Контакт

Македонија

СДСМ: ОД ВМРО-ДПМНЕ не кажуваат кога ќе поднесат оставка нивните пратеници обвинети за криминал?

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ партијата заштитник на криминалот се уште молчи и не кажува кога нивните пратеници кои се обвинети во судски процеси ќе покажат морална одговорност и ќе поднесат оставка од функцијата пратеник во Собранието, порача владејачката партија СДСМ.

„Дали пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе престанат да го штитат криминалот на Никола Груевски, нивниот почесен претседател во бегство и согласно законот ќе гласаат ЗА одземање на неговиот мандат?

Се додека во белиот дворец молчат по овие прашања, ВМРО-ДПМНЕ нема минимум кредибилитет да зборува за морал, чесност и одговорност.

Повлекувањето од функцијата пратеник на Павле Богоевски претставува висок морален чин и чувство на лична одговорност пред граѓаните. Очигледно за ВМРО-ДПМНЕ тоа се уште е непозната категорија“ соопшти партијата.

Македонија

(Видео) Ден за високи гости на вежбата „Одлучен удар“ на Криволак

Објавено пред

Офанзивни операции на пешадиската баталјонска група на Армијата, заедно со припадниците на Националната гарда на Пенсилванија од САД, воздухоплови на Армијата, како и воздухопловот Б-52 на вооружените сили на САД, можеа да се видат на денешниот Ден за високи гости на вежбата „Одлучен удар“ која вклучува над 2.700 припадници на армиите на Република Северна Македонија, САД, Албанија, Бугарија, Црна Гора и Литванија, а се реализира до 9 јули на полигонот „Криволак“.

Претседателот и врховен командант, Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев, министерката за одбрана Радмила Шекеринска и в.д. амбасадорката на САД, Микаела Швајцер-Блум, импресионирани од прикажаното сојузништво, високата подготвеност, капацитетите на војниците од земјите – учеснички и капацитетите на Крвиолак.

„Денешната вежба покажа дека припадниците на Армијата на Република Северна Македонија се на исто професионално ниво со останатите армии во Алијансата со што покажуваат по којзнае кој пат дека се навистина достојни да нè претставуваат во сите мисии во светот каде што се брани глобалниот мир и безбедноста и се најдобриот доказ дека нашата земја треба да стане членка на Алијансата што е можно побрзо“, рече претседателот Пендаровски. Додаде дека со одржување на оваа вежба, полигонот Криволак е дефинитивно признаен како еден од најдобрите воени полигони во Југоисточна Европа, со што се отвораат врати за негово почесто користење од нашите сојузници во Алијансата во наредниот период.

Премиерот Заев посочи дека е горд на припадниците на нашата Армија, на покажаните вештини и на сето она што тие го демонстрираа на вежбата. „Покажуваме еднаквост во партнерството со нашите сојузници, со земјите членки на НАТО. Горд сум на нашата војска затоа што демонстрираше денеска пред нас, еднаква подготвеност во вежбовните активности. Горд сум на сите наши војници затоа што имаат и желба да се усовршуваат и да напредуваат“, рече премиерот.

„Република Северна Македонија набрзо ќе стане 30 членка на НАТО алијансата. Тоа значи не само седење на истата маса, туку и заеднички вежби, заедничка обука, заедничко учество во операции со кои се гарантира и нашиот и светскиот мир. Ние денеска овде на сите скептици им покажавме дека Северна Македонија има што да и понуди на Алијансата – има да и понуди обучени, професионални војници и офицери и има да и го понуди и овој одличен полигон Криволак, кој што ја покажа и својата сила и својот капацитет и своите потенцијали“, потенцираше министерката Шекеринска.

Министерката им изрази комплименти на илјадниците војници и офицери кои повеќе од еден месец напорно работат како дел од вежбата, но и на стотината офицери кои речиси две години работеа на планирањето на „Одлучен удар“.

„Ќе станеме членка на НАТО, денеска покажавме дека тоа го заслужуваме. Заедно сме посилни“, заклучи министерката.

Вршителката на должност, амбасадорка на САД, Микаела Швајцер-Блум, порача дека вежбата „Одлучен удар“ потврдува дека „нашите војски можат да комуницираат и работат заедно, ја зајакнуваат нашата силна врска и сите нас нè прават побезбедни“.

„Одлучен удар е моќен пример за тоа како силите на Република Северна Македонија се подготвени да работат со сојузничките воени сили на НАТО за решавање на идните закани. Тоа е исто така доказ дека Република Северна Македонија веќе придонесува кон Алијансата“, рече Швајцер – Блум. Истакна дека америкаснките војници ја ценат можноста да работат заедно со нивните колеги од Северна Македонија и се заблагодари за организацијата и планирањето на вежбата.

Денот за високи гости го отворија началникот на Генералштабот, генералот Васко Ѓурчиновски, командантот на Здружената оперативна команда, генералот Павле Арсоски и директорот на вежбата, потполковникот Игор Манасовски.

