Контакт

Култура

Северна Македонија ќе биде дел од програмата на „Креативна Европа 2021 – 2027“

Објавено пред

Амбасадорката при Мисијата на Република Северна Македонија при Европската Унија, Агнеза Руси, и комесарката за иновации, истражување, култура, образование и млади на ЕУ, Марија Габриел, го потпишаа договорот меѓу Република Северна Македонија и Европската Унија за учество на Северна Македонија во „Креативна Европа 2021 – 2027“.

Со потпишувањето на договорот нашата држава стана полноправна учесничка во новата програма на Унијата наменета за културниот, креативниот и за аудиовизуелниот сектор.

Програмата е усвоена на 28 мај 2021 година од страна на Европскиот парламент и Советот на Европската Унија. „Креативна Европа 2021 – 2027“ се состои од три дела/потпрограми: култура, медија и меѓусекторски дел.

Програмата ја препознава културната разновидност како главен приоритет преку кој треба да се одговори на предизивиците со кои се соочуваат културниот, креативниот и аудиовизуелниот сектор денес. Приоритети на програмата се: заштита, развој и унапредување на културната и јазичната разноводност и наследство, како и засилување на конкурентноста и на економскиот потенцијал на културните и креативните сектори и на аудиовизуелниот сектор. Програмата стреми кон усогласување на овие приоритети со подемот на дигиталните, инклузивните и на еколошките политики на Европската Унија во смисла на обезбедување нивна одржливост.

Буџетот на Европската Унија обезбеден за оваа програма изнесува 2,44 милијарди евра за периодот од 2021 до 2027 година. Финансирањето на Европската Унија во рамките на разните акции на програмата се движи од 80 до 40 %, што е потврда за високото учество на неповратни средства и високиот износ на максимални средства за одобрени проекти. Програмата нуди можност за разни видови поддршка на релевантните сектори и опфаќа многубројни целни групи како потенцијални учесници во проектите (културни и креативни сектори, аудиовизуелен сектор, образовни институции, граѓански здруженија, општини и локални институции, приватни организации и др.). Импактот што се остварува со резултатите од имплементираните проекти претставува значајна поддршка во развојот на културниот, креативниот и на аудиовизуелниот сектор на национално ниво. Креативна Европа овозможува максимална транспарентност и видливост на проектите и нивниот импакт.

Програмата на национално ниво се спроведува преку канцеларијата на „Креативна Европа“ при Министерството за култура (потпрограма култура) и Агенцијата за филм (потпрограма медија). Канцеларијата функционира како советодавно и информативно тело за спроведување на програмата.

Култура

Одбележан 27 Јануари – Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот

Објавено пред

„Во тешки времиња како што се овие: идеалите, соништата и негуваните надежи се издигнуваат во нас само за да бидат уништени од мрачната реалност. Навистина е чудо што не ги отфрлив сите мои идеали бидејќи изгледаат толку апсурдни и невозможни да се спроведат. Сепак, ги чувам, бидејќи и покрај сè, верувам дека луѓето се навистина добри во срцето“ – напиша брилијантното девојче Ана Франк. Невиноста, храброста и надежта испишани во Дневникот ни предизвикуваат морници, но, и децении подоцна, се и наша утеха – истакна денеска министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, на комеморативното одбележување на 27 Јануари – Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот, што се одржа во Меморијалниот центар на холокаустот – Скопје.

Костадиновска-Стојчевска потсети дека секоја година го одбележуваме 11 март, денот кога кога 7 144 македонски евреи беа депортирани од окупаторските фашистички сили со возовите на смртта.

„ Северна Македонија ги помни жртвите на холокаустот и ги чува сеќавањата и во овој, исклучително важен, меморијален центар“ – рече Костадиновска-Стојчевска. Министерката за култура потсети дека Министерството за култура учествува во заедничкиот проект „Образование за холокаустот и меѓукултурното разбирање во Југоисточна Европа: обновување на ексјугословенскиот павилјон во Аушвиц“, координиран од Регионалното биро на УНЕСКО за наука и култура во Венеција. Проектот е, всушност, обновување на изложбениот простор на Блок 17 во Аушвиц и креирање заедничка постојана изложба за холокаустот.

