Контакт

Македонија

СДСМ Скопје: Арсовска го призна катастрофалниот менаџмент со салата „Расадник“

Објавено пред

На денешната прес-конференција СДСМ Скопје укажа дека Данела Арсовска ѝ должи одговор на јавноста – каде е имотот што го стекнала како менаџер во претпријатија за кои тврди дека успешно ги менаџирала и каде е имотот од нејзините семејни фирми од „Расадник“, стекнат по катастрофално менаџирање на скопската сала, која пропаѓа?

„Ова е пропаднатата спортска сала „Расадник“, изградена со наши пари – пари на скопјани собрани преку самопридонес. Данела Арсовска со денови се закануваше со тужби кога некој ќе ѝ поставеше прашање за лошото менаџирање на салата ‘Расадник’. Но, притисната од новинарски прашања, Арсовска вчера најпосле призна дека менаџирала со скопската сала ‘Расадник’. Арсовска призна дека и последниве 20 години била менаџер во многу претпријатија тврдејќи дека секаде до моментот додека била менаџер тие биле успешни претпријатија!“, беше истакнато на прес-конференцијата.

Од таму додаваат дека во периодот на нејзиното менаџирање салата престанала да биде центар на спортот и станала, како што велат, центар за свадби и крштевки.

„Данела Арсовска ја добила спортската сала ‘Расадник’ за „џабарлак“ од ВМРО-ДПМНЕ и ја раскрчмила. Кај не плаќала струја, оставила и долг од 130.000 евра кон јавното претпријатие. Тоа е доказ дека Данела Арсовска не знае да менаџира со јавните објекти на скопјани, дури и кога не плаќа кирија и струја! Ако е точно дека била 20 години успешен менаџер во многу претпријатија, зошто Арсовска нема споменато во својата биографија ниту едно од тие претпријатија што ги менаџирала?“, прашуваат од градската организација на СДСМ.

Додаваат дека Арсовска со денови се обидувала да скрие дека била менаџер на салата „Расадник“.

„Арсовска со денови го криеше и своето моминско презиме Јовановска и не го признаваше фактот дека во 2002 токму како Даниела Јовановска, директорка на фирмата ‘Империјал Данела“, склучила договор за закуп на салата ‘Расадник’ на 25 години за „џабарлак“ – за само илјада евра месечно. Арсовска уште ги крие семејните фирми со седиште во салата ‘Расадник’, кои профитирале, додека салата ‘Расадник’ се упропастувала како спортски објект. Таа сѐ уште крие дека токму како Даниела Арсовска била обвинета за кражба на струја во салата ‘Расадник’, дека нејзините семејни форми имаат долгови кон Јавното претпријатие. Арсовска сѐ уште крие за поврзаноста на семејните фирми од салата ‘Расадник’ со хотелите ‘Империјал’ и ‘Ројал, каде што била менаџер“, беше посочено на прес-конференцијата.

„Арсовска крие и за фирмата ‘Ројал груп’ од ‘Расадник, која донирала за црквата на Груевски, исто како и Даниела Арсовска. Арсовска крие и дека ‘Ројал груп’ претходно се викала ТЕМ МК и дека како менаџер на таа фирма нудела на продажба автобуси. Арсовска крие колку им должи на ВМРО-ДПМНЕ и Груевски, бега од новинарски прашања, бега од дебати, како што бегаа Никола Груевски и Коце Трајановски. Зошто Арсовска продолжува да го крие сето ова ако била успешен менаџер како што тврди? Зошто Арсовска крие дека ја ставила мајка си на државна функција по предлог на Сојузот на стопанските комори, со хонорар од 10.000 денари од состанок?“, потенцираа од СДСМ Скопје.

Според нив, Арсовска крие и манипулира колку би чинеле кинеските автобуси што ги рекламира, не кажува и колку би ги чинел скопјани бесплатен јавен превоз со 250 автобуси. Арсовска, велат од СДСМ Скопје, ја крие и локацијата на мегапарковите што ги ветува, големи колку Градскиот парк.

„Скопје не заслужува градоначалник што толку крие. Скопје не заслужува градоначалник шот крие дека има бугарско државјанство и лична карта и поврзаност со бугарски капитал. Скопје не заслужува градоначалник што не знаел да ја менаџира спортската сала ‘Расадник’, изградена со самопридонес во исто време и со истите фондови како и спортскиот центар ‘Треска. Скопјани знаат што се случи со езерото Треска, а сега знаат што се случило и со пропаднатата сала ‘Расадник’. Наместо да крие, да бега од новинарите и дрско да ја манипулира јавноста дека била успешен менаџер на фирми, Арсовска ѝ должи на јавноста одговор каде е имотот што го стекнала како менаџер во претпријатија за кои тврди дека успешно ги менаџирала“, беше нагласено на прес-конференцијата од градската организација на СДСМ.

Македонија

Деспотовски ги покани Ковачевски и Ременски, заедно да ги презентираат програмите

Објавено пред

Јован Деспотовски, еден од тројцата кандидати за лидер на СДСМ, ги покани другите двајца Димитар Ковачевски и Фросина Ременски заеднички да организираат презентација на програмите.

„ Ќе ги поканам моите партиски другари и кандидати за претседател на СДСМ Фросина и Димитар заеднички да организираме презентација на нашите програми.

Заедно да се обидеме нашите идеи, концепт и мерки да стигнат до најширок број наши сопартијци, пред луѓето што одлучуваат. Треба да обезбедиме еднаков пристап до сите наши членови и поддржувачи, кои не секогаш имаат можност да бидат поканети и присутни и да слушнат што нудиме. Затоа, имајќи ги предвид и кратките рокови предлагам презентацијата да биде онлајн, со отворена можност за поставување директни прашања.

Предлагам оваа активност да ја организираме во време и на локација што ни одговара на сите кандидати за претседател на СДСМ, вели Деспотовски

Прикажи повеќе...

Македонија

Утре облачно и постудено со врнежи од дожд и снег

Објавено пред

Времето утре ќе биде облачно и постудено со врнежи од дожд, а на планините и повисоките места од снег каде ќе се формира нова снежна покривка. Услови за слаб снег ќе има и на некои пониски места во северните и источните делови. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната од 2 до 8 степени.

Во Скопје, облачно и постудено со повремени врнежи од дожд, Во текот на денот во повисоките делови од Скопската Котлина ќе врне повремен слаб снег. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 5 степени.

В среда и в четврток претпладне ќе има преодно стабилизирање на времето со ниски утрински температури, кои насекаде ќе бидат под нулата. Потоа следува период на променливо облачно време со повремени врнежи со променлив интензитет.

Прикажи повеќе...

Македонија

Битиќи – Ескобар: Членството во НАТО ги зголеми можностите за нови инвестиции

Објавено пред

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, денес се сретна со заменик-помошникот државен секретар на САД, Габриел Ескобар, кој е во работна посета на земјава, а на средбата беше придружуван од амбасадорката на САД, Кејт Мари Брнз.

Битиќи и заменик-помошникот државен секретар Ескобар разговарале за економската соработка помеѓу Северна Македонија и САД, при што се реафирмирале одличните политичко-економски односи помеѓу двете земји и било заклучено дека САД остануваат еден од најцврстите стратешки партнери на нашата земја и силен поддржувач на евро-атлантските интеграции.

Битиќи нагласил дека членството во НАТО донело стабилност и сигурност на земјата, а со тоа и зголемени можности за нови инвестиции и поголема конкуреност на меѓународно ниво, а посочил и дека Владата е посветена на реализација на сите потребни реформи и надминување на отворените прашања во насока на целосна интеграција во Европската Унија.

Ескобар и Битиќи разговарале и за унапредување на бизнис-климата, подобрување на инфраструктурната поврзаност во земјата и со соседите, како и реализација на проекти за заштита на животната средина и за одржлив економски развој, при што државниот секретар Ескобар ја потенцирал поддршката на САД за сите регионални економски соработки што носат конкурентна предност за земјите од Западен Балкан.

На средбата вицепремиерот ја потврдил нашата посветеност за Северна Македонија да стане енергетски хаб на Балканот преку диверзификација на изворите за енергија и поврзувајќи се со земјите од регионот, што секако е долгорочна стратегија, која ќе обезбеди стабилност, одржливост и предвидливост при снабдувањето.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ13 минути

Пронајдена лабараторија за производство на дрога во викендичка во Катланово

Лабораторија за производство на дрога е пронајдена во викендичка во с.Градмановци, Катланово. „ Полициски службеници од СВР Скопје- Единица за...

Регион1 час

Прв ковид-отказ во Хрватска, наставник одбил да се вакцинира и останал без работа

Прв отказ поради одбивање вакцина против коронавирус во училиште во Хрватска. Се работи за наставник од Техничкото училиште во градот...

Свет2 часа

Кортунов: Не е веројатен компромис помеѓу Бајден и Путин

Андреј Кортунов, претседател на рускиот совет за надворешни работи, кој е близок до Министерството за надворешни работи, рече дека двете...

Регион2 часа

Пропадна владината одлука – во Словенија нема да има задолжителна вакцинација

Словенечкиот Уставен суд пресуди дека владиниот декрет со кој се воведува задолжителна вакцинација за државните службеници е неуставен. Новото правило...

Македонија3 часа

Деспотовски ги покани Ковачевски и Ременски, заедно да ги презентираат програмите

Јован Деспотовски, еден од тројцата кандидати за лидер на СДСМ, ги покани другите двајца Димитар Ковачевски и Фросина Ременски заеднички...

Свет6 часа

Објавен документ на американските служби: Русите ќе ја нападнат Украина со 175.000 војници?

Не стивнуваат тензиите меѓу Москва, Киев и Вашингтон поради шпекулациите дека рускиот претседател Владимир Путин подготвува инвазија на Украина. Сега...

Македонија6 часа

Нови 101 случај на коронавирус, починаа 13 лица

Во последните 24 часа направени се 1.299 тестирања, а регистрирани се 101 нови случај на Ковид-19: Скопје – 59, Кавадарци...

Македонија8 часа

Димитар Ковачевски почна со презентација на програмата пред членовите на СДСМ

Актуелниот кандидат за претседател на Социјалдемократскиот сојуз, Димитар Ковачевски, пред членството на партијата во Општина Карпош ја презентира својата изборна...

Македонија9 часа

Ескобар: Работиме со европските партнери за брза интеграција на Северна Македонија во ЕУ

Со нашите европски партнери работиме за да обезбедиме брза европска интеграција на Северна Македонија, изјави американскиот заменик-помошник на државниот секретар...

Регион9 часа

Радев на консултации пред врачувањето на мандатот, Петков вели: „Неопходно е да се формира влада“

Времето на едноличната премиерска власт заврши, истакна бугарскиот претседател Румен Радев пред претставниците на „Промената продолжува“, а за време на...

Економија9 часа

Бесими го достави дополнетиот предлог-буџет за следната година

Министерот за финансии, Фатмир Бесими, денеска го достави дополнетиот предлог-буџет за 2022 година до претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој...

Европа10 часа

Следната пандемија би била посмртоносна од Ковид-19, предупредува креаторката на „Астра зенека“

Идните пандемии би можеле да бидат посмртоносни од сегашната криза предизвикана од Ковид-19, предупреди Сара Гилберт, професорка на Универзитетот „Оксфорд“...

Свет10 часа

(Видео) Најмалку 15 загинати и голем број исчезнати по силната ерупција на вулканот Семеру

Индонезискиот вулкан Семеру и денеска продолжи да исфрла големи количества пепел, неколку дена по силната ерупција, во која загинаа 15...

Европа11 час

Откриен извештај – Германија воведува задолжителна вакцинација во неколку ресори

Новата германска влада има намера од средината на март да воведе задолжителна вакцинација за вработените во одредени ресори, пренесуваат светските...

Европа12 часа

Невакцинираните во Италија нема да може да користат јавен превоз без ковид-потврда

Во Италија од денеска стапија во сила построги мерки против коронавирусот, со кои невакцинираните лица ќе бидат исклучени од многу...

Свет23 часа

Папата на Лезбос со мигрантите – стотици бели ливчиња, апел за помош

Папата Франциско на вториот ден од посетата на Грција го посети бегалскиот камп на островот Лезбос. Тој ја обвини Европа...

Свет1 ден

Путин предупреди: Полјаците ги полеваат мигрантите со хербициди на граница

Рускиот претседател Владимир Путин ја повика директорката на Федерацијата на Црвениот крст и Црвената полумесечина, Франческа Рока, да внимава на...

Свет1 ден

Фаучи: Засега, не треба да бидеме премногу загрижени за омикрон

“Првите „малку охрабрувачки знаци“ доаѓаат од Јужна Африка кога станува збор за сериозноста на инфекциите со омикрон” , изјавил советникот...

Европа1 ден

(Видео) Со водени топови и солзавец растерани демонстрантите во Брисел

Белгиската полиција денеска употреби водени топови и солзавец за да ја растера групата демонстранти во Брисел. Учесниците на маршот протестираа...

Македонија1 ден

Заев прифати меѓународна истрага за случаите „Монструм“, „Диво Насеље“ и Алмир Алиу

Постигната е согласност Владата да испрати официјално барање до Европската Комисија со кое ќе побара тим од независни експерти кои...

Досие