Македонија
Наместо неефикасни кошнички, ВМРО-ДПМНЕ да ги прифати нашите докажани мерки, велат од СДСМ
Вистинската мерка која ќе донесе реална корист за граѓаните и реално ќе ги намали цените на производите е укинувањето на ДДВ на храната, велат од СДСМ преку соопштение, укажувајќи на нивниот предлог.
„Со укинување на ДДВ на храната реално и вистински ќе се намалат цените на повеќе од 250 категории на производи, а домаќинствата ќе можат да заштедат и до 2.000 денари месечно.
Мерките на Владата, како што е замрзнувањето на маржите кои беа дел од т.н. есенска кошничка, се покажаа како неефикасни и немаа никакво влијание врз намалување на цените.
Доказ за тоа се цените во маркетите каде што се гледа дека нема никакво намалување, но и официјалните податоци на Државниот завод за статистика, кои покажaa дека цените на мало во октомври кога се спроведуваше мерката се намалиле за само 0,1%.
Трошоците за живот продолжуваат да растат, синдикалната кошничка во ноември оваа година е зголемена за нови 772 денари во споредба со октомври. Граѓаните секојдневно се борат да врзат крај со крај а власта на Мицкоски и ДПМНЕ со погрешните економски мерки и политики не им помага туку им одмага.
Наместо нови мерки кои нема да дадат резултат владата треба да го прифати нашиот предлог за укинување на ДДВ на храната – мерка која директно ќе помогне во намалување на трошоците за живот и ќе даде вистинска поддршка на животниот стандард на граѓаните“, се вели во соопштението на СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДС се обидува да го штити Груби, велат од ВМРО-ДПМНЕ
СДС и Филипче месец дена се препелкаат во сопствените лаги за криминалот на Груби и ДУИ во нивен мандат. СДС месец дена не се извинува и се обидува да го штити Груби. СДС и Филипче ги манипулираат граѓаните и дефокусираат, иако целата јавност знае дека тие се оние кои му овозможија на Груби да го спроведува својот криминален поход врз државните ресурси, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„СДС, не само што знаеја за криминалот на Груби, туку свесно го толерираа водејќи се од единствениот нивни приоритет, а тоа е останување на власт. Обидот на СДС со декларативни изјави и формално оградување од ДУИ се неубедливи и провидни, бидејќи народот знае дека зад секоја криминална активност на Груби стоела премолчана поддршка од СДС“, велат од партијата и додаваат:
„СДС се наоѓа на крстопат и ако сакаат да покажат капацитет за внатрешни реформи, неопходно е јавно да се извинат за криминалот на Груби, во спротивно ќе докажат само дека се уште го штитат“.
Македонија
Утрово најстудено на Попова Шапка и во Маврови Анови
Утрово најстудено било на Попова Шапка и Маврови Анови каде што се измерени -7 степени, -5 било во Крушево, -4 во Крива Паланка, -3 во Берово, Дебар и Виница, -2 во Тетово, Битола, Прилеп, -1 во Охрид, Претор, Штип, Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, 0 во Скопје-Петровец, Струмица, Велес, Демир Капија, 2 во Гевгелија.
Висината на снежната покривка во 7 часот била 57 сантиметри на Попова Шапка, 50 Маврови Анови, 33 Крушево, 25 Битола, 24 Тетово, 17 Берово, Штип, 16 Прилеп, 14 Демир Капија, 10 Претор, 9 Скопје – Петровец, 5 Охрид, 4 Струмица, Крива Паланка.
Времето денеска
Претпладне со појава на магла по одделни котлини. Преку денот променливо облачно, а облачноста попладне особено во источните делови ќе се намалува. Понекаде и особено во планинските региони може краткотрајно да провејува слаб снег. Максималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7 степени.
Во Скопје со појава на слаба магла, преку денот претежно облачно и тивко.
Максималната температура ќе достигне до 4 степени.
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот. Снег со слаб интензитет провејува на планинскиот премин Ѓавато, кој не се задржува на коловозот.
Намалена видливост поради појава на магла со видливост од 50 до 70 метри има на Плетвар.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.