Домаќин на денешното комеморативно одбележување беше заменик-министерката за надворешни работи Фатмире Исаки, a пред присутните се одбратија и: министерот за дијаспора на Државата Израел, Нахман Шаи; претседателката на Собранието на Еврејската заедница во земјава, Радојка Хелман-Денковска; амбасадорот на Грција во својство на земја претседавач со ИХРА, Русос Кондурос; заменик-шефот на Мисијата во Амбасадата на САД, Ерик Мејер; и координаторката на Европската комисија за борба против антисемитизмот и унапредување на еврејскиот живот, Катарина фон Шнурбеин. Беше организирана и панел-дискусија на тема „РС Македонија – 35-та членка на Меѓународната алијанса за сеќавање на холокаустот (ИХРА): активности и мерки во борбата против искривоколчувањето на холокаустот и антисемитизмот и улогата на ИХРА во овие области“.

Прикажи повеќе...

Книги

Почина писателот Радован П. Цветковски

Објавено пред

Вчера, на деведесет и двегодишна возраст, по кратко боледување, почина писателот Радован П. Цветковски, поет, раскажувач, литературен критичар, есеист, писател за деца и млади и фолклорист. Роден е на 3.09.1931 година во Сопотница, Демир Хисар.

Беше член на Друштвото на писатели на Македонија, Македонското научно друштво Битола, Друштвото на фолклористи на Македонија и на Управниот одбор на списанието ,,Современост“.

Делата на Цветковски се застапени во повеќе антологии.

Добитник е на неколку значајни награди и признанија, меѓу кои и на „Книжевен жезол“ на ДПМ за 2019 година.

Ги објавил следните дела:

Поезија: „Моето поднебје“, „Кругови од лузни“, „Камен и небо“, „Бели несоници“, „Дедо ми во балканските војни“, „Кога ѕвездите кон небо паѓаа“, „Јазли на душата“, „Корени од прагот“, „Даги“, „Прекршено време“, „Сонето пратчувство“ и „Навите“.

Поетски избори: Врати во пејсажот, „Аманети“, „Распетие наше“

Проза: „Ангелот и клучот“, „Блиску до умот“.

Проза за деца и млади: „Смокот пештерски“, „Рашко“, „Приказни од лозје“.

Критики истудии: „Видувања“, „Отаде и одавде времето“.

Фолклористички дела: „Македонски народни пословици““, „Сказанија демирхисарски“, „Демирхисарски и други сказанија“.

Дела од областа на дијалектологијата и лексикографијата: „Студија за демирхисарскиот говор“, „ Речник на демирхисарскиот говор“.

Погребот ќе биде извршен денес во 12 часот на Битолските градски гробишта.

Прикажи повеќе...

Култура

„Врба“ на Манчевски го отвора Филмскиот фестивал во Кјото, Јапонија

Објавено пред

Филмот „Врба“ на најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски на 22 јануари ќе го отвори 13. меѓународeн Филмски фестивал „Историка“ во Кјото, Јапонија. Манчевски ќе биде виртуелен гостин на фестивалот и по проекцијата на филмот ќe учествува онлајн во дискусијата со публиката.

Јапонскиот фестивал „Историка“ е уникатен во светот поради тоа што во фокусот има филмови со историска тематика. Мотото на фестивалот е „Поврзување со иднината преку историски филмови“, a седиштетото е во филмските компании „Тоеи“ и „Шошику“, прославени по самурајските филмови. Фестивалот секоја година прикажува нови историски филмови од целиот свет, а како што вели директорот Кен Такахаши, годинава избрал да го отвори со „величествениот филм ‘Врба’“.

