Контакт

Македонија

СДСМ: Срамна е постапката на Град Скопје да им се забрани влез во автобус на лица со попреченост кои се со придружба на куче

Објавено пред

Скандалозен и дискирминирачки е вчерашниот настан каде што во автобус на ЈСП Скопје му бил забранет влез на лице со попреченост кое било придружувано од неговото сервис куче, реагира СДСМ откако вчера на Александар Велевски, лице со попреченост во инвалидска количка и кој има потреба од куче-придружник, не му било дозволено да се качи во автобусот.

dobivaj vesti na viber

Од СДСМ велат дека тоа е спротивно на Уставот, на законите и на Конвенцијата на Обединетите нации за права на лицата со хендикеп и СДСМ го осудува.

„Во изминатите четири години и на локално и на централно ниво СДСМ реализира низа мерки и политики за унапредување на статусот на лицата со попреченост. Се намали границата за лична асистенција за лицата со попреченост, со цел овие лица полесно да ги извршуваат секојдневните обврски и да бидат активно вклучени во секојдневниот живот, се изработи аудиочитач за лицата со оштетен вид, се градат инклузивни градинки, а многу објекти на институции станаа подостапни за лица со телесен инвалидитет. Од друга старана, ваквите дискриминаторски потези на ЈСП, Град Скопје и Арсовска не се во насока на унапредување на квалитетот на живот на лицата со попреченост, туку враќање чекори назад. Очекуваме одговорност за ова срамна и дискриминирачка постапка“, наведе СДСМ преку соопштение.

Вчера од Коалицијата „Менуваме“, која информираше за случајот со Велески, истакнаа дека забраната за влез во автобусот била по наредба на Град Скопје и градоначалничката. Од оваа Коалиција прашаа дали има и каква е таа одлука, како и зошто истата не е објавена. Коалицијата „Менуваме“ јавно бара објаснување од Градот Скопје и градоначалничката да се изјаснат за настанатата ситуација, а најавува дека ќе се обрати до канцелариите на ОН, ОБСЕ и на Делегацијата на ЕУ во земјава.

Од ЈСП реагираа дека нема никаква поинаква одлука од онаа донесена пред две години со која се овозможува лицата со попреченост кои имаат куче-сервис да може да го користат јавниот превоз.

„Ниту на еден граѓанин не му е ускратено правото за јавен градски превоз. Јавното сообраќајно претпријатие Скопје е јавен сервис кој обезбедува градски превоз за сите граѓани и никогаш немало дискриминација. Нема никаква поинаква одлука од онаа донесена пред две години каде се овозможува лицата со попреченост кои имаат куче-сервис да може да го користат јавниот превоз“, реагираше Јавното претпријатие.

Коалицијата „Менуваме“ укажува дека недостасува инклузивност во дел од возачите во ЈСП. Од Коалицијата прашуваат и зошто говорните автомати за лица со оштетен вид во автобусите не работат и не се во сите вградени.  Зошто во сите автобуси не работат рампите за лицата со телесна попреченост, како и зошто автобуските постојки не се прилагодени за граѓаните кои чекат автобус а камоли за лицата со попреченост.

Македонија

АМСМ: Оштетена e оградата на мостот на Вардар, на патот кај селата Орешани – Таор

Објавено пред

На патниот правец Р2131 од с.Орешани – с.Таор, на мостот на река Вардар, дел од заштитната ограда на самиот мост е оштетена поради излетано тешко моторно возило. Екипите на Ј.П. Македонијапат на самото место е поставија соодветна сообраќајна сигнализација (насочници), соопшти АМСМ.

dobivaj vesti na viber

Од таму, на учесниците во сообраќајот им препорачуваат крајно внимателно управување со возилата, прилагодување на брзината спрема условите на патот и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Превртен автомобил кај Тетово, удрил во заштитната ограда на автопатот

Објавено пред

Несреќа се случи пред влезот на Групчин, во близина на Тетово. Автомобил удрил во заштитната ограда на автопатот Тетово-Скопје, по што се превртел. Засега не е познато дали има повредени лица.

dobivaj vesti na viber

Вратата од страна на возачот беше отворена, а екипата на „Макфакс“ јавува дека на местото немало друго возило, ниту повредени лица. На терен веќе имаше полиција

Од МВР посочуваат дека веќе го проверуваат настанот. На терен немаше ниту Брза помош, додека околу возилото имаше повеќе лица меѓу кои и минувачи.

Прикажи повеќе...

Македонија

По 22 години конечно некој во државата за која се боревме, се сети дека постоиме, велат од Здружението „Бранител 2001“

Објавено пред

Здружението на воени ветерани “Бранител 2001” изразува благодарност до Градоначалникот на општина Ѓорче Петров и членовите на Советот за денешниот, како што велат, значаен чекор.

dobivaj vesti na viber

„Усвојувањето на Одлука за ослободување на членовите на семејствата на бранителите од конфликтот во 2001 година од месечна партиципација за градинка, како и од паричниот надомест кој се дава за оброк во основните училишта е чекор кои мора да го поздравиме. По 22 години конечно некој во Република Македонија, во државата за која се боревме и ја браневме да се сети дека постоиме и дека ние Бранителите сме луѓе со чест и достоинство“, велат од здружението на воени ветерани.

