-ДПМНЕ напредок не е можен, реагираат од СДСМ откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прес-конференција најави дека дел од Интегра поминува во ВМРО-ДПМНЕ.

„Очајот и фрустрациите од третиот последователен пораз кај Христијан Мицкоски не стивнуваат. Пред само два месеци, на фер, слободни и демократски избори, Мицкоски и нереформираното ВМРО-ДПМНЕ добија јасна порака од граѓаните кои ги поразија нивните деструктивни политики.

Денес, Мицкоски врши упади во други политички партии само за да го прикрие фактот што не го исполни ветувањето дека ќе поднесе оставка ако не победи на изборите и ако не успее да состави влада.

Наместо оставки и реформи, Мицкоски организира лицемерни протести на кои неговите приврзаници со скапи автомобили глумат загриженост за цената на струјата, а се со цел, да ја задржи фотелјата во Белиот дворец,

Најавата за формирање таканаречен опозициски блок е само уште еден во низата блефови на Мицкоски, тој одамна ја нема поддршката од граѓаните, заради неговото незрело, неодговорно и деструктивно однесување.

Граѓаните јасно порачаа дека сакаат да продолжат по патот на напредокот, развојот и интеграциите и дека тоа не можно со ова нереформирано ВМРО-ДПМНЕ, затоа оваа партија и Мицкоски уште догло ќе бидат опозиција“, се наведува во реакцијата на СДСМ.

Македонија

Шахпаска со претставничките на „Глас за насилство“ : Борбата против насилството врз жените е наш заеднички приоритет

Објавено пред

Министерката за труд и социјална политика денеска се сретна со претставничките на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство – „Глас за насилство“, мрежа која опфаќа дваесетина граѓански организации кои работат на полето на спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство во нашата држава.

На средбата се разговараше за тековните активности на мрежата и организациите, соработката со Министерството за труд и социјална политика и другите надлежни институции вклучени во процесот со единствена цел, унапредување на политиките и праксите во борбата против насилството врз жените и семејното насилство.

Од страна на претставничките на Националната мрежа за жени жртви на семејно насилство, беа посочени досегашните проекти и активности кои се преземаат со цел помош и поддршка на жените жртви од насилство. Интервентен женски фонд , наменет за помош на жени кои се жртви на насилство и кои сакаат да ја напуштат насилната средина, преку обезбедување медицинска документација, извештаи од специјалисти, бесплатна правна помош, како и други итни мерки за поддршка на жената да излезе од насилната врска. Потоа, куќа за отворено домување за жени жртви на семејно насилство, со целосна финансиска и психо-социјална поддршка на жените сместени во неа и други активности.

„Наша заложба како Министерство е унапредување на човековите права, еднаквост и борба против секаков вид на насилство . Тоа се нашите приоритети и продолжуваме и понатаму со силна поддршка на сите граѓански организации кои се наши партнери во превенцијата и спречување на насилството“, порача Шахпаска.

Министерката за труд и социјална политика изрази подготвеност на целосна поддршка на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство во заложбите за унапредување на социјалните сервиси и услугите кои ги даваат на жените жртви од насилство и семејно насилство.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Филипче побара разбирање и поддршка за одлуките во образованието

Објавено пред

Знам дека многумина сакаат и бараат учењето да се одвива поинаку и искрено сите ги разбирам. Но, како здравствен работник и прв одговорен во битката со пандемијата, барам разбирање и поддршка за сите здравствени одлуки кои ги донесовме во однос на образовниот процес, вели министерот за здравство, Венко Филипче, во видео обраќање до родителите, учениците и образовните работници по повод почетокот на учебната година.

Тој вели дека секоја одлука е базирана на примарната и најважна цел, заштитата на јавното здравје, заштитата на здравствениот систем и пребродување на кризата.

„Секоја одлука која ја донесовме е донесена со цел да се обезбеди добар, но и безбеден образовен процес. И ова е единствениот исправен пристап во услови кога нема идеално решение“, потенцираше министерот Филипче.

Во своето обраќање, министерот Филипче истакна дека целосното отворање на училиштата кое го применија многу земји се покажало како исклучително голем ризик, а во неколку земји тоа значело целосен крах на системот и враќање кон силни рестрикции.

„Верувам дека никој не го посакува ова. Сите добро се сеќаваме каква штета на менталното здравје, економијата и целото општество донесоа рестрикциите. Тие се последното нешто што сакаме да го употребиме и затоа мора да бидеме многу внимателни. Сите ученици кои се враќаат во училишните клупи, нивните родители и наставниот кадар мора да бидат многу одговорни. Дури 600 училишта ја започнаа наставата со физичко присуство. Од учениците, родителите и наставниците очекувам максимално и доследно почитување на пропишаните мерки. Од сите заедно зависи дали ќе ја задржиме состојбата стабилна а со тоа и безбедно и квалитетно да ја поминеме учебната година. Драги деца, вирусот не е шега. Можеби за вас е помалку опасен, но е многу поопасен за вашите родители, баби и дедовци. Почитувајте ги препораките, слушајте ги наставниците и штитете го здравјето на сите. Јас верувам во вашата зрелост и одговорност. Вие може да бидете пример за возрасните и за целото општество. Кризата е време во кое созреваме, во кое растеме како одговорни личности. Ви посакувам успешна учебна година“, рече министерот Филипче.

