Контакт

Македонија

СДСМ: Чулев беше директор на Агенцијата за разузнавање за време на настаните во Диво Насеље

Објавено пред

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за министер за внатрешни работи во преодната Влада, Наќе Чулев, беше директор на Агенцијата за разузнавање во време кога се случија настаните во Диво Насеље, велат од СДСМ и додаваат дека тоа би можело да доведе до негативни импликации во јавноста, но и кај вработените во МВР.

Сепак, како што нагласува владејачката партија, со предлогот на ВМРО-ДПМНЕ не се крши Уставот, не станува збор за воено или униформирано лице и не е под обвинение.

„Со тоа се исполнети условите и предлогот може да оди на гласање во Собранието заедно со целата преодна Влада која треба да ги спроведе изборите на 12 април“, констатира СДСМ.

СДСМ во продолжение изразува жалење што во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се променило.

„Мицкоски, и преку овој избор за негова номинација, се обидува да ја враќа земјата назад во деновите на сериозни внатрешни конфронтации. Тоа нема да дозволиме да се случи, граѓаните можат да бидат спокојни. СДСМ со сиот свој капацитет ќе ја обезбеди внатрешната стабилност и демократскиот амбиент пред и за време на изборите на 12 април. Ова покажува дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се променило, тоа е истата партија на Никола Груевски, истата началничка и режимска политика, а тоа граѓаните ќе го казнат на 12 април“, додава СДСМ преку соопштение.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Земјотрес со јачина од 4.5 степени почувствуван во земјава

Објавено пред

Земјотрес со јачина од 4.5 степени вечерва беше почувствуван во земјава и во регионот. Епицентарот, како што јавуваат медиумите од регионот,  е во Албанија, а во 21.17 часот тресењето на тлото било почувствувано и од делови на земјава, како и во Црна Гора со јачина од 4.6 степени според Рихтеровата скала.

Епицентарот на земјотресот со јачина од 5.0 степени според Рихтер е на 34 километри од Тирана, Албанија.

Два помали земјотреси попладнево се регистирани повторно во Турција, каде најмалку 21 лице досега го загуби животот, а над 1.000 се повредени во земјотресот кој вчера ја погоди источна Турција.Најмалку 30 лица останаа затрупани под урнатините на зградите по синоќешниот земјотрес.

Прикажи повеќе...

Македонија

Годинава ќе почне изградбата на поликлиника во општина Бутел

Објавено пред

На денешната седница Владата го разгледа и прифати барањето за итна изградба на поликлиника во општина Бутел врз основа на позитивното мислење на Министерството за здравство, со оглед дека во планираната фискална 2020 година за оваа намена се предвидени средства во буџетот на Република Северна Македонија.

Како дел од оваа точка Владата донесе заклучок да ѝ препорача на Општина Бутел да го донесе детаљниот урбанистички план, а потоа врз основа на издаден извод од план за градежна парцела, на која се планира изградбата на поликлиниката во Бутел, да се утврдат и дефинираат програмските барања за изработка на основен проект за изградба на поликлиниката.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Јовески: Потребно ни е силно, професионално и одговорно обвинителство

Објавено пред

Државниот јавниот обвинител, Љубомир Јовески, смета дека треба да има силно, професионално и одговорно обвинителство, да не се задоволуваат дневнополитички потреби и интереси со резултат на пазарење.

„Затоа ни е неопходен закон за ЈО, кој ќе обезбеди услови, основи за силно професионално и неселективно и одговорно обвинителство. Решенијата во законот не треба да задоволуваат нечии дневнополитички потреби и интереси, ниту да бидат резултат на пазарење, туку да го усогласат домашното законодавство со законодавството на ЕУ и на подобар начин да ја постават внатрешната организација на ЈО, пред сè, поради зголемување на ефикасноста во постапувањето при изборот и унапредувањето на јавните обвинители и нивната одговорност“, рече Јовески на јавната дебата во Собранието за последната верзија на законот за Јавното обвинителство.

Тој смета дека предложените решенија во работниот текст на законот за Јавното обвинителство ја зацврстуваат самостојноста на јавните обвинители во постапувањето по конкретни предмети, а додека принципот на хиерархија се однесува на надзорот над законитото и навремено извршување на јавнообвинителската функција.

„Критериуми за оценка на јавните обвинители се стручност и квалитет на одлуките, ажурност и ефикасност, непристрасност и совесност, углед и етичност достојни за функцијата, соработка и однос кон странките и другите вработени во Обвинителството, способност и спремност за стручно усовршување и стекнување нови знаења и организаторски способности. Само врз основа на овие критериуми ќе се гради кариерата на обвинителите и ќе се стави крај на влегувањето во Обвинителството во повисоки степени без неопходното искуство“, рече тој.

Јовески смета дека законот многу прецизно ги дава новите основи за дисциплинска и материјална одговорност на јавните обвинители. Според него, добро е што во законските решенија е изграден став по предметите од организиран криминал и корупција да постапува ОЈО за гонење организиран криминал и корупција наместо како што имаше идеи за формирање две обвинителства, вели тој, додавајќи дека така нема да има прекплопување на надлежностите.

Јовески вели дека обвинителите од поранешното СЈО во законот немаат посебен третман ниту, пак, се обвинители во Обвинителството за гонење организиран криминал, туку остануваат во обвинителствата каде што беа вработени пред изборот за специјални обвинители.
Имајќи предвид дека тие работеле на одредени сложени предмети, законот пропишува дека ќе продолжат да работат на овие предмети до нивно завршување. „Ваквото решение е основано заради ефикасност на кривичниот проблем, со што сторителите на кривични дела ќе бидат изведени пред судот“, смета Јовески.