Речиси две и пол години по светската премиера во октомври 2019 на Римскиот фестивал, „Врба“ продолжува со интензивен фестивалски живот. Досега освои вкупно тринаесет трофеи, меѓу кои и за најдобра режија на „Реинденс“ во Лондон, најдобар филм на „Синеквест“ во Калифорнија, „Сребрена палма“ во Валенсија…

Минатиот месец „Врба“ освои вкупно 7 трофеи – три награди и четири почесни признанија, а имаше и грчка и француска премиера на Маратонскиот филмски фестивал во Атина и на „Европа околу Европа“ (L’Europe Autour de l’Europe) во Париз. Филмот беше прогласен за најдобар филм на Маратонскиот филмски фестивал во Атина, a aктерката Наталија Теодосиева беше наградена за најдобра споредна женска улога. Во Атина доби и уште четири почесни признанија – за Милчо Манчевски како најдобар режисер, за најдобра споредна улога на актерката Сара Климоска, за најдобар кинематографер Тамаш Добош и за најдобар филм во избор на публиката. Теодосиева беше добитничка и на наградата за најдобра главна женска улога во „Врба“ на фестивалот на независен филм „Околу глобусот“ (Across the Globe Film Festival) во Њујорк.

„Врба“ собори рекорди во кино и ТВ-прикажувањето дома, забележа извонредни критики во светските медиуми („суптилен и длабок“ – „Варајати“), се прикажа на четириесетина фестивали на четири континенти, беше вброен и во потесниот избор за наградите на Европската филмска академија и е еден од малкуте европски филмови со редовна дистрибуција во САД.

Најновиот, седми филм на Манчевски, „Кајмак“, кој се снимаше лани во Скопје и околината, е во постпродукција и се очекува годинава да има премиера. Продуцентската куќа „Банана филм“ го најавува „Кајмак“ како безобразна комедија и безмилосна критика на лицемерството и малограѓанштината, црна комедија (или среќна трагедија) за две семејства, кои се пристојни на почетокот, а среќни на крајот.

„Кајмак“ е европска копродукција во која 54 проценти од буџетот го финансираат филмските фондови на Данска, Холандија, Хрватска и европскиот фонд „Еуримаж“, а 46 проценти се од Македонија – од Агенцијата за филм и Македонската радио-телевизија (МРТ), која е копродуцент. Во меѓународната екипа беа вклучени филмски работници од Македонија, Англија, Италија, Данска, Холандија, Србија, Бугарија и од Хрватска. Копродуценти се Мета Луиз Фолдагер, Мете Борч, Елс Вандеворст, Изабел Депевег и Синиша Јуричиќ. Продуцент е Јане Ќортошев, извршен продуцент е Ијан Прајор директор на фотографија Улрик Боел Бенцен, дизајнер Дејвид Манс, дизајнер на шминка Марио Микисанти, музика „Дениш стринг квартет“, монтажа Емил Нунинга, а костимограф Жаклина Крстевска. Во главните улоги се Камка Тоциновски, Сара Климоска, Александар Микиќ, Симона Спировска, Ана Стојановска и Филип Трајковиќ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија34 минути

Терористичка организација со закани по живот за јавниот обвинител Јовески

Државниот јавен обвинител извести дека во текот на вчерашниот ден, преку препорачана пратка експедирана од Пошта Битола на 17.1.2022 година...

Европа1 час

Данска ги укинува сите ограничувања, короната е исклучена од категоријата на критични болести

Данските власти донесоа одлука за исклучување на Ковид-19 од категоријата на критични болести, а од 1 февруари ќе бидат укинати...

Европа2 часа

Војник застрелал петмина стражари во фабрика за оружје во Украина

Војник на украинската национална гарда од засега непознати причини пукал во припадници на обезбедувањето во воена фабрика во Днепар, при...

Македонија15 часа

Наставата продолжува со физичко присуство на 1 февруари

Владата донесе одлука наставата во основното и средното образование на учениците да продолжи со физичко присуство на 1 февруари. Оваа...

