Контакт

Македонија

СДСМ одлучува за предвремени парламентарни избори

Објавено пред

По неколку одложувања, вечерва Извршниот одбор на СДСМ конечно треба да го соопшти ставот во врска со барањето на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни заедно со претседатеслките избори. Неофицијално, мнозинство од раководството во владејачката партија е против одржување избори на пролет бидејќи државата, како што велат, има други приоритети и реформи на кои треба да се фокусира. Но според најавите оттаму, сепак, последната одлука ќе биде донесена на состанокот, откако ќе дискутираат и за двете можности, како што најави и премеирот Заев пред неколку дена.

„Првата е дали да се определиме за еден цел нов мандат што е привлечно за политичарите, за да можеме да испорачаме економски ефекти, ефекти на реформи и подобрување на севкупниот живот, или да превагне интересот на државата наспроти партиите“, изјави Заев во петокот.

На дневен ред на состанокот вечерва се очекува да се разговара и за претстојните претседателски избори, за кои веќе е познато дека СДСМ се уште го бара најсоодветниот кандидат за претседател, кој ќе биде избран на конгресот на 3 март, иако официјално не е целосно отфрлена опцијата Заев и Ахмети сепак да се договорат за консензуален кандидат.

Според неофицијални информации од СДСМ, не се исклучува можноста  да се отвори и прашањето за преименување на партијата бидејќи секој момент се очекува и официјално да влезе во употреба новото име на државата  – Република Северна Македонија.

Македонија

Архитектите лути, барат итна заштита на ГТЦ без зелениот покрив и на Владата без барок

Објавено пред

Зелениот покрив на Градскиот трговски центар иницираше низа барања на Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) до Владата. Архитектите денес донесоа став под итно да се заштитат сите објекти од модерната архитектура кои нелегално се рефасадирани со барокни фасади, бараат ГТЦ да се заштити како споменик на културата без сега најавената зелена градина на покривот, како и низа законски измени кои нема да дозволат да се повтори уредување на градот без конкурс.

„Нашиот став е всушност барање до Владата под итно да ги стави под заштита објектите од модерната во Скопје, со тоа што за оние кои беа мета на проектот ’Скопје 2014’, а тоа се Владата, ЕВН, Стоковна куќа, телекомуникацискиот центар, да се донесе одлука за нивно враќање во оригиналниот изглед. Бараме и ГТЦ да се стави под заштита, без зелениот покрив. Со заштитата се дефинира што може понатаму да се прави со овој објект, притоа имајќи предвид дека во оригиналното решение на проектантите има зелени градини во ГТЦ“, изјави архитектот Мартин Пановски, претседател на ААМ, за „Макфакс“.

„Добивме информација дека проектот е донација, но еве и да е донација тоа не е во ред затоа што ако се обратеа во Асоцијацијта ќе им направевме најмалку 10 подобри проекти и секако ќе ги дониравме“, Мартин Пановски, претседател на ААМ

Второ барање на ААМ е под итно да се смени законот за јавни набавки, каде што проектот, како што велат,  има третман на било која друга стока што се набавува, не се гледа портфолио на проектант, квалитет кој што би го добиле и слично туку се бираат најевтините понуди кои речиси без исклучок се и најнеквалитетни.

„Во контекст на јавните набавки бараме под итно да се направи одлука за поголеми објекти кои што би ги инвестирала било која државна институција да е задолжително да се прави конкурс, каде што ќе се бираат идејни решенија. Со сегашниот систем на јавни набавки проектите кои треба да се нешто креативно имаат третман на набавка на флаширана вода“, револтиран е претседателот Пановски.

Четвртото барање е за измени во законот за градба чија подготовка е во процедура. ААМ бара Комората на овластени архитекти и овластени инженери да се подели на два дела, односно на комора на архитекти и посебно комора на инженери. Пановски вели дека од досегашното постоење на Комората утврдиле дека архитектите и инженерите не функционираат во една Комора оти многу често има конфликт на интереси меѓу струките.

„Петтото барање е носење на закон за архитектура. Во овој момент имаме закон за урбанизам и градежништво  и како држава архитектурата ја сметаме како градежништво. Архитектурата не е градежништво. Мора да дефинираме кој смее да каже дека е архитект. Некој што дипломирал на Архитектонски факултет не е архитект а не работи проектирање не може да се каже дека е архитект. Кај нас тоа е една пракса“, објаснува архитектот Пановски.