На Денот за високи гости на полигонот „Криволак“присуствуваа и министрите Бујар Османи, Оливер Спасовски, Драган Тевдовски и Љупчо Николовски, заменикот министер Андреј Жерновски, високи воени и цивилни претставници на вооружените сили и министерствата за одбрана на Северна Македонија, САД, Бугарија, Албанија, Грција и НАТО, како и амбасадори и одбранбени аташеи акредитирани во земјава.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Заев на Криволак: Армијата покажува дека сме подготвени не само политички, туку и воено за членство во НАТО

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев го посети армискиот полигон Криволак, каде се одржа „Ден на високи гости“ во рамки на вежбата „Одлучен удар“. „Останува, навистина целосно да се согласам и да го споделам исто моето задоволство, заедно со претседателот на државата што учествуваме, дефинитивно во најголемата воена вежба „Одлучен удар“, која што се организира на еден од најдобрите полигони во овој дел од светот. Со тоа покажуваме еднаквост во партнерството со нашите сојузници, со земјите-членки на НАТО. Горд сум на нашата војска, заради тоа што демонстрираше денеска, пред нас, високите претставници на извршната власт, во присуство на претседателот на државата, но и амбасадорите, еднаква подготвеност во вежбовни активности кои што се воедначување на нивната подготвеност за мировните процеси, кои што секаде НАТО ги има во светот.

Горд сум на сите наши војници, заради тоа што имаат и желба да се усовршуваат и унапредуваат. Знам, дека ќе ги исполниме сите оние наши очекувања, да имаме достоинствена и горда Армија, која што рамо до рамо со нашите сојузници ќе се грижи за мирот во светот и ќе продолжи да го гарантира мирот во светот. Денешното учество на претставници на нашата Армија со претставници на уште пет земји-членки на НАТО навистина ја испраќа пораката дека сме подготвени не само политички, туку и воено преку нашата Армија. Дека храбро чекориме во тој процес и дека конечно нашата земја го достигнува тоа што е стратешка аспирација, полноправното членство во НАТО и политички и технички и армиски, што треба да биде сериозна гаранција за нашите граѓани. За траен мир, за никогаш повеќе да нема војна, за стабилност, сигурност, но и да го гарантира чувството дека навистина и надвор од територијата на Република Северна Македонија го гарантираме мирот и безбедноста на сите граѓани на светот“,рече Заев.

На прашање на новинарите за годишнината од потпишувањето на Договорот од Преспа и за придобивките од него од денешна перспектива, премиерот Заев рече дека и вежбата „Одлучен удар“ е една од придобивките.

„Една година од Преспа, прво, добивме нов пријател. Не, дека со Грција имавме некои сериозни непријателства, но навистина беше чувството лошо, горко, кога бевме застанати во нашите интегративни процеси.Еве после една година, првите придобивки ги гледаме како импликации на оваа вежба, како наша подготовка за целосно членство во НАТО. Тоа е остварување на една од големите стратешки цели на нашата земја, на целиот овој регион, на Република Северна Македонија која што не пред векови, туку пред 17-18 години имаше конфликти внатре. Сега тоа значи траен мир, стабилност, безбедност и сигурност. Гледате дека паралелно со тоа ги тераме сите процеси во Европската Унија и ние сме пред добивање на датумот, после 15 години за почеток на преговори со ЕУ. Сето тоа носи економија, носи повисок стандард, бројките се веќе импресивни, тие растат и ќе продолжат да растат. На крајот, доказ е сето тоа како еден сублимат.Договорите дефинитивно куќа градат.Ние преку тоа ја градиме нашата заедничка куќа, Република Северна Македонија. Да биде дом којшто ќе топли, во кој што сите ќе останат. Каде што ќе живеат заедно организирајќи го својот живот со своите деца. Животот е едноставен и еден, мораме да го направиме да биде подобар, попримамлив и посреќен за сите. Една година со сите успеси кои што ги постигнавме, на економски план, на планот на НАТО, на планот на ЕУ, на планот на реформите дома, навистина, покажуваат дека вредело. Вредело, заради тоа што сите сме фокусирани кон подобра иднина на нашите граѓани“, истакна Заев.

Прикажи повеќе...

Македонија

МВР започна со издавање на новите регистарски таблички со ознака НМК

Објавено пред

Министерството за внатрешни работи започнува со издавање на регистерски таблички со ознака НМК. Регистарска табличка со ознака НМК ќе добиваат возилата што подлежат на прва регистрација во државата и оние граѓани што ќе пријават оштетена регистерска табличка. Останатите граѓани промената ќе треба да ја направат до 2024 година, а до тогаш ќе можат да ги користат постоечките таблички и при излегување од државата ќе добиваат бесплатна налепница НМК.

