Македонија
СДСМ: Секој ден спорт во училиштата
Од партијата СДСМ велат дека ќе создадат здрав живот за децата со тоа што ќе им овозможат секој ден да спортуваат одреден спорт по своја желба.
„Во првите шест месеци од новата влада ќе започнеме со проект „Секој ден спорт”, со кој ќе се воведе можност секој ден да имаат спортска активност учениците во основните и средните училишта. Ќе го вратиме спортот во училиштата со креирање спортски систем со кој ќе се започне со натпревари и активности, од класните и меѓукласни натпревари во училиштата, завршувајќи со национален систем на натпревари, со учество на училишни победници и репрезентации од секоја општина во сите степени на образованието“, велат од СДСМ.
Се надеваат дека со нивниот модел на училишен спорт, ќе го зголемат бројот на ученици кои спортуваат од сегашните 5.000 на 50.000 ученици во основното и во средното образование.
„На овој начин родителите ќе бидат ослободени од трошоците кои мораа да ги плаќаат за дополнителни спортски активности на своите деца. Учениците нема да го трошат своето слободно време по часовите, бидејќи секојдневно ќе спортуваат во своите училишта“, додаваат од СДСМ./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
