Контакт

Македонија

Северна Македонија го поздравува планот на Трамп за решавање на израелско-палестинскиот конфликт

Објавено пред

Северна Македонија ги поздравува екстензивните напори на САД под лидерство на претседателот Доналд Трамп рефлектирани во неговиот план за решавање на израелско-палестинскиот конфликт, соопштија од Владата.

„Статус кво не е одржливо; изразуваме надеж дека преку преговори ќе може да се дојде до долгопосакуваното решение за две држави базирано на визијата за мир на Блискиот Исток. Ги повикуваме лидерите на Израелците и на Палестинците да го искористат овој момент и да демонстрираат јасна посветеност за постигнување решение по пат на преговори за овој долготраен конфликт“, се наведува во соопштението.

Од Владата велат дека Северна Македонија се залага за постигнување траен мир и стабилност на Блискиот Исток, одржливо и фер решение на конфликтот, кое ги почитува легитимните интереси на двете страни и кое ги зема предвид релевантните резолуции на Обединетите нации.

Македонија

Делови од улицата Благоја Стефковски во Маџари ќе бидат затворени до понеделник

Објавено пред

Град Скопје известува дека поради градежни активности за реконструкција на улица Благоја Стефковски  од денеска до 21 часот во понеделник на 02 номври, на оваа улица ќе биде воведен времен сообраќаен режим.

„За да може да се реализира проектот во најкраток можен рок, а и да се искористат престојните денови од викендот, затворена за сообраќај ќе биде улицата Благоја Стефковски на потегот веднаш по железничката рампа и пруга Скопје – Белград (гледано од правец Трубарево – Центар на Скопје), со што ќе се остави можност за премин од Трубарево кон Хотел Белви каде ќе се насочи целиот сообраќај по автопатот кон бул. Александар Македонски во Автокоманда. По истата рута ќе се движат и сите градски автобуси коишто сообраќаат кон Катланово и обратно“, соопшти Град Скопје.

Во другата насока улица Благоја Стефковски ќе се затвори кај крстосницата со ул. Дончо Штипјанчето во непосредна близина на црквата св. Спас во Маџари.

„Апелираме до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот, како и да ја искористат околната улична мрежа за да стигнат до посакуваните дестинации“, се наведува во соопштението.

Прикажи повеќе...

Македонија

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Скандал е што наместо оставка, Шилегов го награди Караџовски

Објавено пред

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на град Скопје реагира за доделената награда „13 Ноември“ на епидемиологот Жарко Караџовски. Тие велат дека е скандал што наместо оставка за над 900 мртви, Шилегов и власта на Караџовски му дале награда.

„Вистински скандал е што наместо оставка на Жарко Караџовски за над 900 починати лица поради КОВИД пандемијата, градот Скопје, Петре Шилегов и власта на Заев му дадоа награда 1’3 Ноември’. Тоа претставува деградирање и омаловажување на самата награда. Заслугите на Жарко Караџовски се тоа што во земјава дневно се заразуваат над 800 лица, Градот Скопје е главен корона кластер и сме држава со убедливо најголем процент на починати лица по глава на жител во регионот“, се наведува во соопштението.

Дополнително, велат од ВМРО-ДПМНЕ, во составот на комисијата која одлучува за наградата „13 Ноември“ е и советникот на Зоран Заев Љубиша Станковиќ, што, според советниците од ВМРО-ДПМНЕ, значи советникот на Заев му доделил награда на сатрапот на македонското здравство Караџовски, а Шилегов тоа го одобрил.

„Секаде во светот фрштат оставки поради лошото справување со кризата само кај нас делат награди. Петре Шилегов со ова ја деградира наградата ’13 Ноември’“, велат советниците од ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.

Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје се доделува на физички и правни лица како знак на признание на Градот Скопје за остварувања во стопанството, науката, уметноста, културата, воспитанието и образованието, здравствената и социјалната заштита, спортот и физичка култура, техничката култура, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, како и во други сегменти на животот, трудот и творештвото, што претставуваат посебен придонес за развојот на градот Скопје и за неговиот севкупен напредок и афирмација во Република Северна Македонија и во светот.

Наградата се доделува со тајно гласање кое оваа година го спроведе Комисијата што ја именува Одборот, во следниот состав: претседател Вангелина Мојаноска и членови: Лорета Георгиевска-Јаковлева, Газанфер Бајрам, Севдаиљ Демири, Халил Зендели, Бранко Цветкоски, Виолета Томовска, Петре Арсовски, Роландо Кутиров, Љубиша Станковиќ и Даница Стојанова.

Наградата од областа на здравствената заштита ја доби епидемиологот Жарко Караџовски за заслуги во здравството и тимот на доктори кои ја извршија првата трансплантација на срце во Македонија.

Прикажи повеќе...

Македонија

МОН: Започнаа подготовките за пробното ПИСА тестирање во 2021

Објавено пред

Со онлајн обуки на наставниците и директорите од средните училишта на ниво на држава, Министерството за образование и наука ги започна подготовките за престојното пробно тестирање за ПИСА .

Министерката за образование и наука Мила Царовска им посака успешна обука на наставниците и директорите, посочувајќи дека тие се најважната алка во постигнувањето на добрите резултати на тестирањата.

„За резултатите од тестирањата да станат наша национална гордост е потребна огромна посветеност и работа од сите нас. Затоа наставниците и начинот на којшто тие ќе го пренесат знаењето на децата ни се клучни во овој процес и во резултатите коишто ќе ги постигнеме идната година. Подобрувањето на квалитетот и зголемувањето на ефикасноста на образованието според современите светски образовни стандарди, се клучни цели на нашата образовна политика. За таа цел ја организираме и оваа обука којашто треба да ни ги подобри резултатите на престојните тестирања “, рече Царовска.

