Контакт

Македонија

СДСМ: Не е точно дека била закажана дебата на „Телма“

Објавено пред

Сиљановска лаже, не е точно дека била закажана дебата на Телма телевизија, реагира владејачкиот СДСМ преку соопштение, откако кандидатката за претседател Гордана Сиљановска-Давкова напиша дека жали што нејзиниот противкандидат Стево Пендаровски го откажал учеството на ТВ-дуелот што требал да биде одржан вечерва.

„Сиљановска повторно лаже и се служи со невистини. Воопшто не е точно дека бил закажан ТВ-дуел на Телма телевизија. Ваквите невистини не можат да ја покријат Сиљановска од нејзиното реално и вистинско бегање од ‘жешко столче’ на истиот медиум“, велат од СДСМ во реакцијата oд каде во прилог ја испратија поканата за дебатата.

Македонија

Нимиц: Компромис на Балканот има лошо значение

Објавено пред

Американскиот дипломат Метју Нимиц, кој беше посредник во спорот со името со Грција, оценува дека на Балканот зборот компромис има лошо значение.

„Зборот компромис во САД е добар збор. Ќе се скараме, па одиме во друга соба, дискутираме за тоа и излегуваме со решение. Постигнавме компромис и сите велат дека тоа е одлично. На Балканот, меѓутоа, компромисот е лоша работа. Никој не победил“ вели Нимиц во интервју за „Дојче веле“.

Тој вели дека се надева и покрај противењата во Северна Македонија и во Грција, ќе се гледа напред а не назад.

„Привремениот назив Поранешна југословенска Република Македонија – ФИРОМ, не беше името на земјата. Тоа беше привремен назив додека се чекаше името…Земјата со тој назив беше закочена“ додава Нимиц.

На прашањето дали спорот е завршен, тој вели дека никој не може со сигурност да зборува за иднината.

„Не верувам дека историјата ќе се спречи. Работите продолжуваат. Несогласувањата кои имаат длабоки корени ја менуваат природата, но не исчезнуваат. Бидејќи историјата на овој регион, македонскиот регион, ако погледнете на времето на Александар Велики, Римското царство, Отоманското царство, Балканските војни и тогаш се што се случило во Првата и Втората светска војна, во грчката граѓанска војна и Титовиот комунистички период до распадот на Југославија, ќе добиете долга историја во која овој регион бил централна точка. И сега постигнавме и резолуција за името. Но, во двете земји, народот смета дека се дало премногу поради тоа што е постигнат компромис“ објаснува американскиот дипломат.

Прикажи повеќе...

Македонија

На Табановце голема колона возила, нема струја на преминот

Објавено пред

На граничниот премин Табановце, направена е долга колона на возила, бидејќи нема струја.

Не е позната причината зошто нема струја, но веќе е формирана долга колона од возила.

Прикажи повеќе...

Македонија

Директорот на Студентскиот дом: Струјата беше исклучена поради неплатен долг, но вчера повторно ни беше пуштена

Објавено пред

По обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека студентскиот дом „Томе Стефановски Сениќ“ нема струја во јунска сесија, се огласи директорот на домот, Лулзим Џемаили.

„Сакам само транспарентно да се информира јавноста дека на Домот „Томе Стефановски Сениќ„ на 22.05.2019 во 14 часот и беше прекинато снабдувањето со електрична енергија заради неплатен долг. Приклучени бевме вчера на ден 25.05.2019 во 19 часот. Демантирам информации дека во Домот уште не е приклучено снабдувањето со електрична енергија“ се вели во реакцијата на директорот Џемаили.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија43 минути

Нимиц: Компромис на Балканот има лошо значение

Американскиот дипломат Метју Нимиц, кој беше посредник во спорот со името со Грција, оценува дека на Балканот зборот компромис има...

Македонија1 час

На Табановце голема колона возила, нема струја на преминот

На граничниот премин Табановце, направена е долга колона на возила, бидејќи нема струја. Не е позната причината зошто нема струја,...

Политика3 часа

Од среда почнува поднесувањето барања за новите права од социјалната реформа

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска на прес конференција ги повика сите лица коишто се во социјален...

