Контакт

Македонија

СДСМ: Ќе формираме Влада што ќе испорача резултати

Објавено пред

Следува формирање Влада предводена од СДСМ која ќе испорача резултати согласно волјата на граѓаните, велат Социјадемократите преку соопштение.

„СДСМ е подготвен да работи уште повеќе и уште подобро и го испорача резултатот што го очекуваат граѓаните.

Поддршката на предвремените парламентарни избори од граѓаните е ветер во грбот и јасен сигнал за продолжување на патот што го трасиравме. Парите да завршуваат кај граѓаните, да има правда, да бидеме дел од европското семејство.

Со победа на СДСМ и коалицијата, граѓаните недвосмислено потврдија дека сакаат државата да продолжи напред. Нема повеќе враќање назад, нема повеќе режим, неизвесност и несигурност.

Граѓаните сакаат да живеат во економски напредна држава со европски вредности дома, држава во која законите се еднакви за сите и држава горда членка на НАТО и рамо до рамо еднаква со најмоќните земји во светот.

Следува формирање Влада предводена од СДСМ која ќе испорача резултати согласно волјата на граѓаните“, се наведува во соопштението на СДСМ.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Возачите на камиони ќе влегуваат во Грција без да приложат негативен тест

Објавено пред

За влез во Република Грција не e потребен негативен ПЦР тест само за возачи на товарни моторни возила, известува Министерството за внатрешни работи.

Грција вчера воведе нов протокол за влез во земјата од граничниот премин „Евзони“, кој стартува на 17 август.

Во согласност со протоколот, до крајот на овој месец, на граничниот премин Евзони, во периодот од 6 до 22 часот по македонско време, влез во Грција ќе може да остварат само грчки државјани, државјани на трети земји што имаат регулиран престој во Грција, дипломатски персонал и членови на нивните семејства, лица што патуваат од медицински и деловни причини, а кои претходно биле најавени и добиле одобрување за патување, како и возачи на товарни возила.

Прикажи повеќе...

Македонија

Aлијанса и Алтернатива: Сѐ уште не сме во преговори со Заев

Објавено пред

Коалицијата Алијанса за Албанците – Алтернатива на прес-конференција рекоа дека засега немале средби со СДСМ и лидерот Заев околку евентуалното коалицрање. Се одржале неколку неформални, како што велат пријателски средби, но тука немало никави договори и преговори за влез во Владата.

Повторија дека ќе чакаат ДУИ да ги завршат преговорите, па кога ќе добијат покана за средба тие ќе настапат.

„Иако сме легитимни победници на изборите на 15 јули во албанскиот политички камп, ние нема да влеземе во преговори, се додека ДУИ не го исполнува предизборното ветување за премиер да биде Насер Зибери. Дури, како што сме кажале, ако во Собранието на Република Северна Македонија доаѓа предлог Насер Зибери да биде премиер, ние со нашите 12 пратеници ќе гласаме за истиот. Но, ако ДУИ не успее да го реализира ова ветување, за што има легалитет, таа партија нема право да биде дел од идната влада и нејзиното место е во опозиција. Или Насер Зибери премиер или одете во опзиција “, рече Скендер Зејд Реџетпи од Алтернатива, во името на коалцијата.

Како што велат од оваа колација, ДУИ треба да си остане на зборот и премиерот Албанец да има мандат од 4 години како што ветиле на изборите, а не ротирачки модел со учество од една или две години, затоа што според нив тоа е манипулација со гласачкото тело.

На прашањето дали и тие ќе бараат премиер Албанец, велат дека тоа прашање не било дел од нивната платформа.

„Доколку добиеме покана за преговори, ние ќе ги изнесеме нашите барања, а тие се содржани во нашата предизборна платформа. Ние со нашата програма која сакаме да биде дел од програмата на идната влада, бараме подобар живот и оставарување на уставните права на Албанците. Барањето за премиер Албанец беше прелог на ДУИ, кои впрочем немаа програма туку единстевно тоа го понудија“, рече Реџепи.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Србија воведе задолжителен ПЦР-тест за македонските граѓани

Објавено пред

Странците што доаѓаат во Србија од одредени земји ќе мора да имаат негативен ПЦР-тест не постар од 48 часа, одлучи кризниот штаб. Одлуката важи за Северна Македонија, Хрватска, Бугарија и за Романија, изјави за РТС епидемиологот Дарија Кисиќ-Тепавчевиќ.

Исто така, решено е да се стопираат ограничувањата што важеа за граѓаните на Црна Гора. Сите мерки стапуваат во сила од утре.

ПЦР-тест не е потребен за српските државјани што доаѓаат од земјите во соседството.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Aлијанса и Алтернатива: Сѐ уште не сме во преговори со Заев

Коалицијата Алијанса за Албанците – Алтернатива на прес-конференција рекоа дека засега немале средби со СДСМ и лидерот Заев околку евентуалното коалицрање....