Прикажи повеќе...

Македонија

Поради снимање на филм, денеска и утре посебен сообраќаен режим кај хотел „Парк“

Објавено пред

Денеска и утре, во периодот од 18 до 06 часот на ул.„1732“, во непосредна близина на хотел „Парк“ во Скопје, поради снимање на филм, ќе биде воведен посебен сообраќаен режим.

„Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на горенаведената сообраќајница, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

За таа цел, МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајницата каде што ќе се одвива најавеното снимање.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

(Видео) Филипче побара разбирање и поддршка за одлуките во образованието

Знам дека многумина сакаат и бараат учењето да се одвива поинаку и искрено сите ги разбирам. Но, како здравствен работник...

Регион1 час

Пациент во Хрватска починал затоа што му било инјектирано средство за дезинфекција

Претседателката на Управниот одбор на болницата во Чаковец, Соња Тошиќ-Грлач, изјави дека пациентот на хемодијализа починал откако по грешка му...

Топ2 часа

Едно лице загина во сообраќајна несреќа меѓу мотор и машина за сечење дрва во Ченто

Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случила вчеравечер во скопската населба Ченто. Според информациите на МВР, во несреќата...

Свет3 часа

Навални: Тврдам дека зад труењето стои Путин

Рускиот опозициски лидер, Алексеј Навални, за германски „Шпигел“ изјави дека не се сомнева дека рускиот претседател, Владимир Путин, стои зад...

Македонија3 часа

МОН: На првиот училиштен час нема посериозни пречки за одржување на онлајн-наставата

Министерството за образование и наука е во постојана комуникација со тимот од ФИНКИ и Бирото за развој на образованието, кој...

Македонија4 часа

Почнува учебната година

Новата учебна 2020/2021 година почнува денеска, со еден месец одложување. Настава со физичко присуство ќе следат учениците од прво до...

Македонија17 часа

Објавен распоредот на телевизиските часови за учениците кои немаат компјутери

Учениците кои немаат компјутер или таблет за да следат онлајн-настава преку платформата на Министерството за образование часовите ќе можат да...

Регион23 часа

Грчките свештеници загрижени за барањето до Вартоломеј за автокефалност на македонската црква

Грчките црковни кругови ги коментираа барањата на македонските власти до вселенскиот патријарх Вартоломеј за автокефалноста на македонската црква. Задната врата...

Македонија24 часа

Сојузот на средношколците најави бојкот во ноември ако не се дозволи комбинирана настава

Сојузот на средношколците најави бојкот на наставата од ноември доколу во октомври остане стабилна епидемиолошката состојба, а институциите не дозволат...

Македонија24 часа

Милошоски: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа против одлуките за вонредна состојба

Заврши координацијата на пратеничката група на коалицијата „За обнова на Македонија“ по што пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, информира дека...

Регион1 ден

Албанија го одложи почетокот на училишната година

Албанија го одложи почетокот на училишната година за ноември откога бројот на заразени од коронавирусот во еден ден се зголеми на...

Топ1 ден

Приведена дилерка на кокаин во Тетово

Полицијата приведе 45-годишна жена од Теотово осомничена за продажба на кокаин. Според информациите од МВР, таа ја криела и ја...

Свет1 ден

Гејтс потпиша договор со 16 фармацевтски компании: го зголемуваме производството на вакцини со невидена брзина

Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс потпиша договор со 16 фармацевтски компании за да соработуваат во производството на вакцина против...

Македонија1 ден

Потрошени 6,7 милиони евра за итни набавки за заштита од Ковид-19, најмногу потрошило МВР

За итни набавки за заштита од коронавирусот, во првите шест месеци од кризата биле потрошени 6,7 милиони евра, покажува извештајот...

Македонија1 ден

Филипче на средба со медицинските сестри кои дадоа отказ од Инфективна – се обидел да ги убеди да останат

Министерот за здравство, Венко Филипче, утрово се сретнал со трите медицински сестри од Инфективната клиника кои дадоа отказ. Според објавата...

Свет1 ден

(Видео) Хаотична прва дебата меѓу Трамп и Бајден

Американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот противкандидат, поранешниот потпретседател и сенатор Џо Бајден, синоќа ја имаа првата од трите дебати...

Свет1 ден

Премиерот на Ерменија: За конфликтот во Нагорно-Карабах нема воено решение

Премиерот на Ерменија, Никол Пашињан изјави дека за конфликтот во Нагорно-Карабах нема воено решение. Пашињан за телевизијата Русија 1 рекол...

Свет2 дена

Кремљ: Путин планира да се вакцинира со руската вакцина против коронавирус

Рускиот претседател, Владимир Путин, планира да се вакцинира со руската вакцина против коронавирус, рече неговиот портпарол. „Путин планира да се...

Македонија2 дена

Алаѓозовски и Поповски именувани за национални координатори во Владата

Владата на денешната седница ги именува поранешниот министер за култура Роберт Алаѓозовски и поранешниот министер без ресор задолжен за комуникации,...

Македонија2 дена

Игротеките почнуваат со работа

Владата на денешната седница го усвои протоколот за работа на игротеките. „Владата го усвои протоколот за работа на игротеките во...

Досие