Македонија
СДСМ: Мицкоски да ги повика на одговорност сите обвинети од ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ го повика лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, да ги повика на одговорност сите обвинети од ВМРО-ДПМНЕ, поранешни и сегашни функционери
„Откако ги призна сите криминални злодела на ВМРО-ДПМНЕ предводена од неговите ментори Никола Груевски и Сашо Мијалков, Христијан Мицкоски да ги повика на соочување со одговорност сите во Белиот дворец против кои се водат судски предмети. Цели три години Мицкоски е на браникот на криминалот, работи против правдата, против судска разрешница на предметите на СЈО во кои се и Груевски и Мијалков ама и Милошоски и Орце Камчев и многу други“, велат од партијата.
ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, додаваат од СДСМ, се симболот на криминалот, корупцијата и неправдата.
„Граѓаните ова многу добро го знаат. Како што и досега не успеаја во својата намера, нема да успеат ниту овој пат, одговорност ќе има за сите до еден“, велат од СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Во Ковид центрите во земјава се лекуваат 443 пациенти

Во изминатите 24 часа во Ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 443 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.
Според Министерството за здравство, во болницата во Битола се хоспитализирани 28 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19.
Во болницата во Штип се хоспитализирани 38 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 16 пациенти, во Велес се лекуваат 25 болни, а во Куманово 73 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.
Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 56 пациенти, во Прилеп 72, во ковид центарот во Гостивар 12, а во Струга 20 болни.
Во болницата во Струмица хоспитализирани се 20 пациенти, во Кочани 7 во Кичево 6, Кавадарци 48, во Гевгелија 9 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 750 и има околу 360 празни болнички кревети во ковид центрите, информираат од министерството за здравство.
Додаваат дека сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.
Македонија
Во ковид центрите во Скопје примени нови 34 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 34 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 307 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 17 приеми.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 6 нови приеми на пациенти и 11 на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле не биле примени пациенти.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 27 оздравени пациенти.
Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 28 пациенти, на Клиниката за неврологија 31 болен, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 47 пациенти со симтоми на корона вирусот.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 80 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 95 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 20 пациенти. На ГАК има 6 хоспитализирани ковид позитивни пациентки.
Вкупно 307 пациенти потврдени и сомнителени за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 44 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.
Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.
Македонија
Од утре започнува исплата на правата од социјална, детска и цивилна заштита

Министерството за труд и социјална политика информира дека од утре, 4 март (четврток) 2021 година, започнува исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита (сите парични прaва) за месец февруари 2021 година.
Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од 4 март 2021 година.
Со цел да се избегне метеж пред банките и да се овозможи поголема заштита на корисниците на парична помош во услови на опасност од вирусот КОВИД-19,за корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе во 2 групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа:
– 04.03.2021 (четврток) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ
– 05.03.2021 (петок) – М, Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер