Македонија
СДС од ден на ден тоне во своите лаги, антикорупциска потврди дека синот на претседателот Мицкоски патувал законски во САД, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека државната комисија за спречување корупција пресече и докажа дека СДС води ниска и бедна кампања.
„Вистината која ја докажа ДКСК не може да ги надохнади нервозите и стресовите кои СДС ги нанесе и тоа, ни помалку ни повеќе, на дете.
СДС ниту ќе се засрамат, ниту ќе се извинат, затоа што тие ништо друго не знаат освен лаги и навреди.
Народот јасно им кажа не и тие никако да се освестат, туку и понатаму тонат.
И покрај нивните лаги и навреди, државните институции докажаа дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски постапува согласно начелата на чесност и транспарентност“, посочуваат од партијата на власт.
Додаваат дека како што за ова излезе вистината на виделина, тоа ќе се случи и за многу друг случаи поврзани со СДС.
СДС, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ, ќе види што е владеење на право и правда, што значи да се применува начелото на транспарентност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба на министерот Тошковски со државниот секретар за внатрешни работи при Владата на Обединетото Кралство, Симон Ридли
На средбата беше истакната досегашната соработка помеѓу двете страни во борбата против сите видови криминал, посебно против илегалната миграција и транснационалниот организиран криминал, а посебен акцент беше ставен на капацитетите и заедничкиот одговор против криминалот кој не познава граници.
На средбата министерот и државниот секретар потпишаа изјава за соработка на двете министерства во борбата против организираниот криминал, со која се потврдува важноста на билатералните односи и заедничкиот интерес за блиска соработка во борбата против сериозен организиран криминал, со цел заштита на граѓаните на двете земји.
Двете страни ги анализираа и очекувањата и предвидувањата за тековите на илегалната миграција во блиска иднина со нагласок дека граничната безбедност треба да биде заеднички приоритет.
Македонија
Паднaa Фејсбук, Инстаграм, Whatsapp
Попладнево паднаа сите мрежи на компанијата Мета.
Се работи за социјалните мрежи Facebook, Messenger, Instagram, Threads, како и Whatsapp.
Корисниците на мрежите од целиот свет јавуваат проблеми.
За корисниците на Инстаграм, најтешко погодените области низ Соединетите Држави во моментов се Чикаго и Њујорк, според топлинската мапа на жалби и извештаи поднесени од корисниците, составена од страната.
Повеќе од 82.000 корисници на Фејсбук исто така се жалат на прекини, при што се пријавени проблеми низ поголемиот дел од источниот и пацифичкиот брег.
Македонија
Град Скопје до Трајко Славески: Од твоето елеметарно непознавање на законите, трајна штета им правиш на градоначалниците од редовите на ВМРО ДПМНЕ
Од одделението за односи со јавност на Град Скопје до јавноста е доставена реакција на изјавата на претстедателот на Советот на Град Сопје, Трајко Славески во однос на роковите за поднесување на предлогот за градскиот буџет во наредната 2025 година.
„Кулминација на незнаењето на Трајко Славески. Господине Трајко, сакајќи кај твојот шеф Мицкоски да се оправдаш за штетата која ја правиш од твоето елеметарно непознавање на законите кои го тангираат градот и општините, не само себеси што се ставаш во незгодна ситуација, туку и трајна штета им правиш на градоначалниците од редовите на ВМРО ДПМНЕ, кои иако имаат буџетски календар изгласан од Совет, немаат предлог буџет доставено, а рокот им бил до вчера.
Ќе побараш ли од нив одговорност Трајко?
Или да почекаме што стратегија ќе направите да се извадите и од овие глупости во кои сами се вовлековте од незнаење, со единствена цел да наштетите некому а преку тоа на цел град, за ситни политички поени“, се вели во реакцијата на одделението за односи со јавност на Град Скопје.
Но претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески смета дека за псевдонимот „Град Скопје“ се „крие“ градоначалничката Данела Арсовска и за тоа реагира со објава на мрежата Х, во која наведува дека тоа е „кулминација на манипулациите и ароганцијата на Арсовска“.