Контакт

Македонија

СДСМ: Усвоени законите за првосудството и за прекин на бременоста што ги кочеше Иванов

Објавено пред

Собранието повторно ги усвои законите од правосудството и Законот за прекин на бременоста кои се во интерес на државата и нејзините граѓани, јавува СДСМ преку соопштение. Владејачката партија вели дека Собранието повторно ги изгласа законите што се во интерес на државата и граѓаните, а кои биле намерно блокирани од Ѓорге Иванов.

„Станува збор за исклучително важни закони, чие донесување граѓаните го бараа и го очекуваа и кои се важен чекор и услов за нашите евроинтеграциски процеси.

Со Законот за прекинување на бременоста, се исправа долгодишна неправда кон жените и овозможува жената сама да одлучува за своето репродуктивно здравје. Со него не само што се враќа правото на жената на самостојна одлука туку и се обезбедува безбеден абортус, што не беше случај во минатото.

Усвоените закони за Судски совет, за управните спорови и за судови се дел од реформите во судството кои се нужни, откако ВМРО-ДПМНЕ буквално го сруши судскиот систем.

Освен зајакнување на правосудниот систем со овие закони се постигнува напредок во реформскиот процес, важен за евроинтегративниот процес на државата.

Овие закони се само дел од реформите што ќе следуваат во наредниот период.

Како одговорна партија оснатуваме посвестени на процесот на градење стабилна, просперитетна и економски развиена европска држава“, додава СДСМ во соопштението.

Македонија

Инспекциските служби за една недела извршиле 2.183 контроли

Објавено пред

Во периодот од 12 до 18 октомври инспекциските служби извршиле вкупно 2.183 контроли, информираше на прес-конференција претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашковска.

Таа соопшти дека инспекторите од Државниот пазарен инспекторат извршиле 1180 контроли, од кои 538 се инспекциски надзори спроведени согласно материјалните закони, а дополнително извршени биле уште 642 контроли по основ на здравствените протоколи за работа на угостителските објекти.

При контролите изречени биле 24 прекршочни пријави за нерегистрирана дејност или пречекорување на работно време и други основи. Поднесени се седум кривични пријави за угостителски објекти, од кои две кривични пријави се однесуваат за организирање свадба во Тетово и во Скопје и уште пет кривични пријави за угостителски објекти во Скопје кои не ги почитувале протоколите во смисла на дозволено растојание меѓу масите. Пазарните инспектори изрекле 52 решенија и 76 прекршочни платни налози за различни субјекти на територијата на целата држава.

Државниот инспекторат за труд, извршил 395 инспекциски надзори кај работодавачи, пришто биле изречени се 23 решенија за работодавачи поради недостатоци во однос на начин на исплата на плата, работното време и безбедност и здравјето при работа на вработените.

АХВ спровело вкупно 355 надзори во повеќе градови низ државата во маркети, угостителски објекти, месарници, производствени објекти и зелени пазари при што најчесто констатирани недостатоци се неизвршени здравствени прегледи на персоналот, неводење записи за добра хигиенска пракса, неспроведување општи хигиенски мерки, нерегистрирани објекти и небезбеден производ пуштен во продажба поради што се донесени пет решенија и еден прекршочен платен налог.

Државниот инспекторат за транспорт изрекол две кривични пријави за непочитување на протоколот за вршење на меѓународен превоз на патници, а Агенцијата за лекови и медицински помагала извршила вкупно 55 надзори врз 55 аптеки, но не биле констатирани прекршувања на законските одредби и отстапувања од протоколите.

Филиповска-Грашковска најави дека Инспекциските служби ќе продолжат да функционираат со полн капацитет за заштита на населението од ширење на вирусот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Филипче: Мерките мора да се донесат во најкраток можен рок

Објавено пред

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека обидот на ВМРО-ДПМНЕ за блокада на измените на Законот за заштита на населението од заразни болести е смислен и тенденциозен обид за дневнополитички поени кој директно го загрозува здравјето на населението.

Тој е дециден дека барањето за формирање нова Комисија од страна на ВМРО-ДПМНЕ, која ќе ја избира Собранието, е само начин да се прикаже наводна грижа и конструктивност и истото е целосно неиздржано.

Најостро реагирам на повторниот обид на ВМРО-ДПМНЕ за блокада на измените на Законот за заштита на населението од…

Posted by Венко Филипче on Wednesday, October 21, 2020

„Во Комисијата за заразни болести членуваат врвни професионалци, експерти во својата област. Од почетокот на кризата сите одлуки, препораки и мерки на Комисијата за заразни болести се носат врз издржани епидемиолошки анализи и единство во интерес на заштитата на здравјето на граѓаните. Уште еднаш повикувам на разум и одговорност, јавното здравје е над партиските интереси. Вирусот не чека, мерките мора да се донесат во најкраток можен рок“, порача тој.

Според министерот, од почетокот на  ковид-кризата во земјата опозицијата делува неконструктивно, со опструкции и критики кон сите кои даваат максимални напори во справување со вирусот во земјата.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Костадинов: Нема потреба од формирање нова комисија за справување со коронавирусот

Објавено пред

Барањето на ВМРО-ДПМНЕ за формирање специјална комисија која ќе се справува со коронавирусот е уште едно во низата деструктивни дејствувања на опозициската партија, обвини Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ.