Ваквата измена се презема согласно насоките на Владата упатени до Министерството за внатрешни работи во Извадокот од Нацрт записникот од 120-тата седница на Владата од 12.02.2019 согласно која МВР се задолжува да започне со издавање на нови регистарски таблички во рок од четири месеци од влегување во сила на уставните амандмани и Уставниот закон.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Анкета на „Макфакс“: Шилегов направил најмалку за градот Скопје

Во онлајн-анкетата што ја спроведе истражувачкиот центар на „Макфакс“, на прашањето „Кој градоначалник на Скопје направи најмалку за градот?“, најголем...

Македонија6 часа

(Видео) Жителите на населбата Јака се жалат – живееме во кал и мрак, без јавен превоз

Седум години по почнувањето на изградбата на населбата Јака во Илинден, состојбата е непроменета – очајна, а општинската власт не...

Македонија6 часа

Хан: Северна Македонија направи храбри компромиси, ЕУ губи ако не ја награди земјата

Политичкиот компромис на земјите од Западен Балкан треба да биде награден, изјави комесарот за проширување, Јоханес Хан, во пресрет на...

Економија7 часа

Објавен јавниот повик за бесплатен одмор за работниците со ниски примања

Јавниот повик за организиран одмор на работници чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето-износот од 22.000 денари е...

Бегството на Груевски7 часа

(Видео) Државата ќе бара екстрадиција на Груевски како организатор на 27 април

Државата ќе бара екстрадиција на поранешниот премиер и бегалец од правдата, Никола Груевски, за настаните од 27 април 2017 година...

Регион9 часа

Јадранот се задушува во пластика и е меѓу најзагадените мориња во Европа

Концентрацијата на пластичен отпад на дното на Јадранското Море е меѓу најголемите во Европа по североисточниот дел на Медитеранот и...

Вести22 часа

Помпео: САД не сакаат војна со Иран

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, денеска изјави дека, иако Иран несомнено е одговорен за минатонеделните напади врз два танкери на...

Македонија22 часа

(Видео) СДСМ избра нов Извршен одбор

Централниот одбор на СДСМ избра нови членови на Извршниот одбор, нов организационен секретар и секретар за меѓународна соработка. Лидерот на...

Спорт23 часа

Победа и одмазда над Грција за сигурно прво место! (галерија)

Македонија ги надмина проблемите од стартот на мечот, и во Струмица ја победи Грција со 27:23 (13:11) во последното коло...

Вести1 ден

Сопругата на премиерот на Израел со државни пари јадела во луксузни ресторани

Сопругата на премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, Сара Нетанјаху, е казнета со 15.000 долари за злоупотреба на државни фондови. Судот...

Спорт1 ден

Рекорд – дрес на Бејб Рут продаден за 5.64 милиони долари!

Дрес на американската безбол легенда Бејб Рут го сруши рекордот за најскапо продадена спортска „меморабилија“, откако на аукцијата во Њујорк...

Свет1 ден

Електричен дефект ги остави Аргентина и Уругвај без струја

Голем дефект во електричната мрежа ги остави Аргентина и Уругвај без струја, соопшти главната електродистрибутивната мрежа на Аргентина. Според информациите,...

Топ1 ден

Мотоциклист удри во 83-годишна жена на „Партизанска“ и побегна

Непознато лице со мотоцикл синоќа на бул.„Партизански Одреди“ во Скопје удри во 83-годишна жена пешак и побегна од местото. Жената...

Свет1 ден

Трамп повторно го нападна градоначалникот на Лондон поради насилствата

Американскиот претседател Доналд Трамп уште еднаш го критикуваше градоначалникот на Лондон, Садик Кан, нарекувајќи го „катастрофа“, кој го уништува главниот...

Свет1 ден

Се судрија два мали авиони во Нов Зеланд, загинаа двајцата пилоти

Два лесни авиони се судрија при слетување на аеродромот „Худ“ на Нов Зеланд, двајцата пилоти загинаа, соопшти полицијата. Според информациите,...

Свет1 ден

Силно невреме во Швајцарија и Франција, има и загинати

Една жена загинала кога на неа паднало дрво, а друга жена загинала во несреќа на езеро во источна Франција, кое...

Свет1 ден

Вонредна состојба на Нов Зеланд по земјотрес во океанот, се очекува силно цунами

Новозеландската цивилна заштита издаде предупредување после земјотресот со интензитет од 7,4 степени, регистриран во Тихиот океан кај островот Кермадек, ненаселена...

Бегството на Груевски2 дена

Груевски: Напамет не ми паднало да влегувам во багажник за какви било цели

Експремиерот Никола Груевски се огласи на Фејсбук по изјавата на премиерот Заев за германски „Франкфуртер алгемајне цајтунг“(ФАЦ), каде тој рече...

Економија2 дена

ММФ: Најголемиот проблем на Западен Балкан е лошата инфраструктура и невработеноста

Недостигот на капитал и ниската вработеност се најголемиот проблем на земјите од Западен Балкан, изјавил високиот регионален претставник на Меѓународниот...

Македонија2 дена

(Видео) Заев до Хан: Добивањето датум ќе биде потврда дека се што направивме вредело

Претседателот на Владата, Зоран Заев денеска во Австрија се сретна со еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан. На...

Досие