Македонија15 часа

Се намалува периодот на карантин на седум дена

Владата на денешната седница донесе одлука за намалување на периодот на изолација за лицата кај кои лабораториски е утврдено присуство...

Македонија18 часа

Нови 2.019 случаи на коронавирус, починаа 19 лица

Во последните 24 часа направени се 6.119 теста, а регистрирани се 2.019 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 968, Битола...

Македонија18 часа

ЦУК апелира до граѓаните да не се движат под опасната карпа на Матка, се преземаат активности за превенција

Центарот за управување со кризи апелира до граѓаните да не се движат на местото под опасната карпа на Матка, поточно...

Топ19 часа

(Видео) Разбиена криминална група, запленетa марихуана вредна 50.000 евра

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал денеска донело наредба за истрага против три лица за кои постои сомнение дека...

Македонија20 часа

Преку снимки од надзорните камери околу мостот Гоце Делчев ќе се расветлуваат причините за несреќата

Обвинител од скопското основно јавно обвинителство извршил увид и презема дејствија за утврдување на фактите за настаната тешка сообраќајна несреќа...

Топ22 часа

Пешак прегазен пред мостот Гоце Делчев

Тешка сообраќајна несреќа се случила денеска, нешто по 11 часот, во центарот на Скопје. Пешак бил прегазен во близина на...

Македонија22 часа

Мицевски: Бараме укинување на Пржинската влада

Дополнување на дневниот ред, со точка за предлог-закон за изменување на Законот за Владата на Република Македонија по скратена постапка,...

Топ22 часа

Фатална сообраќајка во Лисиче – загина возач, а тешко повредена е неговата 15-годишна ќерка

Дежурен обвинител од скопското Основно јавно обвинителство извршил увид на местото на тешка сообраќајна несреќа што се случила синоќа околу...

Македонија23 часа

Лекарската комора бара промени на казнената регулатива на Фондот

Лекарската комора остро реагира на наплатата на изречените казни за матичните лекари од страна на Фондот за здравствено осигурување. Оттаму...

Свет1 ден

Италијанските болници одбиваат да лекуваат невакцинирани пациенти, новинари снимиле со скриена камера

Италијанските болници одбиваат да ги лекуваат и оперираат невакцинираните и оние кои не биле заразени. Откако минатата недела во емисијата...

Македонија1 ден

Загадениот воздух предизвикува над 30.000 предвремени смртни случаи во Западен Балкан

Загадувањето на воздухот во Западен Балкан предизвикува голем број предвремени смртни случаи, а последиците вклучуваат пократок животен век и влошување...

Свет1 ден

Русија почна големи поморски вежби во Арктикот

Руски воени бродови денеска влегоа во Баренцовото Море за да вежбаат заштита на главната рута на бродскиот сообраќај на Арктикот,...

Свет1 ден

Холандија ги олабавува мерките и покрај силниот бран на инфекции – кафулињата и рестораните ќе работат до 22 часот

Холандија од денеска отвора ресторани, театри, музеи и кина и покрај силниот бран на инфекции со варијантата омикрон на коронавирусот,...

Свет1 ден

СЗО: Бројот на заразени со Ковид-19 во светот надмина 350 милиони

Вкупниот број на потврдени случаи со Ковид-19 ширум светот надмина 350 милиони, додека бројот на починати надмина 5,6 милиони, соопшти...

Регион2 дена

Возачот е виновен за автобуската несреќа на „Струма“, заклучи бугарското Обвинителство

Бугарското Обвинителство ја заврши истрагата за автобуската несреќа на автопатот „Струма“, во која загинаа 45 македонски државјани. Заменик-главниот обвинител Борислав...

Регион2 дена

Милановиќ: Хрватски војници нема да одат во Украина

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, денеска изјави дека ако дојде до ескалација, Хрватска ќе ги повлече сите свои војници од...

Досие