Последното барање на ААМ е Министерството за транспорт да се врати по старо и да биде Министерство за урбанизам и градежништво.

Барањата официјално ќе бидат доставени до Влада и архитектите велат дека нема да дозволат тие да останат неодговорени.

„Ова се работи кои се буквално иницирани од една градина, се што е кажано е вметнато во тие малку квадрати. Добивме информација дека проектот е донација, но еве и да е донација тоа не е во ред затоа што ако се обратеа во Асоцијацијта ќе им направевме најмалку 10 подобри проекти и секако ќе ги дониравме, но тоа не е идејата. Идејата е дека треба да има демократија што подразбира конкурс за избор на идејното решение и изложба на пристигнатите трудови“, вели претседателот Панвоски.

Ставот на Асоцијцијата е дека за ГТЦ треба да се направи комплетен проект за реконструкција и реставрација.

Зелениот покрив на ГТЦ пред два дена го претстави скопскиот градоначалник Петре Шилегов заедно со директорот на ГТЦ и со претставници од УНДП, но никој кој не даде официјално објаснување зошто е одбран токму проектот кој е остро критикуван и квалификуван дека му се наметнува на трговскиот на ист начин како што му се наметнуваше барокот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Дескоска: Згрозена сум и најостро го осудувам физичкиот инцидент во затворот

Објавено пред

Згрозена сум и најостро го осудувам вербалниот, а потоа и физичкиот инцидент во КПУ „Затвор – Скопје“, напиша на својот фејсбк-профил министерката за правда, Рената Дескоска.

Таа оцени дека насилството не е и не смее да биде начин на комуникација никаде, ниту во затворите.

Дескоска вели дека побарала целосно информирање од страна на управата на затворот и очекува надлежните институции професионално и одговорно да го расветлат случајот, а потоа да поведат постапки за санкционирање на сторителите на насилството, но и на сите оние што не презеле мерки за спречување вакви ситуации.

Претходно, денеска, во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари дошло до тепачка во која биле вклучени ексминистрите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски. Јанакиески беше префрлен во болницата „8 Септември“, а потоа вратен во затворот. Директорот на болницата, Христијан Костов, предмалку изјави дека по прегледите, кај Јанакиески не биле евидентирани повреди.

Спиро Ристовски и Миле Јанакиески од синоќа се во 30-дневен притвор бидејќи Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција ги осомничи дека се дел од шестемина што ги организирале насилствата во Собранието на 27 април 2017 година.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Костов: Јанакиески нема повреди, во затворот ќе биде под надзор на доктор

Објавено пред

Директорот на болницата „8 Септември“, Христијан Костов, изјави дека кај ексминистерот Миле Јанакиески не биле евидентирани никакви повреди по инцидентот во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари.

„Детаљно е извршен преглед вклучувајќи крвна слика, лабораториски преглед и ехо, а по прегледите е донесен заклучок дека кај лицето не се евидентирани повреди“, рече Костов и додаде дека оттука немало потреба за хоспитализација.

Поради податокот дека Јанакиески бил удиран по телото, од болницата препорачале 24-часовен надзор во затворот од страна на медицинско лице.

Претходно, директорот на затворот, Ѓоко Котевски рече дека Јанакиески имал нагмечувања, но не и скршеници.

 

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Архитектите лути, барат итна заштита на ГТЦ без зелениот покрив и на Владата без барок

Зелениот покрив на Градскиот трговски центар иницираше низа барања на Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) до Владата. Архитектите денес...

Македонија9 часа

(Видео) Костов: Јанакиески нема повреди, во затворот ќе биде под надзор на доктор

Директорот на болницата „8 Септември“, Христијан Костов, изјави дека кај ексминистерот Миле Јанакиески не биле евидентирани никакви повреди по инцидентот...

Македонија9 часа

(Видео) Костадинов: Сценаристи на инцидентот во затворот се Мицкоски и Груевски

Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, во врска со инцидентот во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари обвини дека се работи за сценарио...