ПИСА (Programe for International Student Assessment) е меѓународна студија која ги проценува способностите, знаењата и вештините на учениците во примена на она што го научиле во училиште во ситуации од животот на крајот на задолжителното образование на возраст од 15 години воглавно во три подрачја: оспособеност за читање со разбирање – и критички пристап во читањето на пишани материјали, математичка писменост – читање, интерпретирање и решавање на даден проблем со организирање и толкување на дадени информации и избирање на метод за решавање, и писменост во природните науки – препознавање на научни прашања, користење на научни знаења, идентификување на содржината во научните истражувања и поврзување на научните податоци со докази и заклучоци.

ПИСА е циклична континуирана програма која дава увид во образовните политики и практики и помага во следењето на трендовите во стекнување на знаења и вештини кај учениците на иста возраст во различни земји и различни демографски подгрупи во секоја држава.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија15 минути

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Скандал е што наместо оставка, Шилегов го награди Караџовски

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на град Скопје реагира за доделената награда „13 Ноември“ на епидемиологот Жарко Караџовски. Тие велат дека...

Европа33 минути

Научник од Оксфорд: Вакцината е подготвена, создава имунолошки одговор и може да се започне со вакцинација

Хрватскиот научник Кристијан Рамадан, професор по молекуларна медицина од Оксфорд, откри дека во првата и втората фаза се покажало дека...

Регион60 минути

Во Хрватска 2.772 новозаразени со коронавирус, 20 починати

Во Хрватска се евидентирани 2.772 нови случаи на зараза со коронавирус, така што бројот на активни случаи во Хрватска е...

Македонија2 часа

Мицкоски предлага здравствените работници еднаш месечно бесплатно да се тестираат

Во време на ковид-пандемија, во насока да ги заштитиме тие што се грижат за нашето здравје и спасуваат животи, предлагам...

Актуелно2 часа

Почина актерот Данчо Чевревски

На 69 години синоќа во Скопје почина Данчо Чевревски, македонски театарски и филмски актер и продуцент. Чевревски е роден на...

Европа2 часа

Дарманин: Франција е во војна против исламистите

Францускиот министер за внатрешни работи, Жерар Дарманин, вели дека е можно повеќе напади да се случат на територијата на Франција...

Европа3 часа

ЕУ обезбеди 220 милиони евра за прекуграничен превоз на заболени од корона

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, во четвртокот објави 220 милиони евра помош за прекуграничен транспорт на луѓе...

Европа3 часа

(Видео) Огромен метеж во Париз, луѓето повторно празнеа полици пред новото затворање

Десетици илјади парижани синоќа предизвикаа масовен сообраќаен метеж во обид да ја напуштат француската престолнина пред почетокот на новото затворање...

Свет15 часа

Автомобил удри во група луѓе во Германија – загина дете, а има и тешко повредени

Дванаесетгодишно момче загина, а тројца се тешко повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи доцна попладнево во Германија, пренесуваат...

Македонија16 часа

Во Скопје 390 новозаболени и петмина починати, најмладата жртва има 35 години

Во Скопје во изминатите 24 часа се регистрирани 390 нови случаи на Ковид-19 и петмина починати. Меѓу починатите најмладата жртва...

Македонија17 часа

Нови 862 заразени и 14 починати од Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.699 тестирања, а регистрирани се 862 нови случаи на...

Свет19 часа

(Видео) Макрон се обрати на нацијата – нема да се откажеме од нашите вредности

Франција повторно беше цел на терористички напад, порача францускиот претседател, Емануел Макрон, во Ница, каде што утрово беа убиени тројца...

Македонија20 часа

Кривична за Лидија Димова, се товари дека злоупотребила милиони од европски фондови

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе кривични пријави против директорката на...

Македонија21 час

(Видео) За Заев е неприфатливо тоа дека македонскиот јазик извира од бугарскиот

Премиерот Зоран Заев изјави дека не се прифатливи некои од сигналите што доаѓаат од Бугарија. „Не е прифатливо“, изречно рече...

Македонија21 час

Пендаровски: До овој момент не се размислува за полициски час каков што имавме

Претседателот Стево Пендаровски, по денешната седница на Советот на безбедност, изјави дека во овој момент не се размислува за полициски...

Македонија23 часа

Спасовски пренесен на Инфективната клиника во Скопје

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, вчеравечер е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести во Скопје. Согласно протоколите, тој со...

Економија1 ден

АЕК ќе спроведува физибилити-студија за влијанието на 5Г-мрежата врз здравјето на луѓето

Агенцијата за електронски комуникации набргу ќе распише меѓународен тендер за избор на компанија што ќе изработи физибилити-студија за влијанието на...

Македонија1 ден

Задолжителна самоизолација од закажувањето тестирање на Ковид-19, казните се 50 евра

Со новите законски измени самоизолацијата е задолжителна при тестирање на Ковид-19 од закажување на тестот или самото тестирање, па сè...

Свет1 ден

Во нападот во Ница убиени три лица, една жена е обезглавена

Во нападот што се случи во Ница, за кој се сомнева дека е терористички, убиени се три лица со нож,...

Македонија1 ден

МОН најави реформа на учебниците по честите реакции за грешки и стереотипи во нив

Министерството за образование и наука формира работна група која развива концепт за целосна и суштинска промена на учебниците за основно...

Досие