Контакт

Македонија

СДСМ Скопје: Окрупнува поддршката за Шилегов за вториот круг

Објавено пред

По завршувањето на првиот круг од локалните избори во неделата и добиените резултати, започна обединувањето на демократските сили во државата, велат од СДСМ Скопје.

Со повик за поддршка на кандидатот за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Шилегов, се јави Бујар Османи од ДУИ, кој на прес-конференција изјави дека Скопје е денес град кој несомнено покажува дека еднакво се грижи за сите негови граѓани.

„Во овие четири години видовме дека приоритет на градот можат да бидат и реоните каде живеат Албанци, видовме развој на досега неправедно запуштените реони на градот, видовме што значи да се гради мултикултурен град, со почит и кон јазичното шаренило, почит кон образованието на мајчин јазик, воопшто како се гради доверба меѓу сите граѓани на Скопје“, изјави Османи.

Тој нагласи дека демократскиот процес кој веќе е во тек не смее да запре и сега е време за обединување на сите демократски сили против кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и враќањето на едно темно поглавје од македонската современа историја и раните на овој народ кои сè уште не се залечени.

Претседателот на Владата, Зоран Заев, во изјава за медиумите вчера кажа дека пораката од граѓаните е примена, додаде дека жолтиот картон е примен и дека е јасен сигналот за промени во општеството.

„Граѓаните ни упатија јасна критика, опомена, би рекол и казна, ние тој став, тој глас го слушаме, го разбираме и го уважуваме. Барам да се сплотиме и обединиме околу оваа наша јасна и заедничка цел, да се обединиме сите. Во име на сè што постигнавме досега сакам да пратам јасна порака на заедничко дејствување, бидејќи постои ризик земјата да ни се врати назад“, изјави Заев.

Во текот на вчерашниот ден стигна потврда и од сите коалициски партнери во владата за останување во владината коалиција и поддршка на демократските промени кои се случуваат на сите општествени полиња во државата.

Албанските партии Беса и ДПА и помалите коалициски партии во владата ДОМ, ЛДП, ДС, ВМРО-НП, Нова aлтернатива, Партијата за општествен и економски напредок ПОЕН, Партијата на пензионери ПП, Партијата за економски промени 21 ПЕП 21 потврдија дека остануваат посветени на евроинтегративната насока која ја води државата напред.

Поддршка стигна и од партиите на малцинствата во државата, Партијата за европска иднина ПЕИ, Демократската партија на Турците ДПТ, Сојузот на Ромите од Македонија СРМ, Партијата за демократски просперитет на Ромите ПДПР, Демократски сојуз на Власите од Македонија ДСВМ, Партијата за општествен и економски напредок ПОЕН, Партија за целосна еманципација на Ромите ПЦЕР, Партијата на пензионери ПП, Партијата за економски промени 21 ПЕП 21.

„ВМРО-ДПМНЕ не се реформираа, не ги препознаа направените грешки, се амнестираа за криминалите направени во текот на нивното владеење. Сè додека не го направат ова, не смеат да се вратат на власт. Зошто би го сакале назад истата ВМРО-ДПМНЕ која едвај ја симнавме од грбoт. Нема логика“, напиша на социјалните мрежи професорката Мирјана Најчевска.

Македонија

Повреден возач кога македонски камион се превртел на автопат во Хрватска

Објавено пред

Камион со платформа за превоз на други возила се превртел на 130-тиот километар од јужната страна на автопатот А3 Брегана – Липовац, пренесуваат медиумите во регионот.

Несреќата се случила околу 17.05 часот кога возилото со северномакедонски регистарски таблички се превртело, при што неколку возила што ги превезувал камионот паднале од платформата.

Сообраќајот на автопатот е затворен во источен правец и се пренасочува по заобиколен пат преку клучката „Новска“ до клучка „Окучани“. Возачот на камионот е повреден и во тек е полициска истрага, пренесуваат медиумите.

Возачот, според изјавите на очевидци, бил свесен.

„Видов дека неговата приколка почна да се ниша. Беше прилично страшно“, изјавиле очевидци.

Прикажи повеќе...