Македонија9 часа

Братот и сопругот на Мира Стојчевска се откажаа од вработувањето и унапредувањето, синот останува во ЕЛЕМ

Пратеничката Мира Стојчевска, по една недела молк за вработувањето на синот и братот и за унапредување на сопругот, се огласи...

Македонија11 час

(Видео) Мицкоски по посетата на Јанакиески: Не ме пуштија да го видам, го чуваат 50-ина полицајци

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пред болницата „8 Септември“, каде што попладнево беше пренесен ексминистерот Миле Јанакиески, рече дека денешниот...

Македонија11 час

Силјановска: Не можев да се пријавам на конкурс на СДСМ бидејќи не се согласувам со овие политики

Две недели по распишувањето на претседателските избори, а во исчекување на кандидатот со кој ќе влезе во изборна трка владејачкото...

Македонија12 часа

Годинава речиси секој ден исчезнува по еден човек

Пронајденото мртво тело на 35-годишниот Горан Атанасовски од Скопје, кој вчера беше пријавен за исчезнат, ја вознемири јавноста. Коментарите во...

Македонија12 часа

(Видео) Заев: Не верувам дека роднините на функционерите се вработени незаконски

Премиерот Зоран Заев, по завршувањето на средбата со претседателот на Беса, Биљал Касами, одговарајќи на новинарско прашање за новите скандали...

Македонија13 часа

Комисијата утре ќе расправа за имунитетот на Вељаноски

За утре е закажана седницата на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, на која теба да се разгледа барањето за...

Македонија13 часа

(Видео) Заев: Изјавата на Мицкоски е забегана работа, ќе се консултирам дали да го тужам

Премиерот Заев најави дека ќе разговара со својот адвокатски тим дали да поведе тужба против Мицкоски во однос на вчерашната...

Топ14 часа

Исчезнатиот Атанасовски пронајден мртов

Денеска околу 13 часот е пронајдено безживотно машко тело во Нерези, на патот кон вила „Веранда“, потврдуваат од МВР. Неофицијално,...

Македонија14 часа

Касами: Сакаме кандидат кој нема за едни да биде мајка, а за други маќеа

По средбата со Зоран Заев, лидерот на Беса, Биљал Касами, изјави дека за нив како партија пред изборите во игра...

Крвав четврток15 часа

Кољо: Политичарите нè изманипулираа со „тиранската платформа“

Обвинетиот Никола Митревски Кољо на денешното рочиште за крвавиот четврток во своите завршни зборови истакна дека жали за случувањата во...

Македонија15 часа

(Видео) Градоначалникот на Пехчево го пријавил во полиција грозоморното убивање кучиња

По поморот на кучиња во Пехчево, а откако комуналните служби со багери ги собираа и фрлаа додека сè уште се...

Топ16 часа

Пинг-понг со барањето за одземање на имунитетот на Вељаноски

Собранискиот спикер Талат Џафери го вратил во кривичниот суд барањето за одземање на имунитетот на пратеникот Трајко Вељаноски кое претпладнево...

Топ17 часа

Барањето за одземање на имунитетот на Вељаноски стигна кај Џафери

Барањето за одземање на имунитетот на пратеникот Трајко Вељаноски од кривичниот суд стигнало до претседателот на Собранието, Талат Џафери, потврдуваат...

Крвав четврток18 часа

(Видео) Русковска: Груевски ја ставил во функција партијата за крвавиот четврток

На прес-конференција за јавноста во Јавното обвинителство беа изнесени информации за истрагата за организаторите на насилствата од 27 април 2017...

Македонија18 часа

(Видео) Јовески за несреќата кај Ласкарци: Возачот на автобусот добива закани, засега не е утврдена одговорност

Обвинителството сè уште нема податоци дали и кој ја има одговорноста за сообраќајната несреќа кај Ласкарци каде што загинаа 15...

Крвав четврток18 часа

Груевски на „Фејсбук“: Прородлжува политичкиот прогон против мене и против многумина од ВМРО-ДПМНЕ

Експремиерот Никола Груевски се огласи на „Фејсбук“ за вчерашните приведувања на поранешни функционери од ВМРО-ДПМНЕ, како дел од истрагата на...

Македонија19 часа

(Видео) Манчевски бара оставки од сите роднини на функционери од опозицијата

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски,  побара да се повлечат од работните места сите роднини на функционери, не...

Досие