Регион4 часа

Автобус остана без покрив откако помина под мост во Пловдив

Немил инцидент ги вознемири утрово бугарските жители на градот Пловдив, кога автобус остана без својот покрив откако помина под еден...

Свет5 часа

Трамп: Му верувам на Ким дека ќе го одржи ветувањето што ми го даде

Американскиот претседател Доналд Трамп објави на Твитер дека и натаму му верува на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, наспроти пекинот...

Свет5 часа

(Видео) Торнадо срамни со земја хотел во Оклахома, има и мртви

Торнадо синоќа во доцните часови го погоди Ел Рено во Оклахома, пренесе „Фокс Њуз“. I’m in El Reno. I was...

Европа6 часа

Последен ден од европските избори, гласаат поголем дел од државите

Дваесетина земји од Европската Унија денеска гласаат на европските избори, откако вчера гласаа Летонија, Малта и Словачка, а претходно гласаа...

Свет20 часа

Трамп ја одобри продажбата на оружје на Саудиска Арабија

Американскиот претседател Доналд Трамп ја одобри продажбата на, осум милијарди долари вредното, оружје на Саудиска Арабија, наведувајќи ги иранските закани...

Свет23 часа

Меѓународниот суд ѝ нареди на Русија да ги ослободи украинските морнари

Меѓународниот трибунал ѝ нареди на Русија веднаш да ги ослободи 24-те украински морнари и трите бородови, кои ги заплени на...

Македонија1 ден

Момчето кое се повреди од струен удар ќе се лекува во Софија

Министерството за здравство информира дека момчето кое вчера се здоби со изгореници од струен удар е испратено на лекување во...

Македонија1 ден

(Видео) Протест на жители на Гази Баба: Градоначалникот да даде оставка, а не да ни носи центар за зависници

Имаме кучкарник, канта пазар, кванташки пазар, сточен пазар, депонија, уште центар за зависници треба да ни донесат да бидеме комплетни....

Македонија1 ден

Владата: Управниот суд пресуди дека раскинувањето на договорот за „Казандол“ е законито

Владата информира дека Управниот суд донел пресуда дека едностраното раскинување на договорот за изградба на рудникот „Казандол“ од страната на...

Вести1 ден

Судот ја блокира изградбата на ѕидот на Трамп

Федералниот суд во Калифорнија ѝ нареди на администрацијата на американскиот претседател, Доналд Трамп, да престане да ги користи средствата од...

Европа1 ден

ОН изгласа: Велика Британија да го врати островот од кој го протера населението

Генералното собрание на Обединетите нации побара од Велика Британија во рок од шест месеци на Маурициус да му го врати...

Спорт1 ден

„Златната копачка“ по шести пат за Лионел Меси

Лионел Меси е првиот фудбалер кој ја освоил „златната копачка“ во Европа три години во низа, откако Килијан Мбапе, неговиот...

Македонија1 ден

Земјотрес во Пехчево и Берово

Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала вчеравечер бил почувствуван во Пехчево, Берово и околината, соопшти Сеизмолошката опсерваторија...

Европа2 дена

(Видео) Експлодираше бомба во Лион, најмалку осум лица се повредени

Најмалку осум лица се повредени при бомбашки напад во централен Лион, соопштија француски официјални лица. Explosion in pedestrian street in...

Свет2 дена

(Вознемирувачко видео) Дваесет ученици загинаа скокајќи од запалена зграда во Индија

Најмалку дваесет ученици загинаа, а дваесетина  се повредени скокајќи од запалена зграда во Индија, каде што посетувале настава. Massive tragedy...

Свет2 дена

Штрахе тужи три лица за скандалот поради кој падна австриската влада

Лидерот на десничарската партија и досегашен вицеканцелар, Хајнц Кристијан Штрахе поднел тужба против три лица, откако падна во замка со...

Македонија2 дена

(Видео) Македонска делегација на молебен и на аудиенција кај папата во Рим

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, заедно со сопругата, е дел од официјалната државна делегација,...

Досие