Македонија
СДСМ очекува намалување на загаденоста до 50 отсто за две години

По единаесет години игнорирање се спроведува заедничка акција на институциите за решавање на проблемот со загадениот воздух, ширум Македонија, тврди Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.
„Покрај системските мерки коишто се спроведуваат во Скопје, мерки за намалување на проблемот со загадениот воздух се преземаат и во другите градови. АД ЕЛЕМ почна акција за пошумување на земјиштето околу РЕК Битола, каде на просторот помеѓу селата Новаци, Брод и Гнеотино ќе бидат засадени 50 илјади багремови дрва. Целта е да создаде заштитен зелен појас за населените места, да се обезбеди што е можно повеќе услови за намалување на загадувањето и природни услови за прочистување на воздухот“, вели СДСМ преку соопштение.
Социјалдемократите додаваат дека преку Планот за чист воздух кој опфаќа низа на краткорочни, среднорочни и долгорочни мерки, интензивно се работи на намалување на загаденоста на воздухот во земјава која за две години очекуваат да се намали за 50 проценти во Скопје и 30-50 отсто во другите градови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Пожар во околината на Битола

Од Центарот за управување со кризи инфморираат дека во Битола гори големо стрниште а екипите на ТППЕ Битола се на лице место.
Огнот од стрништето се пренел и на трската и останатата вегетација покрај реката Црна поради што е видлив од далеку, соопшти Стојанче Ангелов.
Како што појасни гаснењето е отежнато поради калливиот терен покрај реката Црна.
„Нема опасност по населени места. ТППЕ Битола се обидува да го изгасне“, вели Ангелов.
Македонија
Телефонски броеви и информации за семејствата на пациентите кои се лекуваат во странство, објави Муцунски

Преку социјалните мрежи министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски објави како што пишува, важни информации за семејствата на пациентите кои се лекуваат во странство.
„Сите семејства на пациентите кои имаат потреба од превоз, сместување или дополнителна поддршка можат да се обратат на 070-270-370. Трошоците за оваа намена се целосно покриени од Владата.
Нашите дипломатско-конзуларни претставништва се на располагање за секоја неопходна помош, а за итни прашања достапни се и дежурните телефонски броеви: 075/273-732 и 075/268-736“, информира Муцунски.
Македонија
Сашо Стошевски назначен за нов директор на општата болница Куманово

Сашо Стошевски, досегашниот директор на подрачната единица на Фондот за здравствено осигурување е назначен за нов директор на општа болница Куманово.
На функцијата директор на кумановската болница доаѓа откако вчера министерот за здравство Арбен Таравари го разреши Стефан Трајановски.
Стошевски е вработен во Фондот за здравствено осигурување во Куманово, каде лани беше назначен и за директор.