Македонија
СДСМ: На Мицкоски око не му трепнува за граѓаните, прави голема штета врз државата

Мицкоски е лажен патриот, без основно чувство за државност, чија најголема грижа е одбрана на криминалот на ВМРО-ДПМНЕ. Со секоја нова пресуда за криминалот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски станува негов уште пожесток бранител. Нему око не му трепнува за граѓаните кои осиромашувале, додека ВМРО-ДПМНЕ ги крадело, затоа сите украдени пари од граѓаните ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да ги вратат кај граѓаните, се вели во соопштението од СДСМ.
Од партијата додаваат дека наместо да повика на одговорност и да им се извини на граѓаните, Мицкоски се обидува да им го продаде својот лажен партиотизам. Тој прави голема штета за државата, дома глуми патриот, а надвор поддржува документи кои ги поткопуваат меѓународните позиции.
Мицкоски им нанесе сериозен удар на државните позиции со прифаќањето на Резолуцијата на ЕПП со бугарски ставови, исто како што пред поранешниот премиер на Бугарија, Бојко Борисов, велеше дека го поткрепа Договорот за добрососедство.
Тоа е лажното лице и неодговорното однесување на Мицкоски, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Утре без струја повеќе делови на Скопје

Од ЕВН Македонија информираат дека утре без електрична енергија ќе останат:
во периодот од 08.30 до 09.30 часот, корисниците од ул. Иван Манолев. ( општина Бутел )
во периодот од 08.30 до 15.30 часот, корисниците од ул. Ордан Чопела од бр.110 до бр.140, како и дел од корисниците од ул. Јајце. ( општина Чаир )
во периодот од 09.00 до 11.30 часот, корисниците од ул. Струшка. ( општина Карпош )
во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од ул.21 во Сопиште ( општина Сопиште ) како и корисниците од ул. Шидска бр.10, бр.12 – влезови 2, 3 и 4, и бр.42. ( општина Ѓорче Петров )
во периодот од 10.00 до 14.00 часот, корисниците од
ул. Румена Хаџи Панзова. ( општина Кисела Вода )
во периодот од 13.30до 16.00 часот, корисниците од место викано Осојница во Сопиште. ( општина Сопиште )
Македонија
Сончево и топло време со температури до 36 степени

Времето денес ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени. УВ=9
Во Скопје сончево и топло со слаб до умерен ветер од северен правец, попладне со мала локална облачност. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне 35 степени.
Продолжува периодот на многу топло време. Во попладневните и вечерните часови ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, а локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме.
Македонија
Мицкоски: Власта веднаш да престане да преговара за македонскиот идентитет, јазик и историја

Власта да престане со преговори за македонскиот идентитет, јазик историја, да се вратат од Софија и да кажат дека преговори ќе продолжат само кога ќе има услови да се сочува нашето достоинство, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање при посетата на општина Ѓорче Петров.
Мицкоски истакна дека очекува од власта веднаш да престане да ги распродава македонските државни и национални интереси.
– Јас очекувам да престанат да ги распродаваат македонскиот идентитет, култура, наследство, историја, тоа очекувам од овие ако можам така да ги наречам македонски официјални лица, тоа очекувам. Веднаш да престанат, да се вратат од Софија и да кажат дека работата не бива, престануваме во овој момент, кога ќе се создадат услови тогаш ќе продолжиме, во овој момент очигледно не постојат услови со кои што можеме да го сочуваме нашето достоинство. Ете тоа очекувам, потенцираше Мицкоски.