Македонија

Телата на загинатите во автобуската несреќа ќе бидат пренесени во Скопје авионски в четврток

Објавено пред

По остварениот разговор со бугарскиот обвинител од Софија, одговорен за трагедијата од 23 ноември, донесена е одлука за предавањето на телата на нашите сограѓани што ги загубија животите во трагичната несреќа в четврток, 2 декември, информира министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

„Владата на Р. Бугарија го прифати нашето барање преносот од Софија до Скопје да се изврши со авион на Република Бугарија, а од Меѓународниот аеродром ‘Скопје’, преку организиран државен протокол, истиот или наредниот ден, петок, 3 декември, останките ќе им бидат предадени на семејствата во нивните домови. Останувам во блиска комуникација со семејствата за преостанатите детали, а јавноста ќе биде информирана навреме“, напиша Османи на својот фејсбук-профил.

Прикажи повеќе...

Македонија

Шахпаска – Форсгрен-Бенгтсон: Борбата против трговијата со луѓе треба да биде на високо ниво

Објавено пред

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, денеска се сретна со амбасадорката на Шведска во Република Северна Македонија, Кристин Форсгрен-Бенгтсон.

На средбата ги презентира активностите што Министерството за труд и социјална политика во континуитет ги презема на планот на превенција и заштита на жртвите од трговија со луѓе, особено на жените и децата.

Министерката информира дека преку Секторот за еднакви можности, МТСП има улога на координатор на националниот механизам за упатување жртви на трговија со луѓе (НМУ), кој петставува рамка за соработка и координиран приод помеѓу социјалните служби, полицијата, трудовите инспектори и невладиниот сектор. Шахпаска нагласи дека огромна е улогата на центрите за социјална работа и стручните лица што се дел од мобилните тимови за рано откривање жртви со трговија со луѓе.

„Мобилните тимови за превенција од трговија со луѓе се позитивен пример и добра пракса која е прифатена од други земји во регионот. Во нашата држава во моментот постојат пет тима составени од претставници на министерствата за труд и социјална политика, за внатрешни работи и од здравство и од претставници од невладините организации. Тие функционираат во Тетово, Гостивар, Куманово, Битола и во Гевгелија. Нашата намера е да формираме уште такви тимови и во други општини затоа што тие покажаа огромни резултати во навремено идентификување и превенција на жртви на трговија со луѓе“, рече Шахпаска.

Шведската амбасадорка Форсгрен-Бенгтсон ја информира министерката Шахпаска за состојбата со трговијата со луѓе и со законските решенија и мерки што се преземаат во Шведска. Таа потенцира дека во изминатиот период голем дел од активностите од шведската влада е насочен и кон Северна Македонија.

„Ќе продолжиме да ги поддржуваме напорите во борбата против трговијата со луѓе на државите во регионот вклучувајќи ја и Република Северна Македонија. Борбата против трговијата со луѓе треба да биде на високо ниво. Треба да се фокусираме на секоја норма на трговија со луѓе бидејќи во време на пандемијата на Ковид-19 зголемена е онлајн-експлоатацијата на луѓето“, рече шведската амбасадорка.

Денеска таа го посети и шелтер-центарот за жртви на трговија со луѓе во Скопје.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

Повреден возач кога македонски камион се превртел на автопат во Хрватска

Камион со платформа за превоз на други возила се превртел на 130-тиот километар од јужната страна на автопатот А3 Брегана...

Македонија10 часа

Сопственикот на „Беса транс“: Си велам зошто не бев и јас во автобусот

Сопственикот на туристичката агенција „Беса транс“, Беким Хаџиу, првпат по стравотната несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија, во интервју за...

Македонија10 часа

Заев – Гаши: Постигната начелна согласност за можна соработка, во тек се консултации за кадровски решенија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, и претседателот на политичката партија Алтернатива, Африм Гаши, имаа работна средба...

Македонија14 часа

22 починати и 118 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје,дека во последните 24 часа: Направени се 1.245 тестирања, а...