Тој додава дека јавниот обвинител не треба да се избира по предлог на политичките партии, туку дека тоа треба да биде во надлежност на Советот на јавните обвинители. Значајна е и финансиската самостојност и исто така важно е што средствата за работа на ЈО се обезбедуваат во висина од најмалку 0,4 отсто од буџетот на државата, што е ново за разлика од сегашното финансирање на Обвинителството.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија25 минути

Земјотрес со јачина од 4.5 степени почувствуван во земјава

Земјотрес со јачина од 4.5 степени вечерва беше почувствуван во земјава и во регионот. Епицентарот, како што јавуваат медиумите од...

Македонија2 часа

(Видео) Јовески: Потребно ни е силно, професионално и одговорно обвинителство

Државниот јавниот обвинител, Љубомир Јовески, смета дека треба да има силно, професионално и одговорно обвинителство, да не се задоволуваат дневнополитички...

Македонија3 часа

Владата бара од инспекторите да извршат увид на градбите во Охрид и Струга

Владата на денешната седница го задолжи Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам да изврши надзор над изградбата на градби од...

Македонија4 часа

Жбогар: Да продолжат реформите, законот за Јавното обвинителство да се донесе пред да се распушти Собранието

Евроамбасадорот Самуел Жбогар порача дека земјава треба да продолжи со реформите во клучните области и дека новиот закон за Јавното...

Спорт4 часа

За 24 часа милион ипол луѓе се потпишаа Коби да е на новото лого на НБА

Повеќе од 1.5 милиони луѓе за помалку од 24 часа се потпишаа на он-лајн петицијата силуетата на Коби Брајант да...

Македонија5 часа

„Анима мунди“: Ужас на скопските улици, се превезува распнат коњ

Здружението за заштита на животните „Анима мунди“ објави вознемирувачка фотографија на распнат коњ како со камион го превезуваат на скопските...

Македонија6 часа

Откриени креаторите на „Јавна соба“, МВР ќе ги достави доказите до Обвинителството

Министерство за внатрешни работи, сектор за компјутерски криминал и дигитална форензика, во координација со СВР Скопје изврши идентификација на сопственикот...

Македонија7 часа

Вештак во судењето за Ласкарци: Човечкиот фактор пресуден за несреќата

Првата реакција и обидот за сопирање кај возачот настанала во првата секунда, кога ја кренал ногата за гас и ја...

Македонија9 часа

(Видео) Чулев: Спасовски последниот ден делел решенија и во 12 навечер

Само во последните две години МВР потрошило над 4 милиони евра за судски постапки од вработени кои тужеле главно за...

Македонија9 часа

Филипче: Состојбата е под контрола, нема причина за паника за коронавирус во нашата држава

Состојбата е целосно под контрола, во овој момент нема ниту една причина за некаков ризик или паника за коронавирус во...

Македонија11 час

Рустеми: Јанева бараше да се утврди штетата во „Поштенска банка“ и да се затвори истрагата

Обвинителот Бурим Рустеми од поранешното СЈО сведочеше денеска пред судот за случајот „Рекет“ каде обвинети се Бојан Јовановски и ексшефицата...

Топ11 час

Се судрија автобус и автомобил на автопатот Куманово-Табановце, дваесетина луѓе повредени

Дваесет и едно лице се тешко повредени во сообраќајна несреќа што синоќа се случила на автопатот Куманово-Граничен премин Табановце, помеѓу...

Култура11 час

Тимот на „Медена земја“ на настан пред „оскарите“ во друштво со големите холивудски ѕвезди

Тимот на „Медена земја“ беше дел од настан во театарот „Долби“ во Холивуд организиран од американската Академија за филмски уметности и...

Свет12 часа

Откриено што се случувало во хеликоптерот на Брајант во последните моменти пред несреќата

Кошаркарската легенда Коби Брајант загина во хеликоптерска несреќа во неделата наутро по локално време откако леталото во кое беше ѕвездата...

Свет13 часа

Трамп денеска ќе го објави мировниот план за Блискиот Исток

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека денеска ќе го претстави мировниот план за Блискиот Исток, кој претходно го најави како...

Свет14 часа

Во Германија потврден прв случај на коронавирусот

Во Германија е потврден прв случај на смртоносниот коронавирус, кој се појави во Кина и се прошири и во други...

Свет14 часа

Бројот на жртви од коронавирусот во Кина надмина 100

Бројката на починати од коронавирусот во Кина надмина 100. Според најновите податоци, се работи за 106 смртни случаи, а во...

Македонија1 ден

(Видео) Поранешни вработени во ОХИС: Во фабриката има остатоци од опасна жива

Поранешни вработени во фабриката ОХИС тврдат дека во кругот на фабриката има опасна жива како остаток од работењето на некогашниот...

Топ1 ден

Тело на 60-годишна жена извлечено од водите на Вардар

Телото на 60-годишна жена било извлечено од реката Вардар во Скопје. „Вчера, во СВР Скопје било пријавено дека во водите...

Македонија1 ден

Град Скопје објави итни мерки и препораки поради загадувањето

Бесплатен јавен превоз, запирање на градежните работи и поскапен паркинг се дел од итните мерки од надлежност на Град Скопје,...

Досие