Македонија
СДСМ: Мицкоски ги поткопа државните позиции, усвоена Резолуција на ЕПП со ставови на Бугарија

Европската народна партија (ЕПП) на Конгресот усвои резолуција со која го поддржува отворањето на преговорите со ЕУ но истовремено ги поддржува ставовите на Бугарија. Клучен дел од Резолуцијата е тврдењето дека не сме ги почнале преговорите со ЕУ затоа што „не беа постигнати опипливи резултати во однос на спроведувањето на билатералните договори со Бугарија“, се вели во соопштението од СДСМ.
Ова е директна поткрепа на ставовите на Бугарија.
Од партијата наведуваат дека лажниот патриот Христијан Мицкоски треба да излезе пред граѓаните и да одговори зошто е тоа така? Дали и самиот Мицкоски гласаше за оваа Резолуција?
На овој начин Мицкоски ја поткопа државната позиција во процесот со Бугарија, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Милионска добивка со фибоначи-бонусот на SPORT LIFE

Нов милионски тикет во „Sport Life” – Струмица, со помош на големиот Фибоначи бонус на добивката од 610% .
Ова шесткратно зголемување на добивката, редовниот играч на „Sport Life“ го остварил со уплатени 50 денари, а освоил неверојатни 1.795.145 денари. Дури 1,5 милион денари се од бонусот на добивката, која инаку би изнесувала 300.000 денари.
За милионскиот тикет, нареден со 23 натпревари од изминатиот петок и викендот, најдраматичен бил натпреварот со Фенербахче во неделата. Победничкиот гол на истанбулскиот клуб бил постигнат дури во 80-тата минута по претходен пресврт на резултатот и со тоа била осигурена и милионската добивка на играчот од Струмица.
Фибоначи бонусот е во игра уште една недела, односно до 28 септември, па така сите оние кои редат долга низа на натпревари на тикет, можат да очекуваат нови изненадувања и зголемување на добивката.
Возбудата за лојалните играчи на „Sport Life“ продолжува со новата сезона на Типстер куп натпреварот, при што секој месец ќе се доделуваат 100.000 денари за најмногу погодени тикети во месецот, а тука е и новата „Спортска по твое“ или „Среќна 13-ка“, со која за погодени 13 натпревари на тикет по избор на играчот, ќе бидат доделувани премии од 120.000 денари секој месец, сè до јуни следната година.
Со членството во СЛ клубот, играчите на Sport Life стекнуваат право да учествуваат во новите акции и игри, и да ја зголемат добивката со бонуси и премии.
ПР
Македонија
Грковска: Политичарите треба да бидат пример за работење со интегритет и тоа понатаму треба да се бара и од другите

„Убедена сум дека жените и младите се носители на позитивните промени во општеството. И затоа ми е драго што денеска ја прошируваме мрежата за соработка и поддршка на жени, кои се или биле вклучени во напорите за промоција и вградување на принципите за добро владеење, за превенција и справување со корупцијата, но и за поддршка на младите од регионот за да се обединат во зголемување на притисокот за градење на општества засновани на интегритет, чесност и одговорност“, истакна заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, на втората регионална конференција на Форумот на жените лидери од ЈИЕ за добро владеење и антикорупција, која денеска се одржува во Скопје, со поддршка на канцеларијата на UN Women во Северна Македонија.
Грковска го модерира првиот панел во рамките на конференцијата, посветен на жените во сферата на правдата и на корупцијата во правосудниот систем, на кој учествуваа: Мирјана Лазарова-Трајковска, судијка во Врховниот суд на Северна Македонија и поранешна судијка во ЕСЧП, Ина Рама, судијка во Специјалниот апелациски совет при Уставниот суд на Република Албанија, Ленче Ристовска, јавна обвинителка и прв обвинител за врска на Република Северна Македонија со Eurojust – агенција на ЕУ за соработка во областа на кривичното право, Бојана Савовиќ, заменик-обвинителка во Вишото јавно обвинителство во Белград, Република Србија, и Јелена Перовиќ, директорка на Агенцијата за спречување корупција на Црна Гора.
Еминентните говорнички споделија свои лични искуства во вршењето на својата професијата и за состојбата во стручната фела. Тие беа согласни дека жените се навистина бројно застапени во земјите од целиот регион, но дека тоа не ги одразува реалната моќ и застапеноста на одлучувачко ниво. Осврнувајќи се на родово заснованите ризици во вршењето на одговорните задачи во борбата против криминалот и корупција, тие се осврнаа на притисоците и омаловажувањата на кои биле подложени.
„Клучна е политичката волја. Ние политичарите треба да бидеме пример за работење со интегритет и понатаму тоа да го бараме од другите“, истакна Грковска и додаде дека зголемувањето на личниот интегритет е важно на сите општествени нивоа, како и транспарентноста во работењето, за граѓаните да имаат вистинска слика за состојбите.
Сумирајќи ги излагањата на панелистиките, таа заклучи дека општата атмосфера на неказнивост ги дерогира нашите општества, како и двојните стандарди и немањето доволно солидарност за луѓето со интегритет.
Македонија
35-годишен маж загина во пожарот во зградата во Хром

Триесет и петгодишен скопјанец е пронајден изгорен во стан во пожарот што избувна утрово во скопската населба Хром.
Според информациите од МВР за „Макфакс“, пожарот избувнал во 9.47 часот на улицата Исаија Маџовски.
„Пожарот е изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита, а во опожарениот стан пронајден е починат И. Ј. (35) од Скопје. Смртта ја констатирал лекар од итната медицинска помош“, велат од полицијата.
Од таму додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Пожарот го гаснеле три противпожарни возила, а горело на четвртиот кат од петкатницата. Причините за пожарот дополнително ќе се утврдуваат.