Македонија14 часа

Филипче: Нема потреба од рестрикции поради новиот сој

Минитестерот за здравство, Венко Филипче, смета дека нема потреба од рестрикции поради појавата на новиот сој омикрон. Вели дека епидемиолошката...

Македонија14 часа

Гаши: Не е одговорно да бараме од СДСМ кој ќе биде мандатар

За нас е битно да се договориме кој е концептот, а не да ги принудуваме политичките партии на решенија, вели...

Европа16 часа

Владимир Гушчин: Постојните вакцини штитат и од сојот омикрон

Постоечките вакцини против коронавирус ќе обезбедат заштита од потешки форми на Ковид-19, како што е и новиот сој омикрон, изјави...

Македонија17 часа

Бурим Сејдини реизбран за претседател на Управен суд

На денешната седница Судскиот совет го избра судијата Бурим Сејдини за претседател на Управен суд. Во соопштението за седницата се...

Европа18 часа

Германски имунолог: Омикрон варијантата можеби потекнува од пациенти со ХИВ

Изненадувачки големиот број на мутации откриени на шилестиот протеин кај новата варијанта на коронавирусот, наречена омикрон, може да укажува дека...

Свет19 часа

СЗО со конкретно соопштение: Mожни се сериозни последици од новооткриената варијанта омикрон

Ризикот од новооткриената варијанта на коронавирусот т.н. омикрон е висок, објави Светската здравствена организација (СЗО). Во своето утринско соопштение, СЗО...

Македонија2 дена

Имаме мнозинство и очекуваме дополнително да се зголеми, рече Османи

Има мнозинство во парламентот кое очекуваме дополнително да се зголеми, изјави министерот за надворешни работи, Бујар Османи одговарајќи на новинарски...

Свет2 дена

Светската медицинска асоцијација: Можеби вакцината против Ковид ќе треба да се дава секоја година

Дополнителна доза од вакцината против коронавирусот веројатно ќе биде потребна секоја година, смета претседателот на Светската медицинска асоцијација, Франк Улрих...

Македонија2 дена

Кои се луѓето кои го следат секој мој потег, прашува Аријанит Хоџа по објавената фотографија од средбата со Муса Џафери

Министерот во оставка од Движењето Беса, Аријанит Хоџа ја искоментира фотографијата што се појави на социјалните мрежи, а на која...

Македонија2 дена

Сопственикот на „Беса Транс“: Овие тестови се од Алах

Сопственикот на автопревозникот „Беса Транс“, Беким Хаџиу, преку социјалната мрежа „Фејзбук“ се огласи во врска со автобуската несреќа во која...

Свет2 дена

ГАВИ: Омикрон видот се појави поради неправедната распределба на вакцините во светот

Меѓународната асоцијација за промоција на правична вакцинација во светот, ГАВИ, оцени дека појавата на новиот сој на коронавирусот-омикрон укажува на...

Македонија3 дена

Почна постапката за кандидирање за претседател на СДСМ, изборите на 12 декември

Централниот одбор на СДСМ на синоќешната седница донесе одлука за започнување на процесот за организирање внатрепартиски непосредни избори за претседател,...

Македонија3 дена

ДУИ смета дека оставката на Заев од премиерката позиција треба да почека

Првиот вицепремиер Артан Груби, денеска изјави дека ДУИ верува оти оставката на премиерот Зоран Заев од функцијата прв човек на...

Македонија3 дена

Двајцата пациенти од автобуската несреќа се хоспитализирани на Пластична хирургија во Скопје

Пациентка на 17 годишна возраст и пациент на 49 годишна возраст, повредени во сообраќајната несреќа што се случи на автопатот...

Македонија3 дена

Филипче предлага матичните лекари да бидат парично наградени ако 70 отсто од нивните пациенти се вакцинирани

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека во последниве неколку дена се разгледуваат мерки за невакцинираните лица кои нема да...

Македонија3 дена

Бугарското обвинителството ги презеде материјалите од Македонија за истрагата за автобуската несреќа

Македонското државното јавно обвинителство денеска ги предаде на бугарското обвинителство материјалите поврзани со истрагата и со идентификацијата на жртвите во...

Досие