„Наместо носење на измените на Законот за заштита на населението од заразни болести, кои се важни за поголема заштита од коронавирусот, ВМРО-ДПМНЕ и губитникот Христијан Мицкоски прават се за да го кочат процесот. Тоа е опасно по јавното здравје и спротивно на интересите на граѓаните и здравствените работници. Комисијата за заразни болести е составена од стручни, докажани професионалци во здравството и нема никаква потреба од формирање нова, паралелна комисија“, изјави Костадинов.

Според него, тоа нема да придонесе во поефикасна борба со коронавирусот, туку само дополнително ќе го усложни целиот процес.

„Сите, а особено опозицијата треба да се насочат кон заштита на здравјето на граѓаните, а не кон политички игри. Здравјето на граѓаните е најважно. Како народни претставници имаме обврска да работиме во интерес на граѓаните и заштита на јавното здравје. Да бидеме одговорни и да ги донесеме измените на Законот за заштита на населението од заразни болести“, рече портпаролот на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет50 минути

(Видео) Силен земјотрес го прекина интервјуто на премиерката на Исланд

Силен земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала, за кратко го прекина интервјуто со премиерката на Исланд, Кетрин...

Македонија1 час

Филипче: Мерките мора да се донесат во најкраток можен рок

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека обидот на ВМРО-ДПМНЕ за блокада на измените на Законот за заштита на населението...

Македонија2 часа

Владата ги осуди изјавите на Каракачанов: Тие се недолични и недостојни

Владата ги осуди изјавите на бугарскиот министер за одбрана, Красимир Каракачанов, дека би можел да испрати инженерски полк за демонтирање споменици во...

Македонија3 часа

Царовска: Екскурзии годинава нема да се организираат, учениците можат на прошетка до пет километри

Екскурзии оваа година нема да се организираат, испратени се упатства од Бирото за развој на образование, истакна министерката за образование...

Македонија3 часа

Шеќеринска: И ние и Бугарија сме членки на НАТО, ова не е начин на кој треба да комуницираме

Помина времето кога министри за одбрана од нашиот регион можеа да даваат такви изјави, а некој да ги смета за...

Регион4 часа

Нов рекорд во Хрватска – 1.424 нови случаи и 11 починати

Рекордни 1.424 нови случаи на коронавирус се пријавени во последните 24 часаво Хрватска, а 11 лица починале, објави Националниот штаб...

Свет5 часа

Австралија пријави случај на повторна инфекција со коронавирус

Австралиските власти пријавија редок случај на Ковид-19 во Мелбурн, Викторија, станува збор за лице кое било позитивно тестирано во јули....

Македонија5 часа

Македонија, Албанија и Црна Гора добиваат респираторни машини од НАТО

До крајот на овој или следниот месец, НАТО ќе достави респираторни машини во нашата земја со цел да помогне во...

Свет6 часа

Приведени уште седум лица за убиството на францускиот професор

Уште седум луѓе, вклучително и двајца малолетници, ноќеска биле предадени на судијата во рамки на истрагата за минатонеделното убиство на...

Македонија6 часа

Од денеска кафулињата и рестораните ќе работат до 23 часот

Од денеска угостителските објекти ќе работат со скратено работно време. Владата на вчерашната 13. седница ги разгледа и прифати препораките...

Свет7 часа

(Видео) Трамп напушти интервју зашто новинарката не носела маска

Американскиот претседател Доналд Трамп нагло го прекина интервјуто за емисијата „60 минути“ на „Си-би-ес њуз“ и не се врати на...

Свет7 часа

Коронавирусот ќе остане меѓу човечката популација како грип

Еден од најважните британски научници, Патрик Валанс, изјави дека коронавирусот веројатно ќе стане трајно заболување како грипот, доколку вакцината против...

Македонија7 часа

Администрацијата ќе работи од дома или со ротации

Владата ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести целата државна и јавна администрација, општините и судовите, согласно принципот на...

Регион18 часа

Рама: Мора да избегнеме затворање на земјата поради Ковид-19 по секоја цена

Во Албанија има 301 случај на новозаболени од коронавирус, а четворица пациенти починаа, соопштија здравствените власти на таа земја. Во...

Свет19 часа

Папата Франциско првпат носеше маска на молитва за мир во светот

Папата Франциско првпат носеше маска за време на вршењето на својата јавна функција кога денес присуствуваше на молитва за мир...

Македонија20 часа

Заев го прифати барањето за разрешување на Димова

Премиерот Зоран Заев ја информира Владата дека го прифатил барањето на заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и...

Македонија21 час

Угостителските објекти ќе работат до 23 часот

Владата, на денешната 13. седница, ги разгледа и прифати препораките на Комисијата за заразни болести да се ограничи работно време...

Македонија22 часа

408 нови случаи на Ковид-19 во земјата, починаа 4 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2140 тестирања, а регистрирани се 408 нови случаи на...

Македонија23 часа

Филипче: Мерките за заштита од Kовид-19 мора итно да се донесат

Министерот за здравство, Венко Филипче, изјави дека мерките за заштита од Kовид-19, кои се во Собранието, мора итно да се...

Македонија1 ден

Собранието не расправаше за новите мерки, опозицијата побара дополнително време за да ги разгледа

На барање на опозицијата, во Собранието денеска не се расправаше за измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението...

Досие