Македонија3 часа

Србија воведе задолжителен ПЦР-тест за македонските граѓани

Странците што доаѓаат во Србија од одредени земји ќе мора да имаат негативен ПЦР-тест не постар од 48 часа, одлучи...

Топ4 часа

Воз удри во „ситроен“ во Тетово, две лица се повредени

Две лица се тешко повредени кога воз удрил во „ситроен“ пред влезот на железничката станица во Тетово. Како што информира...

Топ5 часа

Убиство во Инџиково – му барале пари, па го застрелале пред сопругата

Четириесет и деветгодишен жител на скопското село Инџиково синоќа бил убиен во својот дом. Според информациите на полицијата, зад убиството...

Македонија5 часа

Апасиев најавува предлог-мерки за реформа на банкарскиот сектор, ќе бара и канцеларија во Собранието

Пратеникот од Левицата, Димитар Апасиев, најави дека партијата набгру ќе предложи мерки за реформа на банкарскиот сектор по случувањата со...

Македонија6 часа

Црна Гора ги отвора границите за македонските граѓани

Директорот на Институтот за јавно здравје, Бобан Мугоша, изјави дека Црна Гора од утре ќе ги отвори своите граници за...

Топ6 часа

Уапсен тетовец, кој запалил две возила на ЕВН

Пожарникарите во Тетово во текот на ноќта интервенирале на две запалени возила, сопственост на компанијата „ЕВН Македонија“, на две одвоени...

Свет7 часа

Германка заразена со Ковид-19 ќе плати глоба од 10 илјади евра бидејќи го напуштила карантинот

Судот во Австрија казни жена со 10.800 евра бидејќи го напуштила карантинот додека била заразена со коронавирус. Регионалниот суд во...

Свет7 часа

СЗО: Руската вакцина не е меѓу деветте кои се во напредна фаза на тестирање

Светската здравствена организација соопшти дека вакцината одобрена од Русија оваа недела не е меѓу деветте, за кои се смета дека...

Свет10 часа

Поради поплаките на Трамп, се менува стандардот за тушевите

Кога американскиот претседател, Доналд Трамп, повеќепати се пожали дека не му се допаѓа начинот на кој работат тушевите, американските власти...

Свет18 часа

(Видео) Маж спасен во последната секунда, му се заглавила инвалидската количка во пругата додека доаѓал воз

Камера од опремата на полицајка во Калифорнија сними неверојатно спасување во последен миг на лице со попреченост, чијашто инвалидска количка...

Свет19 часа

Израел и Обединетите Арапски Емирати постигнаа историски договор со посредство на Трамп

Претседателот на САД, Доналд Трамп соопшти дека телефонски разговарал со лидерите на Израел и Обединетите Арапски Емирати и дека е постигнат...

Европа20 часа

Белгија воведува пилот програма за брзо тестирање на Ковид-19 во домашни услови

Илјадници студенти од белгискиот Универзитет во Лијеж од септември секоја недела дома ќе собираат примерок од плунката за брз тест...

Македонија21 час

Пендаровски: Заев ќе го врати мандатот ако не обезбеди мнозинство

Зоран Заев го добил мандатот поради тоа што истекуваат уставните рокови, сепак, ако не успее да формира Влада, мандатот ќе...

Македонија22 часа

Заев и Ахмети по средбата: Постојат добри основи за напредок

Попладнево заврши работната средба меѓу СДСМ и коалицијата “Можеме” и ДУИ на која учествуваа претседателите Зоран Заев и Али Ахмети...

Македонија22 часа

ВМРО-ДПМНЕ ги замрзнува односите со Пендаровски

ВМРО-ДПМНЕ донесе заклучок дека од овој момент ги замрзнува односите и комуникацијата со претседателот Стево Пендаровски и ќе ги преиспита...

Топ23 часа

Женско тело извадено од водите на Пчиња

Безживотно женско тело било забележано во водите на реката Пчиња. Како што информираат од полицијата, телото било пронајдено вчера под...

Македонија23 часа

Американската амбасадорка му го честита мандатот на Заев

Американската амбасадорка, Кејт Мари Брнз, му го честита мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев за состав на нова влада....

Економија1 ден

Пропаѓањето на Еуростандард банка го блокира платниот промет во „Македонска пошта“

Поради пропаѓањето на Еуростандард банка, платниот промет во „Македонска пошта“ е блокиран, соопшти генералниот директор Ејуп Рустеми. Тоа значи дека...

Македонија1 ден

141 нов случај на Kовид-19 во земјата, починале 2 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.848 тестирања, а регистрирани се 141 нов случај на...

Досие