Апелираат да не се застанува тука и повикуваат останатите општини да го следат примерот на општина Ѓорче Петров и барем на момент да се сетат дека тие постојат и дека дале значаен придонес во градењето на ова парче земја.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ9 часа

(Видео) Пет лица повредени, двајца потешко – епилог од несреќата на автопатот Тетово-Скопје

Пет лица се повредени во несреќата кај тетовски Групчин, велат од МВР за „Макфакс“. Според информациите од терен, две лица...

Топ12 часа

(Видео) Еден загинат, повеќе повредени во тешката сообраќајна несреќа на патот Охрид-Кичево

Еден загинат и повеќе повредени лица е билансот од тешката сообраќајна несреќа што се случи кај Ботун, на патот Охрид-Кичево....

Топ12 часа

Ја удирал вонбрачната партнерка со тупаници и клоци по главата и телото, скопјанец осомничен за семејно насилство

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило продолжено...

Топ14 часа

Уапсен старец од Скопје кој допирал малолетничката во автобус

Старец од Скопје, допирал малолетничка во автобус, информира МВР. Имено, вчера во 12.45 часот на подрачје на Кисела Вода, полициски...

Македонија16 часа

Фон дер Лaјен: Уставните измени се во корист на Северна Македонија и регионот, ЕУ дава поддршка

Премиерот Димитар Ковачевски се сретна со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лaјен, во Братислава, каде што учествуваат на...

Македонија19 часа

(Видео) Адвокатот зборуваше за повредите на Пендиков, болниот се смееше зад грб на прашањата

Додека адвокатот Стефан Карамишевски зборуваше за повредите на Христијан Пендиков, болниот зад грб се смееше на новинарските прашања. Карамишевски не...

Македонија20 часа

Министерот за здравство без магичен стап: Тоа нема да се случи преку ноќ, но се стремиме да ги изградиме болниците

Министерот за здравство, Фатмир Меџити, во ново јавно појавување одново се жалеше од состојбите во секторот со кој раководи. Пред...

Македонија20 часа

Почина Драги Христов, познат како Драги Шпага

Драги Христов, кого сите го познаваа по прекарот Драги Шпага, почина на 52 години по кусо и тешко боледување. На...

Македонија20 часа

(Видео) Пендиков веќе не се плаши, пред новинарите се пожали, на сè не одговара: Не е убаво да ве пцујат

Христијан Пендиков застана пред македонските новинари, но адвокатот Стефан Карамишевски не му дозволи да одговара на прашања што не се...

Македонија20 часа

Кратка драма на судењето за Пендиков: судијата не даде одлагање, адвокатите на обвинетиот си излегоа од судницата за да го запрат судењето

Нов доказ предложен од охридското Обвинителство против обвинетиот Илија Спасевски е доставен до судот во случајот со натепувањето на Христијан...

Свет21 час

Медведев: Лондон де факто војува со Русија, британските власти се легитимна воена цел

Лондон практично води необјавена војна против Москва, што значи дека секој британски функционер може да се смета за легитимна воена...

Македонија22 часа

По потпишувањето на договорот, Груби почна да носи патики што чинат колку една македонска плата, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Артан Груби е човек без срам. Очигледно стандардот на облекување на Артан Груби порасна со потпишувањето на договорот за коридорите...

Регион22 часа

(Видео) И денеска масовно собирање граѓани во Звечан, КФОР постави бодликава жица

И утрово се собраа граѓани пред општината Звечан. Постојано се зголемува нивниот број. Исто така, голем е и бројот на...

Регион22 часа

„Не ви е местото во Советот на Европа и ЕУ“: европски политичари со предупредување до Косово

Последната ескалација на насилството покажа дека за Косово нема место во Советот на Европа и ЕУ, изјави портпаролот за надворешни...

Свет22 часа

МААЕ бара од Русија и од Украина да ја заштитат нуклеарната централа во Запорожје

Директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, побара од Украина и Русија да ги прифатат петте принципи...

Свет22 часа

Блинкен ја повика Турција веднаш да го потврди приемот на Шведска во НАТО

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ја повика Турција веднаш да го потврди приемот на Шведска во НАТО. Блинкен рече дека...

Свет23 часа

(Видео) Пожар во руска нафтена рафинерија: веројатно причина е напад со дрон

Пожар избувна на територијата на рафинеријата „Афипски“. Се запали фабриката за дестилација на мазут. Причината можеби е напад со дрон“,...

Свет1 ден

Русија подели 1,5 милиони пасоши на жителите на окупираните територии во Украина, ЕУ не ги признава

Русија подели 1,5 милиони пасоши на жителите на регионите во Украина, изјави денеска рускиот премиер Михаил Мишустин. Таа одлука е...

Македонија1 ден

Професорката Билјана Ангелова е нов ректор на УКИМ

Професорката од Економскиот институт Билјана Ангелова е нов ректор на УКИМ. Актуелната проректорка за финансии на УКИМ, Билјана Ангелова стана...

Свет1 ден

Путин жестоко се закани, бара апсење на двајца генерали

Рускиот претседател Владимир Путин се огласи за нападот со дронови врз Москва. Тој ја обвини Украина за терористичка активност и...